Останато
Грција за прв пат во историјата издаде благајнички записи со негативна каматна стапка

Грција денеска издаде благајнички записи со негативна каматна стапка за време на денешната аукција, а грчкиот премиер, Кирјакос Мицотакис, рече дека ова се случува прв пат во историјата на земјата, jави дописничката на МИА од Атина.
Од агенцијата за управување со јавниот долг на Грција соопштија дека за благајничките записи во траење од 13 седмици, каматата изнесувала -0,02 отсто, а државата доби 487,5 милиони евра.
Оваа разврска ја коментираше и претседателот на владата на Грција, Кирјакос Мицотакис на денешната седница на пратеничката група на Нова демократија. Говорејќи за економијата рече дека земјата дека земјата веќе е на пазарот со каматни стапки пониски од било кога до сега.
“Пред малку ме известија дека Грција за прв пат во нејзината историја издаде благајнички записи со негативна, го повторувам тоа, со негативна каматна стапка”, рече Мицотакис.
Останато
Колку пари ќе изнесува регресот за оваа година?

Регресот за годишен одмор или попознат како К-15 е задолжителен ставка која компаниите мора да им ја исплатат на своите вработени и оваа година. (more…)
Останато
Со „Digital for Entrepreneurship“ Македонија се приклучи на European SME Week

Оваа среда (20.11.2019) во организација на European Business Association, Град Скопје и Piksel, а поддржана од EOS Матрикс и Тиквеш, се одржа конференцијата Европски ден на претприемачот – “Digital for Entrepreneurship“. Настан кој беше дел од European SME Week, иницијатива која во Македонија се организира 11-та година по ред. (more…)
Останато
Преку дигитализација на институциите ќе се сузбива сивата економија

Преку мерки за дигитализација на институциите од фискалниот сектор, како што се Министерството за финансии и Управата за јавни приходи, може значително да се влијае врз намалувањето на сивата економија. Истовремено, користејќи ја технологијата ќе се преземаат и понатамошни мерки за подобрување на фискалната транспарентност, како предуслов за фискална ефикасност. Ова се дел од темите што беа дискутирани на средбата помеѓу министерката за финансии Нина Ангеловска и гувернерката на Народната банка Анита Ангеловска-Бежоска со заменик-директорот на Меѓународниот монетарен фонд Тао Жанг, што се одржа во Скопје, а на која присуствуваше и шефицата на Канцеларијата на Фондот во Виена, Штефани Ебле. (more…)
-
Кредитипред 2 месеци
Евтини онлајн кредити – брзо, лесно и поволно
-
Банкипред 1 месец
Оглас за вработување во Комерцијална банка АД Скопје
-
Интервјуапред 1 месец
Интервју ГАБРИЕЛА МИЛЕНКОВИЌ [Комерцијална банка]: Кредитите за население со конкурентни услови и цени ни носат нови клиенти
-
Домашни банкипред 2 недели
Нина Неданоска именувана за Претседател на Управниот одбор на Охридска банка
-
Државна администрацијапред 4 недели
Оглас за вработување во Народна банка на Република Северна Македонија
-
Кредитипред 2 недели
Брзи кредити со месечна рата до 1400 денари
-
Домашни банкипред 3 недели
Сашка, Снежана и Дејан најдобри банкарски службеници во НЛБ Банка за 2019 година
-
Банкипред 1 месец
Оглас за вработување во НЛБ Банка АД Скопје