Connect with us

Домашни банки

Групацијата Штаермеркише Шпаркасе оствари нето добивка од 80 милиони евра во 2020 година

Објавено

на

„Минатата година бараше многу од сите нас. Сите моравме да покажеме истрајност, подготвеност за промена, генијалност и храброст. Главно помагавме во области каде што луѓето беа особено погодени од кризата, и во многу случаи бевме во можност да им понудиме на нашите клиенти приспособени решенија: регионално, во нашите локални експозитури и центри за поддршка, како и преку нашите дигитални платформи. И покрај предизвикувачките услови за работа, Штаермеркише Шпаркасе постигна охрабрувачки стапки на раст. Да се ​​биде во можност да се забележи раст на депозитите, кредитите и на вкупниот биланс на состојба во вакви времиња е голема победа за Штаермеркише Шпаркасе и за сите нејзини вработени. Кај трансакциите со хартии од вредност, дефинираните цели беа дури и надминати. Проектите за спојување со Охридска банка во Северна Македонија и Банкхаус Крентшкер ни отвораат нови можности што сакаме да ги искористиме и ќе ги искористиме. Подготвени сме да го продолжиме патот на раст во 2021 година, па дури и да го надминеме“, вели Герхард Фабиш, главен извршен директор и претседател на Управниот одбор на Штаермеркише Шпаркасе.

Резултат за периодот по оданочување 80 милиони евра

Профитот за периодот по оданочувањето во 2020 година беше 80 милиони евра и падна за 59% во споредба со претходната година. Како резултат на пандемијата, најголемите фактори што влијаеја беа: повисоките провизии за ризиците, проценетите резултати на малцинските сопствености и намалените заработки од подружничките банки. Вкупните средства на Групацијата се искачија на 18,5 милијарди евра. Како матична компанија, Штаермеркише Шпаркасе, со вкупна актива од 16,5 милијарди евра, како и претходните години, има најголем удел во вкупната актива на Групацијата. Оперативниот резултат изнесуваше 205 милиони евра. Во 2020, основната стапка на капитал во Групацијата се зголеми на 19,5% и коефициентот на адекватност на капиталот се зголеми на 21,3%. Ова значи дека Штаермеркише Шпаркасе делува на високо меѓународно ниво. Капиталот на Групацијата изнесуваше 1,8 милијарди евра на крајот на 2020 година, што претставува зголемување во споредба со 2019 година. Сите три деловни области – физички лица, комерцијалното банкарство и меѓународните трансакции, постигнаа позитивни и задоволителни резултати. И покрај условите полни со предизвици како резултат на пандемијата, Штаермеркише Шпаркасе ги опслужуваше своите клиенти како сигурен финансиски партнер, дигитално и преку локалните региони.

Извонредно зголемување на бројот на нови клиенти во година со предизвици

Во 2020 година, Штаермеркише Шпаркасе Групацијата започна да опслужува повеќе од 800.000 клиенти за првпат, докажувајќи дека е сигурен, стабилен партнер во Штаерска, Виена, Босна и Херцеговина и во Северна Македонија. Само во Штаерска, во 2020 година, добивме над 26.000 нови клиенти. Штаермеркише Шпаркасе Групацијата (вклучувајќи ги Хрватска, Србија, Словенија и Црна Гора) опслужува вкупно 2,6 милиони клиенти.

Состојби со ризиците во однос на ковид-19

Во 2020 година, ситуацијата со ризиците беше под значително влијание на ковид-19 кризата. На крајот на годината, беше очигледно дека состојбата со ковид-19 ескалираше во зависност од времетраењето и бројот на забрани во движењето, како и појавата на нови мутации на вирусот. Земајќи ја предвид неизвесноста на ситуацијата, беа формирани резервации за ризиците во износ од 82,4 милиони евра. NPЕ стапката (Коефициентот на вкупната изложеност на нефункционални кредити) изнесува 1,98% – сè уште на компаративно добро ниво. Меѓу другото, ова беше овозможено и со помош на ослободувањата од страна на државата. Коефициентот на покриеност на нефункционалните кредити – NPL стапката (резервации за ризик како процент на побарувања од клиентите) изнесува 77,62%, што претставува јасно зголемување. Ова значи дека Штаермеркише Шпаркасе е добро подготвена за да се соочи со предизвиците во следните години. Во 2020 година, како и во претходните години, капацитетот на Групацијата за справување со ризиците беше повеќе од соодветен.

Австрија: 7,5 милијарди евра во корпоративното финансирање – раст од 6%

Штаермеркише Шпаркасе беше добро подготвена за да ги надмине големите предизвици на пандемијата, вклучително како партнер на економијата во Штаерска. Нашата подготвеност да им ја обезбедиме на нашите клиенти потребната ликвидност дури и при првото ограничување на движењето, ни помогна да постигнеме нов обем на инвестициски кредити во износ од над 1.350 милиони евра. Преку целата фискална 2020 година, на компаниите од Штаерска им беа доделени повисоки лимити, одложувања и рефинансирања поврзани со ковид-19 во износ од над 500 милиони евра.

Инвестициското финансирање кое не е поврзано со ковид-19, изнесуваше повеќе од 963 милиони евра, што покажува дека нашите клиенти и Штаермеркише Шпаркасе како нивен финансиски партнер веруваат дека ќе има економски пресврт, започнувајќи од вториот квартал од 2021 година и дека треба
да бидеме подготвени за тоа.

Севкупно гледано, краткотрајните кредити и инвестициите во економскиот развој доведоа до натпросечен раст на финансирањето на компаниите од 6%. Одобрени се вкупно 1.615 грантови за мали и средни компании. Додека и обемот на финансирање на субвенционираните кредити е за 160% поголем од ланскиот.

За среќа, успеавме да придобиеме речиси 2.000 нови корпоративни клиенти во ова тешко опкружување, и Штаермеркише Шпаркасе сега опслужува речиси 30.000 компании: од кои повеќе од половина се мали и средни претпријатија од областа Штаерска.

Австрија: Зголемување на работењето со физички лица

Во делот на финансирање на физичките лица, Штаермеркише Шпаркасе забележа финансиски обем на рефинансирање од 654 милиони евра, што е за околу 80 милиони евра повеќе од минатата година.

Во 2020 година, штедните влогови во Групацијата исто така се развија позитивно и се зголемија за 250 милиони евра до приближно 7,4 милијарди евра. И покрај пониските камати, тие сепак се многу популарни и претставуваат сигурност и брза достапност.

Освен тоа, беа склучени повеќе од 21.500 нови кредитни договори за градење и над 5.000 нови финансиски планови беа склучени во текот на изминатата година. Со над 11.000 нови договори за осигурување и производна вредност од околу 285 милиони евра, деловите за премии, несреќи и ризици беа добро покриени. Како и во претходната година, барањата на клиентите беа доста насочени кон пензиско осигурување и осигурување од несреќи. Со извонреден раст уште еднаш во областа неживотно осигурување, како осигурување на домаќинства, имот и здравствено осигурување, Штаермеркише Шпаркасе, исто така, е сеопфатен партнер за своите клиенти и во оваа област.

И покрај политиката „без провизии“ на централните банки и турбуленциите на глобалните берзи предизвикани од коронавирусот, 2020 година беше добра година за хартиите од вредност. Резултатите од провизиите за хартии од вредност се искачија на 33 милиони евра, а обемот на сметки на клиенти за хартии од вредност управувани од Штаермеркише Шпаркасе изнесува околу 3,9 милијарди евра. Ова ја потврдува довербата на нашите клиенти и во делот на консултантските услуги на Штаермеркише Шпаркасе.

Над 23.000 нови трансакциски сметки ја истакнуваат важноста на регионалната банка за платежни трансакции во регионот.

Со продажба на околу 7.000 кредитни картички, се проширија плаќањата со бесконтактните и безготовински плаќања. Со речиси 70% корисници на „George“, Штаермеркише Шпаркасе уште еднаш покажа дека има јасно поставен правец кон иновативно лидерство коешто е поставено со нашиот систем за интернет-банкарство „George“.

Југоисточна Европа: ковид-19 влијае врз резултатот во ЈИЕ

Земјите во Југоисточна Европа беа исто така силно погодени од пандемијата предизвикана од ковид-19 и текот на нивното делување беше под нејзино силно влијание. Како мерка на претпазливост за можни економски последици, беа значително зголемени вредностите во кредитирањето кај странските инвестиции.

Шпаркасе Банка Македонија генерираше добивка од 4,6 милиони евра, која беше значително над планираните резултати. Стапката на поврат на капиталот (ROE) изнесуваше 9,8%, а коефициентот на сооднос помеѓу трошоците и приходите (CIR) беше намален на посакуваните 56%. Приспособувањата на повисоката вредност беа неутрализирани со решавање поголеми проблеми.

Дополнителните трошоци што настанаа како резултат на подготовките за спојувањето со Охридска банка и преземањето мерки во врска со ковид-19 беа неутрализирани со заштеди кај материјалните трошоци. Потрошувачките кредити растеа со стапка од 10,1%, а депозитите на клиентите со стапка од 3,2%.

Охридска банка во Северна Македонија, која беше преземена во ноември 2019 година, генерираше добивка од 4,8 милиони евра, што е помалку од планираното. Стапката на поврат на капиталот (ROE) изнесуваше 6,4%, а коефициентот на сооднос помеѓу трошоците и приходите (CIR) беше намален на посакуваните 49,4%. Како резултат на ковид-19, приходите останаа пониски од планираните и не можеа да се надоместат со заштеди кај материјалните трошоци. Потрошувачките кредити растеа со стапка 6,4%, а депозитите на клиентите со 1,6%. Проектот за спојување на Шпаркасе Банка Македонија и Охридска банка продолжува и покрај влијанието на ковид-19. Спојувањето се очекува да биде завршено во 2021 година.

Шпаркасе Банка Босна и Херцеговина генерираше добивка од 5,3 милиони евра – значително помалку од резултатот во минатата година – како резултат на пониските каматни стапки и поголемите приспособувања на вредностите. Стапката на поврат на капиталот (ROE) изнесуваше 4,5%, додека коефициентот на сооднос помеѓу трошоците и приходите (CIR) 61,9%. Вкупниот биланс на состојба е зголемен за 8,5% на 878 милиони евра. Споредено со претходната година, потрошувачките кредити успешно се зголемени за 6,4%, а депозитите на клиентите за 10,9% во претходната финансиска година.

Ерсте и Штаермеркише Банка во Хрватска генерираше подгрупациски резултат од 61 милион евра, што е помалку од планираното. Поради ковид-19 пандемијата и нејзиниот удар врз хрватската економија (особено врз туризмот), резервите за ризик и приходите можеа само делумно да се компензираат со заштеди кај трошоците. Потрошувачките кредити се зголемија за 8,2%, а депозитите на клиентите за 15,4%, споредбено со претходната година. Вкупниот биланс на состојба изнесуваше 10,9 милијарди евра (+ 10%). Стапката на поврат на капиталот (ROE) изнесуваше 4,6% со стапка на коефициентот на сооднос помеѓу трошоците и приходите (CIR) од 53,7%.

Ерсте Банка во Србија генерираше резултат за периодот од 11,8 милиони евра, што претставува надминување од 4,6 милиони евра над буџетот. Стапката на поврат на капиталот (ROE) изнесуваше 4,3%, а стапката на коефициентот на сооднос помеѓу трошоците и приходите (CIR) од 67,2%. Поради ефектите од ковид-19, Ерсте банка мораше да направи поголеми приспособувања на вредностите отколку предвидените во буџетот. Добредојденото надминување беше постигнато со строго управување со административните трошоци. Растот на потрошувачките кредити изнесуваше 16,8% и депозитите на клиентите од 38,3%. Вкупниот биланс на состојба значително беше зголемен за 23,7% и изнесуваше 2,6 милијарди евра.

Ерсте Банка во Црна Гора генерираше годишни резултати од 5,1 милиони евра, што е значително помалку од планираното. Стапката на поврат на капиталот (ROE) изнесуваше 5,5%, а стапката на коефициентот на сооднос помеѓу трошоците и приходите (CIR) од 58,1%. Растот на кредитите изнесуваше 9,9% во однос на претходната година. Депозитите на клиентите се зголемија за 3%.

Банка Шпаркасе во Словенија генерираше периодичен резултат од 3 милиони евра, што е малку под буџетот. Поради ковид-19, растот на кредитите беше послаб од очекуваното. Но, сепак потрошувачките кредити се зголемија за 3,1%, а депозитите на клиентите се зголемија за 6,1% во споредба со претходната година. Стапката на поврат на капиталот (ROE) изнесуваше 2,5%, а стапката на коефициентот на сооднос помеѓу трошоците и приходите (CIR) од 69,4%.

Компаниите за лизинг на возила во Југоисточна Европа финансираа подвижни средства и моторни возила и во моментов управуваат со вкупна изложеност од 695 милиони евра. Поради ковид-19 се направени поголеми приспособувања на вредностите отколку што беше буџетирано, а добивката по оданочување изнесуваше 5,7 милиони евра – помалку од планираниот резултат. Резултатите од стратешкото учество на проширениот домашен пазар ја потврдуваат стабилноста и долгорочната деловна стратегија на Штаермеркише Шпаркасе.

Вработени и локации

На крајот на 2020 година, во Штаермеркише Шпаркасе Групацијата работеа 3.044* вработени (Број на вработени) на 254 локации во Штаерска, Виена, Босна и Херцеговина и во Северна Македонија.

Бројот на вработени во Штаермеркише Шпаркасе Групацијата (вклучено Хрватска, Србија, Словенија и Црна Гора) изнесуваше 8.887* (Број на вработени) на 503 локации.

Австриски пазар во 2020 година и очекувања за 2021 година

2020 година беше екстремно предизвикувачка година во целиот свет во однос на здравствената и економската криза. На кривата на економскиот развој, реалниот БДП тонеше во текот на целата 2020 година сè до 7,5%, и падна посилно отколку по финансиската криза (-3.8%) во 2009 година.

Ограничувањата што беа воведени за спречување на пандемијата силно влијаеја на австрискиот пазар на трудот. Во 2020 година, во Австрија имаше 3,7 милиони вработени лица што заработувале или примале плата, што е за 1,4% (53.000 луѓе) помалку од претходната година. Околу 521.000 лица беа регистрирани како невработени или лица на обука, што претставува зголемување за 113.000 (27,7%) повеќе лица во Австрија отколку на крајот на 2019 година, која тогаш сè уште не беше зафатена од коронавирусот. Стапката на невработеност во Австрија (како што е дефинирана од Еуростат) изнесуваше 5,3% во годишниот просек за 2020 година (заклучно со декември 2020 година) и остана под референтната вредност на Европската Унија (7,1%).

Економистите претпоставуваат дека економските перформанси значително ќе закрепнат во 2021 година, но бидејќи текот на вирусот е толку непредвидлив, неизвесноста е сè уште присутна. При сценарио без дополнителни затворања на границите и предупредувања за патувања, кои значително го ограничуваат туризмот и надворешната трговија и во кое корпоративните и економските активности се враќаат во нормала со вакциналното покривање на населението, економијата може повторно да порасне од 3,1% до 4,5% во 2021 година. Аналитичарите исто така предвидуваат економско закрепнување во 2022 година (БДП до + 3,8%). Ризиците за сегашните економски прогнози сепак мора да се класифицираат како многу високи. Тие вклучуваат зголемен ризик (понатамошното ширење на инфицираноста од коронавирусот во комбинација со можни дополнителни ограничувања во движењето) и можно зголемување на ризикот (постапката за вакцинација што сега се спроведува кај популацијата).

Меѓународните проблематични точки сепак ја вклучуваат неизвесната трговска политика на САД по претседателските избори и ефектите врз европската економија по BREXIT.

Австрискиот институт за економски истражувања (WIFO) и Институтот за напредни студии (IHS) предвидуваат стапка на инфлација за 2021 година не повеќе од 1,6%, сè уште под зададената цел на ЕЦБ од нешто помалку од 2%. Според IHS, стапката на инфлација во 2022 година може да се искачи до 1,9%.

Не се очекува крајот на фазата на ниски каматни стапки во Евро-зоната, бидејќи ЕЦБ може да продолжи да гледа на тоа како на значителен износ на поддршка преку монетарната политика, доколку е потребно.

Домашни банки

НОВО ПАРТНЕРСТВО: Халк Банка АД Скопје и Триглав Осигурување Живот АД Скопје со заедничка соработка во животното осигурување

Објавено

на

Халк Банка АД Скопје и Триглав Осигурување Живот АД Скопје потпишаа Договор за соработка во делот на животно осигурување. Овој партнерски Договор има за цел да ја зголеми понудата на банко осигурување на македонскиот осигурителен пазар преку зголемување на премијата за животно осигурување но и обезбедување на комплетна услуга на сите кредитокорисници на Банката. (more…)

Продолжи со читање

Домашни банки

Халкбанк ги објави најинтересните фотографии од предизвикот #EcoYogaTree

Објавено

на

Халкбанк, како дел од коалицијата „Priceless Planet“, со Mastercard организираше многубројни активности за подигнувањето на свеста за зачувување на планетата Земја. Во предизвикот #EcoYogaTree, кој беше објавен на социјалните мрежи, Халкбанк ги повика корисниците да се вклучат со објава на фотографија во која ја прават позата што симболизира дрво. Се вклучија голем број корисници кои ја дадоа својата поддршка и придонес за подигнувањето на свеста за важноста на животната средина. (more…)

Продолжи со читање

Домашни банки

Стопанска банка АД – Скопје: Соопштение за неработни денови – Велигден 2021

Објавено

на

Стопанска банка АД – Скопје ги известува своите почитувани клиенти дека по повод престојните велигденски празници, филијалите на банката нема да работат на 30.04.2021 (петок) и 03.05.2021 (понеделник).
(more…)

Продолжи со читање


Популарно