НБРМ
Гувернерката Ангеловска-Бежоска и амбасадорката Улман потпишаа Меморандум за соработка за јакнење на макроекономското проектирање

Зајакнувањето на капацитетите и унапредувањето на алатките за макроекономска анализа и проектирање во Народната банка ќе се остварува преку соработка и размена на искуства со експертски тим на Државниот секретаријат за економски прашања (СЕЦО).
Гувернерката на Народната банка, Анита Ангеловска-Бежоска и амбасадорката на Швајцарија во земјава, Вероник Улман, од името на СЕЦО, денеска потпишаа Меморандум за соработка, со кој се предвидуваат повеќе активности во областа на проектирањето и координацијата на макроекономската политика, преку спроведување на Проектот за макроекономско проектирање и управување. Амбасадорката Улман искажа поддршка за продлабочувањето на соработката со централната банка и истакна дека Народната банка е и ќе биде пример за кредибилна и независна институција во земјава.
Гувернерката на Народната банка истакна дека јакнењето на аналитичките капацитети на централната банка е од клучно значење, бидејќи кредибилните макроекономски анализи и проекции се основа за носење соодветни економски политики. Ангеловска-Бежоска ја посочи важноста на овој проект, особено во контекст на тековната криза и во услови на висока неизвесност, кога квалитетните макроекономски проекции играат значајна улога во следните активности на економските чинители. Ова е исклучително важно кај монетарната политика, каде што формирањето на очекувањата е суштинско за идните движења. Таа истакна дека централната банка ќе продолжи со постојано надградување и јакнење на аналитичките способности.
Потпишувањето на Меморандумот се одржа во Министерството за финансии, во присуство на министерот за финансии, Фатмир Бесими кој исто така потпиша Меморандум.
НБРМ
Ангеловска-Бежоска: Ги преземаме сите мерки за осигурување на среднорочната ценовна стабилност

„Како централна банка постојано работиме на обезбедување среднорочна ценовна стабилност. Тековното затегнување на монетарната политика има за цел да придонесе за намалување на инфлациските очекувања и стабилизирање на инфлацијата. Како резултат на постепеното намалување на цените на примарните производи, но и на мерките преземени досега, од ноември се забележува постепено забавување на инфлацијата, во услови на задржана стабилност на девизниот курс и на финансискиот сектор”, рече гувернерката на Народната банка, Анита Ангеловска-Бежоска, говорејќи на панел-дискусијата под наслов „Фискални, монетарни и даночни политики во време на криза“, во рамките на годишната владина конференција, насловена „Година на нови можности“. (more…)
НБРМ
Стандард и Пурс: Денарот е стабилен, банкарскиот сектор соодветно капитализиран

Денарот останува стабилен, а во следниот период не се очекуваат притисоци врз девизните резерви. Здравоста на банкарскиот систем е зачувана, при што капитализираноста е соодветна и стабилна, додека нефункционалните кредити остануваат на ниско ниво. Ова се наведува во извештајот на агенцијата за кредитен рејтинг „Стандард и Пурс“, во кој се потврдува кредитниот рејтинг на земјава ББ- со стабилен изглед. (more…)
НБРМ
Гувернерката Ангеловска-Бежоска за „Дојче веле“: Стабилизирањето на увозните цени и мерките коишто се преземаат треба да ја забават инфлацијата годинава

Стабилизирање на цените на примарните производи, натамошното намалување на застојот во снабдувањето, но и на затегнатите меѓународни финансиски услови коишто ќе ја намалуваат побарувачката би требало да придонесат за стабилизирање на стапките на инфлација годинава. Во интервју за „Дојче веле“, гувернерката на Народната банка, Анита Ангеловска-Бежоска, вели дека намалувањето на притисокот од увозните цени, особено на енергентите и на храната, ќе биде најважно за домашната инфлација. Исто така, мерките коишто ги презема Народната банка треба да придонесат за стабилизирање на инфлациските очекувања, како значаен фактор којшто влијае врз инфлацијата, а ќе делуваат и кај еден дел од инфлацискиот индекс, оној којшто е почувствителен на промените во побарувачката. (more…)
- Банкипред 4 weeks
Оглас за вработување во НЛБ Банка АД Скопје
- Депозитипред 4 weeks
Халкбанк АД Скопје ги зголеми каматните стапки за физички лица на сите депозитни производи
- Банкипред 2 weeks
Оглас за вработување во ТТК Банка АД Скопје
- Банкипред 2 weeks
Оглас за вработување во УНИБанка АД Скопје
- Интервјуапред 1 week
Очекувања 2023 година | МИЛКА ТОДОРОВА, УНИБанка АД СКОПЈЕ
- Банкипред 2 weeks
Оглас за вработување во Стопанска банка АД – Скопје
- Домашни банкипред 3 weeks
Комерцијална банка воведе услуга за електронска идентификација на клиенти без посета на шалтер
- Банкипред 2 months
Оглас за вработување во УНИБанка АД Скопје