Connect with us

Осигурување

Групација Триглав во 2020 година: Успешно работење во исклучително тешка година

Објавено

на

Во услови на пандемија на болеста COVID-19 и во средина со ниски каматни стапки во 2020 година, Групацијата Триглав ја покажа својата издржливости финансиска сила. Таа оствари 90,9 милиони евра добивка пред оданочување (индекс 90) и зголемен обем на осигурителната премијаво износ од 1.233,8 милиони евра (индекс 104). Групацијата, која во 2020 година повторно беше оценета со висока бонитетна оценка „А“, обезбеди деловен континуитет, стабилност и фокус на клиентите. Задоволството на вработените и на клиентите, што компанијата постојано го следи, во 2020 година го достигна највисокото измерено ниво.Издржливост и ефикасно управување со ризици. Групацијата Триглав, во услови на несигурност,коja jaдонесе пандемијата на COVID-19, покажа задоволителен степен на издржливост, подготвеност и прилагодливост кон вонредните услови. Во текот на годината, јавноста беше информирана за проценетото влијание на условитесогласноразлични сценарија, кои што потврдија дека портфолијата за осигурување и за инвестиции на Групацијата се доволно издржливи, а капиталната позиција е соодветна за успешно справување со зголемени ризици. Ниту еден материјален оперативен ризик не се реализиракако последица на пандемијата.

На крајот на годината, вкупниот капитал изнесуваше 870,2 милиони евра (индекс 110), а бруто техничките резервиизнесуваа 3.033,2 милиони евра (индекс 105). Групацијата остана соодветно капитализирана и ликвидна, што е потврдено со повторно добиените високи бонитетни оценки „А“ од страна на бонитетните агенции „S&P GlobalRatings” и „AM Best”. Оценките имаат стабилна прогноза на среден рок. Бонитетната оценка „А“ е една од стратешките цели на Триглав, која му ја обезбедува посакуваната конкурентска позиција на осигурителните, реосигурителните и финансиските пазари и јаодразувафинансиската моќи успехот во работењето.

Профитабилно работење. Според неревидираните податоци, во 2020 година Групацијата Триглав оствари добивка пред оданочување од 90,9 милиони евра (индекс 90) и 73,7 милиони евра нето добивка (индекс 88). Со дисциплинирано преземање на осигурителни ризици, таа го зголеми делокругот на деловно работење додека внимателно управуваше со трошоците. Неповолната состојба на финансиските пазари предизвика натамошен пад на приходите од камати, а исто така трошоците се зголемија како резултат на долгорочниот гарантиран принос кај осигурување со вградена гаранција. Резултатите од масовните штетни настани беа помалку поволни споредено со претходната година, а на резултатот влијаеа и зголемените осигурително -технички резерви поради тековните деловни услови. Нето-приносот од капиталот беше 8,9%, односно за 2 процентни поени понизок од претходната година.

Претседателот на Управниот одбор на Заваровалница Триглав, Андреј Слапар, изјави: „Случувањатаво деловното опкружување и на пазарите на капиталимаанегативно влијание врз нашиот профит, но сепак сме задоволни од деловните резултати. Групацијата Триглав покажа издржливост во исклучително тешките деловни услови, ја задржа финансиската сила и ја докажа способностаза ефективно прилагодување кон промените. Оваа година, финансиските пазари и економското закрепнување остануваат подвлијаниена сеуште непознатите димензии на глобалната епидемиолошка ситуација, поради што продолжуваме да работиме во неизвесно и тешко деловно опкружување“.

Добивката на Групацијата пред оданочување, која што потекнува од осигурително-техничкиот дел на работењето, се зголеми за 7 проценти (76,5 милиони евра), додека профитот од финансиските инвестиции на осигурителната дејност и управувањето со резерви се намали за 55 проценти (13,0 милиони евра). Поради поволниот сооднос на уплатени премии и штетни настани, профитот од осигурување на имот се зголеми за 5 проценти, а од здравствено осигурување за 46 проценти. Поради континуираното опкружување на екстремно ниски каматни стапки, Групацијата формираше дополнителни резерви, што резултираше со намалување на профитот во осигурувањето на живот и пензиското осигурување за 85 проценти.

Вредноста на инвестициското портфолио се зголеми за 5%, на 3.496,4 милиони евра. Неговата конзервативна структура не се промени значително, а Групацијата со активно вложување ги прилагодуваше уделите на одделни инвестициски класи. На овој начин, таа ги задржа соодветната диверзификација и безбедноста на целото портфолио, дополнително го подобри неговиот квалитет и се грижеше за економската усогласеност на средствата и обврските.

Премиски раст и позиција на пазарот. Групацијата е лидер на пазарот во регионот Адриа, каде што, според податоците за 2019 година, имаше 20,4 проценти удел на пазарот (19,9 проценти во 2018 година). Во 2020 година го зголеми уделот на својот најголем, словенски пазар за 0,4 процентни поени, односно достигна удел од 36,5 проценти. Шеста година по ред остварува раст на премијата, а нејзиниот волумен во 2020 годинасе зголеми за 4 проценти, на 1.233,8 милиони евра. Притоа, ги исполни своите планови и покрај неповолните услови и падот на БДП во повеќето земји во регионот, падот на осигурителните пазари и силната конкуренција. Ги зголеми премиите од осигурување на имот за 4 проценти и премиите од здравствено осигурување за 11 проценти, додека премиите од животно и пензиско осигурување останаа на нивото од претходната година. Растот на премијата е остварен на повеќето осигурителни пазари, на словенечкиот беше за 3% и на исто ниво со движењето на пазарот, а на пазарите вон Словенија изнесуваше 4%. И во 2020 година Групацијата продолжи со стратегијата на диверзификација на премијата од географски аспекти во поглед на производи и услуги. Го зголеми уделот на премијата на пазарите надвор од Словенија на 18,2 проценти и го зголеми
учеството на другите видови осигурувања, кои што покрај осигурувањето на имот ја сочинуваат нејзината понуда.

Поволен комбиниран количник. На работењето во доменот на штети, освен масовните штетни настани (невреме со град на три пазари и земјотреси во Хрватска со вкупна проценета вредност од 31,1 милиони евра), влијаеа и условите на пандемија. Вкупниот опсег на пресметани бруто штети беше за 3 проценти понизок во споредба со 2019 година. Групацијата очекува дека дел од штетите кои не настанале во 2020 година поради помала економска активност или општите ограничувања на движењето на осигурениците, ќе се реализираат во деловната 2021 година. За таа цел, беа издвоени соодветни осигурително-технички резерви. Комбинираниот количник на Групацијата изнесуваше 91,2 проценти и се наоѓаше во долниот дел од просечната целна стратешка вредност. Во споредба со претходната година, тој е понизок за 0,3 процентни поени, како резултат на подобрувањето на количниците за штети и трошоци.

Управување со имот. Во 2020 година, Групацијата го зголеми обемот на сопственото осигурително портфолио за 6 проценти, на 2.995 милиони евра, како и обемот на средствата на клиентите во заеднички фондови и индивидуалното управување за5 проценти, на 1.156 милиони евра. Со средствата управува друштвото Триглав Склади, коешто управува и со инвестициското портфолио на клиентите на групацијата во рамките на инвестициското осигурување на живот и долгорочните деловни фондови на доброволно дополнително пензиско осигурување. По преземањето на управувањето на заедничкиот фонд АЛТА, сите процедури за интеграција беа успешно спроведени и 110.000 клиенти беа споени под единствениот бренд Триглав. Со удел од 32,9 проценти на словенечкиот пазар на заеднички фондови, Групацијата Триглав е еден од водечките управители сосредства.

Добра контрола на трошоците. Вкупните консолидирани бруто оперативни трошоци на Групацијата Триглав останаа на нивото од претходната година и изнесуваа 306,7 милиони евра.

Уделот на оперативните трошоци за осигурување во бруто полисираната премија исто така се намали во 2020 година, и тоа за 1,1 процентен поен, на 22,1 процент.

Спроведување на политиката за дивиденди. Во 2020 година, во согласност со ставовите на словенечкиот регулатор за осигурување, акционерите на Заваровалница Триглав го одобрија предлогот на Управата и на Надзорниот одбор акумулираната добивка за 2019 година да остане нераспределена. Политиката на дивидендите остана непроменета. При нејзиното спроведување, со оглед на околностите, компанијата ги зема предвид разумното управување со капиталот на Групацијата Триглав и нејзината финансиска стабилност, потребата за реинвестирање на профитот во спроведувањето на стратегијата за раст и развој и обезбедувањето на атрактивни дивиденди за акционерите. Со нормализирањето на состојбата во деловното опкружување, Компанијата ќе може да продолжи со исплата на дивиденда.

Фокусирани на клиентите и насочени кон развој. Групацијата успешно се прилагоди на променетото опкружување и потребите на клиентите. Новите услови дадоа дополнителен замав на целокупната дигитална трансформација воработењето на Групацијата, бидејќи се зајакнаа дигиталната продажба, комуникациските, дистрибутивните канали и алатки, а се зголеми и нејзиното дигитално присуство. Со ваквиот пристап, таа ја зголеми просечната премија по вработен и ја зголеми ефикасноста на трошоците и со поедноставување на постапкитего подобри корисничкото искуството на клиентот. Меѓу достигнувањата се истакнуваат надоградената работаод далечина, доследното спроведување на мерките преземени за ограничување на пандемијата и заштитата на здравјето на вработените, клиентите и другите заинтересирани страни, обновувањето и воведувањето нови производи и услуги за помош, подобрената обработка на штетни настани и воведувањето вештачка интелигенција во некои процеси.

Групацијата ја консолидираше сопствената продажна мрежа, која што е нејзин најважен продажен канал,со учество од 73,3 проценти вовкупната полисиранапремија. Во согласност со повеќеканалниот пристап, сопствената продажна мрежа сенадополни со надворешна договорна продажна мрежа, што придонесе за раст на премиите на одредени пазари. Во согласност со планираната географска диверзификација на работењето за 2020 година, матичното друштвона Групацијата ги понуди своите услуги за прекугранично осигурување во повеќе од 15 земји- членки на ЕУ. Долгорочните деловни партнерства со Грција и Италија беа проширени и на норвешкиот и холандскиот осигурителен пазар. Таквите форми на деловно работење, кои што во моментов се маргинални во однос на обемот на премијата, од Групацијата се сметаат за важни од развоенаспект.

Посветеност на одржливоста (ESG). Остварувајќи ја својата мисија за градењепобезбедна иднина, Групацијата Триглав ја постигнува својата ориентација на одржливост. На крајот на 2020 година, ги надгради своите напори по прашањето на одржливост со усвојување на формален акт, Заложба за одржливост на Групацијата Триглав, која што сеопфатно ги дефинира насоките на нејзиниот развој во областа на заштитата на животната средина, социјалната политика и управување (ESG).

Претседателот на Управниот одбор на Заваровалница Триглав,Андреј Слапар, додаде: „Минатогодишните настани потврдуваат дека стратешките ориентации на Триглав се добро поставени, дека се развиваме во зацртаната насока на модерна, иновативна и динамична осигурителна и финансиска групација, која останува цврсто на водечко место во Словенија и во поширокиот регион. Врз основа на веќе спроведените стратешки активности и во согласност со планираното, работевме континуирано, доверливои на сите пазари се фокусиравме на клиентите, кои ја оценија нашата работа со највисока оцена на задоволство досега. Притоа, свесни сме дека нашиот тим од повеќе од 5.300 вработени е главниот темел на нашиот успех. Заедно, постојано ги развиваме понудата, процесите и организацијата, со цел подобро да се грижиме за нашите клиенти, за нашите партнери. Во исто време, заедно ја развиваме нашата култура во агилна и спремна на соработка, што се рефлектира и во мерењата на задоволството меѓу вработените. Би сакал да им се заблагодарам на нашите клиенти и акционери за укажаната довербата и на моите колеги за нивната посветеност и труд во овој предизвикувачки период“.

Осигурување

ДВОЈНА ОСИГУРЕНА СУМА – Затоа што сигурноста на Вашите најблиски е наша основна цел

Објавено

на

Осигурувањето на живот е современ начин на обезбедување сигурност за Вас и Вашите најблиски. Интегрираноста на осигурителната и штедната компонента е тоа што го разликува осигурувањето на живот од другите финансиски производи. Практично, при самото склучување на договорот, осигурителната компанија Ви гарантира исплата на осигурена сума во случај на смрт, или пак исплата на сума за доживување, во вид на поврат на вложени средства, по истекот на осигурителниот период. (more…)

Продолжи со читање

Осигурување

Најголемата исплатена штета е за осигурување имот и изнесува 382.000 евра

Објавено

на

Меѓу најголемите поединечни исплатени штети пет се за осигурување од задолжителна автомобилска одговорност, четири од осигурување имот. Најголемата исплатена сума за штета од каско изнесува 94.000 евра, а за покритие од зелен картон е платено обештетување од 221.000 евра. (more…)

Продолжи со читање

Осигурување

Триглав полиса за корисниците на кредит која во целост ги покрива вашите кредитни обврски

Објавено

на

Кредитите и кредитните картички неретко се потреба за финансирање на нашите барања, желби и соништа. Практично, голем дел од нас поседуваат кредит или кредитна картичка. Но, дали сте пресметале колку изнесува Вашето кредитно задолжување? Колку Вашето семејство финансиски зависи од Вас? (more…)

Продолжи со читање




Популарно