Connect with us

Домашни банки

Гувернерката Ангеловска-Бежоска донела решение за одземање на дозволата за работа на Еуростандард банка уште пред два месеци

Објавено

на

Денес, 12 август 2020 година, Народната банка, постапувајќи согласно со Законот за банките, ја укина дозволата за основање и работење на Еуростандард банка АД Скопје. Укинувањето на дозволата се должи на неисполнување на минимални законски услови за работење на банка.

Но, дали одлуката за одземање на дозволата на Еуростандард банка АД Скопје била донесена многу порано!?

Според податоците до кои дојде Банкарство.мк, гувернерката на Народната банка на Република Северна Македонија донела решение бр.15-14082/1 за одземање на дозволата за работа на Еуростандард банка АД Скопје, коешто било потпишано уште на 1-ви јуни 2020 година.

Согласно решението потпишано од гувернерката Ангеловска-Бежоска биле донесени неколку важни одлуки:

  • Да се повлече согласноста на Еуростандард банка АД Скопје за вршење на финансиска активност – кредитирање во странство, вклучувајќи и факторинг и финансирање на комерцијални трансакции, издадена со Решението на гувернерот на НБРСМ бр.24281 од 8 јули 2015 година.
  • Да се повлече согласноста на Еуростандард банка АД Скопје за вршење на финансиските активности – тргување со девизни средства, што вклучува и тргување со благородни метали, тргување со финансиски деривати, управување со средства и портфолио на хартии од вредност за клиенти и/или инвестициско советување на клиенти и купопродажба, гарантирање или пласман на емисија на хартии од вредност, издадена со Решението на гувернерот на НБРСМ бр.3665 од 5 февруари 2016 година.
  • Да се повлече согласноста на Еуростандард банка АД Скопје за вршење на финансиската активност – тргување со хартии од вредност во делот на тргување со хартии од вредност во странство, издадена со Решението на гувернерот на НБРСМ бр.3665 од 5 февруари 2016 година.

Преземањето на оваа содржина не е дозволена без согласност од Редакцијата на Банкарство.мк

Домашни банки

Силк Роуд Банка на корисниците на American Express Point дебитна картичка им овозможува подигнување на готовина без провизија на повеќе од 200 банкомати во земјава

Објавено

на

Силк Роуд Банка на своите корисници кои поседуваат American Express Point дебитна картичка им овозможува подигнување на средства без провизија на повеќе од 200 банкомати во земјава, заклучно до 31.12.2020 година. (more…)

Продолжи со читање

Домашни банки

Стопанска банка АД – Скопје продолжува со својата општествена одговорност за поздрава животна средина и за спортска активност и здрав начин на живот за граѓаните

Објавено

на

Со отворањето на #Велоштад во текот на вчерашниот ден, Скопје ја доби 6тата станица за поправка на велосипеди, донација од Стопанска банка АД – Скопје за Град Скопје.

(more…)

Продолжи со читање

Домашни банки

Електронско ажурирање на личните податоци во НЛБ Банка без посета на експозитура

Објавено

на

Ажурирајте ги Вашите податоци во НЛБ Банка, брзо, лесно и едноставно! (more…)

Продолжи со читање

Популарно