Connect with us

Анализи

Грчки акционери што земаа најмногу пари од дивиденда во македонски фирми

Објавено

на

Тројца грчки акционери земаа дивиденда во вкупен износ од 42,7 милиони евра, а тие се банкарската групација НБГ најголемиот акционер во „Стопанска банка Скопје“, цеметарската корпорација „Титан“ која го поседува скопски УСЈЕ и прилепскиот мермерен комбинат  „Стоун воркс Холдинг Кооператив“ сопственикот на прилепскиот Мермерен комбинат.

Две грчки и една словенечка компанија и оваа година земаа најголеми дивиденди од нивните аквизиции во земјава.

Станува збор за сопствениците на една од двете најголеми банки „Стопанска банка Скопје“ и за единствената македонска цементарница „Усје“ и за словенечкиот акционер во НЛБ Банка Скопје. Во големата четворка е и македонската експозитура „Каменимост комуникации“ преку која најголемиот европски оператор „Дојче Телеком“ го контролира најголемиот македонски телекомуникациски оператор „Македонски телеком“.

Најдобитен странски акционер во македонска компанија е грчката НБГ банка која е мнозински акционер во „Стопанска банка Скопје. Оваа голема грчка банка минатиот месец на своето конто инкасира 28,075 милиони евра дивиденда од „Стопанска банка Скопје“. Најголемиот акционер во Телеком“ компанијата „Каменимост комуникации“ за ланската добивка на Македонски Телеком инкасираше дивиденда од 13 милиони евра. Кај нашата Влада односно на сметката на буџетот завршија 8,8 милиони евра.

„УСЈЕ“ на својот најголем акционер грчкиот производител на цемент „Титан“ му исплати 11,9 милиони евра дивиденда за ланското успешно работење.

Во големата четворка е и големата македонска деловна банка „НЛБ Банка Скопје“.  Таа компанија на својот најголем акционер словенечката државна банка „НЛБ“ и додели дивиденда од 6,73 милиони евра.

На петото место на листата на најдобитни компании е и прилепскиот Мермерен комбинат кој на својот најголем акционер „Стоун воркс Холдинг Кооператив“ му додели дивиденда од 2,76 милиони евра.

Шести добитен акционер е „Виена иншуренс груп“ аквизитер на „Македонија осигурување“ кој издвои 680.000 евра во дивиденда од својата добивка во 2017 година. На седмата позиција е „Охридска банка“ која е дел од групацијата на „Сосиете женерал“ и која носи дивиденда од 383.500 евра за минатата година.

Анализи

Мобилниот паричник од иднината пристигна во секојдневието

Објавено

на

Патувањето низ времето сѐ уште не е измислено, но тоа што многумина од нас го гледаа во класичните Sci-Fi филмови во детството, полека станува реалност во секојдневието. Кога станува збор за плаќањето, иднината пристигна и ние веќе живееме во реалност во која имаме виртуелен паричник. (more…)

Продолжи со читање

Анализи

Половина од светското население живее со помалку од 5,5 долари на ден

Објавено

на

„Светскиот економски напредок овозможи намалување на бројот на луѓе кои живеат во крајна сиромаштија, но речиси половина од жителите на планетата, или 3,4 милијарди луѓе и понатаму тешко ги задоволуваат своите елементарни потреби“ стои во соопштението на Светска Банка. (more…)

Продолжи со читање

Анализи

ДАНОЧЕН СИСТЕМ: Ако ги снема богатите, ќе патат сиромашните!

Објавено

на

Една малку подолга “приказна” која што се однесува на прогресивниот данок. Доколку имате 2-3 минути добро би било да ја прочитате… (more…)

Продолжи со читање
P2_P_MK_300x250

Популарно

Copyright © 2018 bankarstvo.mk. All Rights Reserved. Developed by Digital Orange