Connect with us

НБРМ

Гувернерката Ангеловска-Бежоска: Инфлацијата е зголемена, но во умерени рамки и нема потреба од инстантни мерки и реакции

Објавено

на

Инфлацијата останува во контролирани рамки, изјави денеска гувернерката Анита Ангеловска-Бежоска објавувајќи ги најновите макроекономски проекции на Народната банка. Сепак за годинава, Народната банка ја ревидираше прогнозата за стапката на инфлација и од од првично проектираните 2,2 проценти сега очекувањата се повисока стапка на инфлација од 3,1 проценти.

„Засега не се очекуваат поизразени шокови, се очекува инфлацијата да остане во умерени рамки и нема потреба од инстантни реакции и мерки на Народната банка. Следната година инфлацијата ќе се стабилизира и проектираме стапка на инфлација во 2022 година од 2,4 проценти, а потоа постепено на околу 2 отсто на среден рок. Истовремено, не се очекуваат позначителни пренесени ефекти од моменталниот раст на цените, со оглед на оцените за умерено закрепнување на побарувачката. Под влијанието на пролонгираното траење на пандемијата, на меѓународните пазари и понатаму постои голема променливост на цените на примарните производи, а со тоа и неизвесност околу движењето на увозните цени, како на краток, така и на подолг рок”, изјави гувернерката Ангеловска-Бежоска.

На прашањето за енергетската криза и згомемувањето на цените гувернерката вели дека се очекува стабилизирање на пазарот веќе од следната година.

„Се разбира доколку има пролонгирани ефекти ќе се одразат на повеќе сегменти. Затоа, како што споменав, правиме умерена нагорна корекција и на трговскиот дефицит, а причината е токму порастот на светските цени на храната и енергијата, привремен застој кај синџирите за снабдување којшто го забавува извозот и на постепеното закрепнување на домашната побарувачка”, рече гувернерката.

Соопшти дека дефицитот на тековната сметка, како и во преткризниот период, ќе биде во целост финансиран од приливите во финансиската сметка, што ќе овозможи натамошен раст на девизните резерви на среден рок. Во моментов девизните резерви изнесуваат 3,6 милијарди евра.

Инаку Народната банка предвидува раст на БДП годинава од 3,9 проценти и постепено да достигне стапка од 4 отсто, на среден рок. Во целиот период на проекциите, се очекува дека растот и натаму ќе произлегува од домашната побарувачка, додека нето-извозот ќе има негативен придонес кон растот во периодот на проекции.

НБРМ

Потпишан меморандум за соработка помеѓу НБ и МАПАС − поголема ефикасност во одржувањето на финансиската стабилност

Објавено

на

Со зајакнувањето на соработката помеѓу Народната банка и Агенцијата за супервизија на капитално финансирано пензиско осигурување (МАПАС) се придонесува кон поголема ефикасност на регулаторите во анализата и оценувањето на финансиската стабилност. Ова беше истакнато на денешната средба помеѓу гувернерката на Народната банка, Анита Ангеловска-Бежоска и претседателот на Советот на експерти на МАПАС, Максуд Али, при потпишувањето на Меморандумот за соработка помеѓу двете институции. (more…)

Продолжи со читање

НБРМ

Ангеловска-Бежоска на Форумот на „Еуромани“: Глобализацијата, дигитализацијата и другите структурни промени во економиите ќе влијаат на новата постпандемична улога на централните банки

Објавено

на

На панел-дискусијата на „Еуромани“ на која учествуваа гувернери од регионот на Централна и Југоисточна Европа, гувернерката на Народната банка, Анита Ангеловска-Бежоска истакна дека во изминатата декада значително се зголемени одговорноста и задачите на централните банки, а пандемијата веројатно ќе предизвика и натамошни промени. (more…)

Продолжи со читање

НБРМ

НБ со повик до младите истражувачи: Пријавувањето на научните трудови за Годишната награда на Народната банка е до 1 февруари

Објавено

на

Уште половина месец до затворањето на Конкурсот за Годишната награда за 2022 година за најдобар труд од областа на макроекономијата и банкарството. Ги потсетуваме младите истражувачи дека краен рок за доставување на трудовите е 1 февруари 2022 година. (more…)

Продолжи со читање

Популарно