Connect with us

НБРМ

Гувернерката Ангеловска-Бежоска за Еуростандард банка: По исцрпување на сите можности, дозволата за работа на „Еуростандард банка“ беше одземена заради констатирана несолвентност

Објавено

на

Во текот на денешниот ден беше одржана надзорната расправа на тема „Утврдување на причините и извршувањето на законите во постапката за доведување до стечај на Еуростандард банка АД Скопје“.

На расправата беа поканети бројни политичари, министри, банкари, како и сопственикот на Еуростандард банка, директорот на Управата за финансиска полиција, јавниот обвинител, стечајниот управник и претставник на Здружението на оштетени физички и правни лица „Правда за штедачи’’- Скопје.

На расправата во својство на сведок беше поканета и гувернерката на Народната банка, Анита Ангеловска-Бежоска која прва се обрати пред присутните.

Во продолжение во целост ви го пренесуваме краткиот исказ на гувернерката на Народната банка на Надзорната расправа во Собранието на РСМ.

„Почитуван претседател на Собранието, претседател и членови на Комисијата за финансирање и буџет на Собранието, почитувани пратеници, дами и господа,

На почетокот дозволете ми да се заблагодарам за поканата за учество на оваа Надзорна расправа.  

Одземањето на дозвола за работа на банка е една од најтешките одлуки за секоја централна банка.  Пред да се посегне кон ваква одлука се вложуваат максимални напори за изнаоѓање на поповолно решение. Но, од друга страна, централните банки не смеат да дозволат банка да работи спротивно на законските прописи доведувајки ја во прашање стабилноста на  финансиски систем.

По исцрпување на сите можности,  дозволата за работа на „Еуростандард банка“ беше одземена заради констатирана несолвентност.

Поради преземање на повисоко ниво на ризик во работењето, Банката во подолг период беше под засилен супериворски надзор. Постојано изрекувавме супервизорски мерки и го засилувавме интензитетот на супервизорскиот режим. За илустрација: во последните 8 години,  изрековме околу 70 дополнителни супервизорски мерки, од кои околу 40 само во последниве 2 години.  Со дел од мерките баравме уплата на дополнителен капитал, поаѓајќи од правилото дека поголемиот ризик, бара и поголем капитал за покривање на евентуални загуби.

Банката и сопствениците покажуваа одредена респонзивност на изречените мерки, но за жал не доволна. Со вонтеренското следење, на почетокот на минатата  година, супевизорските тимови утврдија повисок износ на неприкажани резервации, што резултираше  Банката за првпат да се соочи со поткапитализираност, но не ниво на поткапитализираност кое би било основ за одземање на дозволата. Изрековме мерка План за подобрување на состојбата со кој Банката и нејзините сопственици се обврзаа на:

–  признавање на загуби на товар на капиталот или т.н. „чистење“ на кредитното портфолио и уште побитно

–  паралелна докапитализација заради достигнување и одржување на потребниот капитал.

Веднаш направивме и теренска контрола, со која утврдивме потреба од поголеми резервации и капитал. Во ноември минатата година сопствениците уплатија 10 мил. евра со што ги исполнија минималните законски барања. Доколку не се случеше таа уплата на капитал, Народната банка уште тогаш ќе ја одземеше дозволата за работа.

Сопствениците се обврзаа дека ќе продолжат со дополнителни уплати на капитал и во 2020 година. Активностите за „чистење“ на портфолиото продолжија, но исполнувањето на обврската за уплатата на потребниот капитал за првата половина од оваа година, целосно изостана.

Во втората половина на јуни, сопствениците, приложувајќи документ, писмено нѐ известија дека имаат потенцијален  инвеститор, и побараа да му дадеме време за  да направи длабинска анализа врз основа на која би ја донел одлуката за инвестирање. По интензивна, документирана комуникација, на почетокот на август, потенцијалниот инвеститор нѐ извести дека не е подготвен да го обезбеди вкупниот потребен капитал во потребната временска рамка. Притоа, тој исто така не ја достави  потребната документација за да може  да се оцени дали  ги исполнува законските барања за акционер.

Во вакви околности, Народната банка, немаше друг избор освен да ја одземе дозволата.” , заклучи гувернерката Ангеловска-Бежоска.

НБРМ

Амбасадорот Силвестри: Важно е одржување на независноста на централната банка, како темелна институција за одржување на макроекономската и финансиската стабилност

Објавено

на

На 15 јануари, гувернерката на Народната банка, Анита Ангеловска-Бежоска, оствари средба со италијанскиот амбасадор, Андреа Силвестри, кој минатиот ноември стапи на должност во нашата земја. (more…)

Продолжи со читање

НБРМ

Гувернерката на „Еуромани“: Високото ниво на девизни резерви овозможи Народната банка да делува навремено и смело како одговор на пандемијата

Објавено

на

„Високото ниво на девизните резерви акумулирани во периодот пред пандемијата ѝ овозможи на Народната банка да реагира навремено и смело преку намалување на основната каматна стапка, вбризгување на дополнителна ликвидност во системот и релаксирање на банкарската регулатива. Ова доведе до солидна кредитна поддршка на компаниите и домаќинствата, којашто впрочем и забрза во споредба со минатата година, како и натамошно намалување на каматните стапки до историски најниски нивоа.“ Ова го истакна гувернерката на Народната банка, Анита Ангеловска-Бежоска, на еден од водечките традиционални финансиски настани ‒ Форумот на Централна и Источна Европа, организиран од „Еуромани“, на панел-сесијата на која учествуваа неколку гувернери од Централна и Југоисточна Европа (ЦИЕ). (more…)

Продолжи со читање

НБРМ

Поставеноста на монетарната политика е соодветна на макроекономските услови

Објавено

на

На 12 јануари 2021 година се одржа редовна седница на Комитетот за оперативна монетарна политика на Народната банка, на којашто беа разгледани движењата на меѓународните и домашните финансиски пазари и показателите за домашната економија во контекст на поставеноста на монетарната политика. (more…)

Продолжи со читање

Популарно