Connect with us

Останато

Грција ја подигна границата за повлекување на готовина од банките

Објавено

на

Грција воведува олеснувања на капиталните ограничувања наметнати од летото 2015-та година, зголемувајќи ја границата за повлекување пари од банките за 28%, наведе во декретот, Министерството за финансии на Грција. 

Во екот на најголемата криза што го тресеше нашиот јужен сосед, за прв пат мерката за контрола на капиталот односно ограничувањето на повлекување средства од банкомат, Атина ја воведе во јули 2015-та година со цел да го намали одливот на паричен капитал од државата.

Иако, актуелната влада се спротивставуваше на овие мерки кои беа наметнати од кредиторите вклучени во мерките за спас, сепак мораше да попушти и да го ограничи повлекувањето на паричен капитал.

Но, според соопштението на Министерството за финансии, објавено во државниот весник на Грција, новата Одлука значи дека приватните лица ќе можат да повлечат најмногу до 2.300 евра во кеш месечно од своите банкарски сметки. Претходно, границата беше намалена до максимум 1.800 евра.

Новата мерка веќе стапи на сила од 1-ви март.

Предвидено е и зголемување на дозволените износи во кеш – евра или друга валута, кои Грците ќе можат да извезуваат во странство при патување од 2.000 до 2.300. Банките пак, веќе имаат право да пренесат до 2.000 евра по клиент од сметки од една држава во друга на секои два месеца.

„Одлуката е следниот чекор во патоказот за постепено отстранување на ограничувањата за повлекување готовина и трансферот на средства“ – се вели во декретот на Министерството за финансии.

 

Останато

Дали е ова најдоброто CV кое сте го виделе?

Објавено

на

Пејџ решила да аплицира за работата која ја сака, но бидејќи креирањето кратка биографија и мотивациско писмо знаат да бидат досадни, таа решила на креативен начин да ги прикаже своите квалитети. (more…)

Продолжи со читање

Останато

Коста Митровски е нов претседател на новоформираната Македонската банкарска асоцијација

Објавено

на

На 20 април 2018 година во Скопје се одржа Основачко собрание на Здружение за остварување на заеднички интереси на банките и унапредување на нивното работење, Македонската банкарска асоцијација. (more…)

Продолжи со читање

Останато

Владимир Косијер е нов генерален директор на Пивара Скопје

Објавено

на

Од 1 мај 2018-та функцијата генерален директор на Пивара Скопје ќе ја извршува Владимир Косијер. Тој на оваа позиција доаѓа на местото на Јован Радосављевиќ, кој со оваа редовна организациска промена е унапреден на позицијата генерален директор на операциите на Coca-Cola HBC во Романија. (more…)

Продолжи со читање

Популарно

Copyright © 2018 bankarstvo.mk. All Rights Reserved. Developed by Digital Orange