НБРМ
Гувернерката Ангеловска-Бежоска за „Дојче веле“: Стабилизирањето на увозните цени и мерките коишто се преземаат треба да ја забават инфлацијата годинава

Стабилизирање на цените на примарните производи, натамошното намалување на застојот во снабдувањето, но и на затегнатите меѓународни финансиски услови коишто ќе ја намалуваат побарувачката би требало да придонесат за стабилизирање на стапките на инфлација годинава. Во интервју за „Дојче веле“, гувернерката на Народната банка, Анита Ангеловска-Бежоска, вели дека намалувањето на притисокот од увозните цени, особено на енергентите и на храната, ќе биде најважно за домашната инфлација. Исто така, мерките коишто ги презема Народната банка треба да придонесат за стабилизирање на инфлациските очекувања, како значаен фактор којшто влијае врз инфлацијата, а ќе делуваат и кај еден дел од инфлацискиот индекс, оној којшто е почувствителен на промените во побарувачката.
Со оглед на проекциите на меѓународните финансиски институции за стабилизација на цените на примарните производи на светските берзи и очекувањата за водење претпазливи макроекономски политики, се проектира забавување на инфлацијата со што оваа година таа би се свела на 8 до 9%, а на среден рок, инфлацијата и натаму ќе се намалува, сведувајќи се на нивото од 2,4% и 2% во 2024 и 2025 година, посочува Ангеловска-Бежоска и додава дека очекувањата се во согласност со проекциите на меѓународните институции за намалување на глобалната и на домашната инфлацијата годинава.
Во однос на мерките коишто се преземаат од страна на Народната банка, гувернерката истакнува дека централната банка уште кон крајот на 2021 година започнала со преземање повеќе мерки со оглед на присутните ценовни притисоци, но и притисоците на девизниот пазар, при монетарна стратегија на одржување стабилен курс на денарот.
„Општо е познато дека инфлацијата го намалува реалниот расположлив доход на домаќинствата, особено на оние со пониски примања, ја зголемува неизвесноста и со тоа неповолно делува и на потрошувачките и на инвестициските одлуки, односно на условите за раст. Оттаму, централните банки ширум светот се посветени на одржување на ценовната стабилност, на среден рок. Начинот и интензитетот на реакциите на централните банки зависат од природата на инфлацијата, односно од придонесот на одделните фактори коишто влијаат врз неа, од монетарната стратегија и од инструментите со кои располагаат“, вели Ангеловска-Бежоска.
Ризиците за овие проекции, особено во поглед на идните движења на цените на енергијата и храната, и натаму се значително изразени, поради неизвесноста во однос на времетраењето на војната во Украина, како и поради можните натамошни неповолни ефекти од пандемијата којашто сѐ уште трае, со што неизвесноста околу проекциите на инфлацијата и натаму е висока, се посочува во интервјуто.
НБРМ
Клубот на истражувачите на Народната банка ќе ја одржи 46. сесија

Во Народната банка денеска ќе се одржи 46. сесија на Клубот на истражувачите. (more…)
НБРМ
Вицегувернерот Бајрами: Еврото има длабоко влијание и надвор од границите на ЕУ

„Сѐ поголемата меѓународна улога на еврото, вклучувајќи го и неговиот голем придонес за поголема трговска и финансиска интеграција, се чувствува во еврозоната и Eвропската Унија, но и надвор од границите на ЕУ“, пишува вицегувернерот Фадил Бајрами во својот осврт за значењето на европската единствена валута во магазинот „Дипломатски летопис“. (more…)
- Анализипред 3 weeks
8 МАРТ АНАЛИЗА: Колку се застапени жените во Управните одбори на банките во Македонија?
- Анализипред 2 months
ТЕШКА ГОДИНА – РЕКОРДНИ ПРОФИТИ: Трите најголеми македонски банки со добивка од 117 милиони евра во 2022 година
- Банкипред 3 weeks
Оглас за вработување во НЛБ Банка АД Скопје
- Банкипред 3 weeks
Оглас за вработување во УНИБанка АД Скопје
- Банкипред 2 weeks
Оглас за вработување во Комерцијална банка АД Скопје
- Банкипред 2 weeks
Оглас за вработување во Шпаркасе Банка АД Скопје
- Банкипред 4 weeks
Оглас за вработување во Комерцијална банка
- Домашни банкипред 2 months
Одличното справување со NPL на Халкбанк и донесе профит од 12 милиони евра во 2022 година