Connect with us
P2_P_MK_1600x400

Осигурување

Групацијата Триглав на тримесечје ја потврдува најавата за планираната годишна добивка

Објавено

на

Во првите три месеци од 2019-та година Групацијата Триглав фактурираше 317 милиони евра бруто консолидирана премија, што е 8% повеќе во споредба со истиот период минатата година. Консолидираната бруто добивка порасна за 8% и изнесува 29,9 милиони евра. Имајќи ги во вид предвидените околности до крајот на годината, Групацијата ја потврдува најавата за планираниот годишен резултат. Паралелно со доброто работење во осигурителната дејност, што е изразено преку поволниот комбиниран коефициент на Групацијата, Триглав го зголеми обемот на средства со кои што управува за своите клиенти. Оваа година, Групацијата продолжува да ја спроведува својата стратегија на раст и развој, успешно го заврши купувањето на друштвото АЛТА Склади и влезе на македонскиот пазар на пензиски осигурувања. Триглав Осигурување Скопје, кој е дел од Групацијата Триглав, во првиот квартал од 2019-та година работеше добро во својата основна дејност и ја зачува лидерската позиција на македонскиот пазар на неживотно осигурување.

Профитабилно работење. Групацијата Триглав во првото тримесечје од 2019-та година, оствари добивка пред оданочување во висина од 29,9 милиони евра (индекс 108 во однос на истиот период минатата година). На тоа влијаеше доброто работење во осигурителната дејност и повисоката нето добивка од продажбата на финансиски производи.

Раст на премија од 8%. Околностите на осигурителните пазари во југоисточна Европа оваа година остануваат под влијание на позитивните економски околности во последните неколку години, а истовремено на работењето влијае и заострената конкуренција во подрачјето на цени. Групацијата Триглав во првото тримесечје оваа година, во однос на истиот период минатата година, оствари раст на фактурираната консолидирана бруто премија од 8%, што вкупно изнесува 317 милиони евра. Групацијата во поголемиот дел од пазарите бележи раст на премија над растот на премија на целокупниот пазар. Во Словенија, каде Групацијата Триглав има 76-процентен удел на консолидирана премија, растот на премија беше во просек 6% (пазарниот изнесуваше 5%), додека на пазарите надвор од Словенија растот изнесуваше 10%.
Групацијата Триглав систематски ги спроведува зацртаните насоки од својата стратегија – ја прилагодува понудата кон потребите на клиентите од одредениот пазар, ги развива своите продажно-комуникациски канали (особено на пазарите вон Словенија, ја шири договорно- продажната мрежа и банкарскиот продажен канал) и спроведува активна маркетиншка продажна политика.

Гледано од аспект на поединечни сегменти на осигурување Групацијата оствари раст на премија кај сите видови на имотни осигурувања, а растот на целокупниот сегмент изнесуваше 9%. Во сегментот на осигурувања на живот и пензиските осигурувања премијата е намалена за 2%, превенствено поради пониската еднократна премија на осигурување, споредено со истиот период минатата година. Премиите од здравствено осигурување се зголемија за 20%, како последица на поголем број на склучени договори за осигурување и прилагодување на цените, на кои што влијание првенствено имаат обемот и растот на цени на здравствените услуги.

Релативно поволни штетни настани. Фактурираните бруто износи на штети на Групацијата беа пониски за 3% во однос на истиот период минатата година и изнесуваа 166 милиони евра. Масовните штетни настани немаа поголемо влијание на овие износи. Нето трошоците за штети беа на очекуваната висина во споредба со оние од минатата година, кои беа релативно ниски, повисоки за 6%. Нивниот раст е 1 процентен поен над растот на нето приходите од премијата за осигурување во првото тримесечје оваа година (индекс 105), поради што коефициентот на штети ова тримесечје е нешто повисок од минатогодишниот. Комбинираниот коефициент на Групацијата Триглав изнесуваше поволни 91,6% (88,5% минатата година)

Зголемен обем на средства за управување. Управувањето со имот во Групацијата Триглав опфаќа штедење преку услуги на осигурување и вложување во взаемни и пензиски фондови. Друштвото ќерка за управување, Триглав Склади, при крај на првото тримесечје го зголеми обемот на срества за управување, на што влијаеа приликите на пазарите на капитал и нето приливот. Во взаемните фондови се управуваше со 662 милиони евра нето вредност на средствата, или со 9% повеќе, отколку при крај на 2018-та година, додека средствата за индивидуално управување со имот се зголемија за 20%, на 60 милиони евра.

Во 2019-та година групацијата Триглав, во согласност со стратешките насоки за јакнење на дејноста за управување со имот, на македонскиот осигурителен пазар основаше друштво за управување со задолжителни и доброволни пензиски фондови, Триглав пензиско дршутво АД, Скопје. Во Словенија успешно го заврши купувањето на друштвото за управување Алта Склади.
Со двете друштва за управување групацијата Триглав стана водечки понудувач на взаемни фондови на словенечкиот пазар.

Реализирани повисоки приноси од финансиски вложувања. Групацијата, при крајот на март 2019-та година располагаше со 3,2 милјарди евра финансики инвестиции. Нивните приноси (без приносите од вложувањата на осигурениците на живот, кои го превземаат инвестицискиот ризик) изнесуваа 33,5 милиони евра, а на нивното зголемување, во споредба со минатата година, влијаеа повисоките нето приходи од продажба на финансиските средства и повисоките нето приходи поради промената на чесната/фер вредност. Нето приходите од камати, поради ниските каматни стапки сеуште се намалуваат.

Претседателот на Управата на Заваровалница Триглав, Андреј Слапар изјави: „Со работењето во првите три месеци од оваа година сме задоволни, а имајќи ги во вид предвидените околности до крајот на годината, ја потврдуваме најавата за планираниот годишен резултат. Со тим од над 5 илјади вработени ја следиме зацртаната стратегија и го развиваме Триглав во насока на современа, иновативна и динамична осигурителна и финансиска групација, која цврсто останува на водечката позиција во Словенија и пошироко, во регионот.“

Групацијата Триглав на македонскиот пазар

Експертизата, квалитетот на понудата и стратешкото управување со компанијата и со нејзините процеси придонесоа кон перформансите на Триглав Осигурување Скопје во првиот квартал од 2019-та година и доброто работење во основната, осигурителната дејност. Во овој квартал компанијата оствари подобар комбиниран коефициент, споредено со резултатот во истиот период минатата година, како и намалување на бруто оперативните трошоци и останати осигурителни расходи. Во овој квартал Триглав достигна и значајни 52% пораст во бруто полисираната премија во доменот на приватното доброволно здравствено осигурување.

„Триглав Осигурување Скопје останува на својот зацртан пат, одреден со стратегијата и со добрата пракса. Во првиот квартал од оваа година повторно понудивме одлични нови можности за клиентите. Ги дополнивме производите за доброволно приватно здравствено осигурување со понудата на осигурување од малигни заболувања, производ кој ги третира најтешките проблеми на нарушено здравје на клиентите и кој има за цел материјално да ја покрие севкупната процедура на лекување на дијагностицирана малигна болест, почнувајќи од дијагноза, преку операции, до радио и хемотерапии. Воведовме и онлајн апликација за купување на здравствено-патничко осигурување, а секако работиме и на многу други можности, кои треба да го олеснат и подобрат животот на нашите клиенти. Тие се нашиот главен фокус и се трудиме да бидеме нивен партнер, да ги антиципираме нивните потреби и да излеземе во пресрет на нивните желби“, изјави во оваа прилика главниот извршен директор на компанијата, г. Ѓорѓе Војновиќ.

Триглав Осигурување Живот, членка на групацијата Триглав, која на крајот на 2017-та година започна да нуди осигурување на живот со компонента на штедење на македонскиот пазар, во првиот квартал од 2019-та година обезбеди 22% раст на бруто полисирана премија, споредено со истиот период минатата година. Компанијата продолжува активно да работи на едукација на пазарот за важноста и бенифитите на осигурувањето на живот, како и на збогатување на портфолиото на производи, согласно потребите на пазарот.

Осигурување

Осигурување Македонија а.д. ВИГ оствари добивка од 57,1 милион денари во првото полугодие од 2019 година

Објавено

на

Осигурување и реосигурување МАКЕДОНИЈА, Скопје – Виена Иншуренс Груп во првото полугодие на 2019 година дејствуваше во насока на исполнувањето на целите од деловната политика и на стратегиските цели. (more…)

Продолжи со читање

Осигурување

Групација Триглав повторно доби висок кредитен рејтинг “A”, со стабилна среднорочна прогноза од страна на S&P

Објавено

на

S&P повторно додели висок кредитен рејтинг “A” – Триглав оценет како групација со моќна капитална основа и стабилно, профитабилно работење. (more…)

Продолжи со читање

Осигурување

Оглас за вработување во Агенција за супервизија на осигурување

Објавено

на

Врз основа на член 35 од Закон за административни службеници („Службен весник на Република Македонија” бр. 27/14, 199/14, 48/15, 154/15, 5/16, 142/16 и 11/18) и Уредбата за спроведување на постапката за вработување на административни службеници („Службен весник на Република Македонија” бр. 27/18), а во врска со член 20-г од Закон за вработени во јавен сектор („Службен весник на Република Македонија” бр. 27/14, 199/14, 27/16 и 35/18) и Правилникот за задолжителните елементи на јавниот оглас за пополнување на работно место во јавниот сектор преку вработување и пријавата за вработување, како и формата, содржината и начинот на водење на регистарот на лица кои дале лажни податоци при вработување во јавен сектор („Службен весник на Република Македонија” бр. 34/15), Агенцијата за администрација објавува

ЈАВЕН ОГЛАС БРОЈ –  103/2019

за вработување на  3 државни службеници од група I, подгрупа I во Агенција за супервизија на осигурување за следните работни места

1. АСО0101В01012 Советник за работи непосредно поврзани со Советот на експерти, Дирекција за работи непосредно поврзани со Советот на експерти(1) извршител(и)

Општи услови
–   да е државјанин на Република Македонија,
–   активно да го користи македонскиот јазик,
–   да е полнолетен,
–   да има општа здравствена способност за работното место,
–   со правосилна судска пресуда да не му е изречена казна забрана на вршење професија, дејност или должност.

Посебни услови
– ниво на квалификациите VI А според Македонската рамка на квалификации и стекнати најмалку 240 кредити според ЕКТС или завршен VII/1 степен, Политички науки, Правни науки, и Oрганизациони науки и управување (менаџмент во осигурување)
– најмалку 3 (три) години работно искуство во струката

Општи работни компетенции
– решавање проблеми и одлучување за работи од својот делокруг
– учење и развој
– комуникација
– остварување резултати
– работење со други/тимска работа
– стратешка свест
– ориентираност кон странките/засегнати страни и
– финансиско управување

Посебни работни компетенции
– активно познавање на компјутерски програми за канцелариско работење
– активно познавање на еден од трите најчесто користени јазици на Европската унија (англиски, француски, германски)

Распоред на работно време
–   Работни денови понеделник-петок
–   Работни часови неделно 40
–   Работно време од 07:30 до 15:30
–   Опис за работното време cо почеток на работното време помеѓу 7:30 и 08:30 часот и завршеток на истото помеѓу 15:30 и 16:30 часот

Паричен нето износ на плата: 41.611,00 денари
НАПОМЕНА: Предвидени вработувања согласно годишниот план на институцијата за 2019 год. се : Албанец(ка) 1.

2. АСО0101В01009 Советник за финансиско сметководствени работи, Дирекција за финансиско сметководствени работи, Стручна служба за општи и административни работи(1) извршител(и)

Општи услови
–   да е државјанин на Република Македонија,
–   активно да го користи македонскиот јазик,
–   да е полнолетен,
–   да има општа здравствена способност за работното место,
–   со правосилна судска пресуда да не му е изречена казна забрана на вршење професија, дејност или должност.

Посебни услови
– ниво на квалификациите VI А според Македонската рамка на квалификации и стекнати најмалку 240 кредити според ЕКТС или завршен VII/1 степен, Eкономски науки и Организациони науки и управување (менаџмент во осигурување)
– најмалку 3 (три) години работно искуство во струката

Општи работни компетенции
– решавање проблеми и одлучување за работи од својот делокруг
– учење и развој
– комуникација
– остварување резултати
– работење со други/тимска работа
– стратешка свест
– ориентираност кон странките/засегнати страни и
– финансиско управување

Посебни работни компетенции
– активно познавање на компјутерски програми за канцелариско работење
– активно познавање на еден од трите најчесто користени јазици на Европската унија (англиски, француски, германски)

Дополнителни услови
– уверение за сметководител/овластен сметководител

Распоред на работно време
–   Работни денови понеделник-петок
–   Работни часови неделно 40
–   Работно време од 07:30 до 15:30
–   Опис за работното време cо почеток на работното време помеѓу 7:30 и 08:30 часот и завршеток на истото помеѓу 15:30 и 16:30 часот

Паричен нето износ на плата: 41.611,00 денари
НАПОМЕНА: Предвидени вработувања согласно годишниот план на институцијата за 2019 год. се : Турчин(ка) 1.

3. АСО0101В04004 Помлад соработник за теренска супервизија, Дирекција за теренска супервизија, Стручна служба за супервизија(1) извршител(и)

Општи услови
–   да е државјанин на Република Македонија,
–   активно да го користи македонскиот јазик,
–   да е полнолетен,
–   да има општа здравствена способност за работното место,
–   со правосилна судска пресуда да не му е изречена казна забрана на вршење професија, дејност или должност.

Посебни услови
– ниво на квалификациите VI Б според Македонската рамка на квалификации и стекнати најмалку 180 кредити според ЕКТС или завршен VII/1 степен, Правни науки, Економски науки и Организациони науки и управување (менаџмент во осигурување)
– со или без работно искуство во струката

Општи работни компетенции
– решавање проблеми и одлучување за работи од својот делокруг
– учење и развој
– комуникација
– остварување резултати
– работење со други/тимска работа
– стратешка свест
– ориентираност кон странките/засегнати страни и
– финансиско управување

Посебни работни компетенции
– активно познавање на компјутерски програми за канцелариско работење
– активно познавање на еден од трите најчесто користени јазици на Европската унија (англиски, француски, германски)

Распоред на работно време
–   Работни денови понеделник-петок
–   Работни часови неделно 40
–   Работно време од 07:30 до 15:30
–   Опис за работното време cо почеток на работното време помеѓу 7:30 и 08:30 часот и завршеток на истото помеѓу 15:30 и 16:30 часот

Паричен нето износ на плата: 29.458,00 денари
НАПОМЕНА: Предвидени вработувања согласно годишниот план на институцијата за 2019 год. се : Албанец(ка) 1.

Условите наведени во огласот, кандидатите треба да ги исполнуваат во моментот на пријавувањето во електронска форма преку корисничкиот профил креиран на интернет страницата на Агенцијата за администрација.

Рокот за пријавување изнесува  15 дена, сметано од денот на објавувањето на огласот. По истекот на рокот за пријавување, огласот ќе биде отстранет од интернет страницата на Агенцијата.
Кандидатите се должни пријавата да ја пополнат во целост, прецизно и со точни податоци. Пријавените кандидати на јавниот оглас, ќе бидат известени за времето и местото на одржување на секоја следна фаза од постапката за селекција на административен службеник, на интернет страницата на Агeнцијата за администрација.

Фаза 1 – административна селекција се спроведува во рок од 15 дена од завршувањето на објавениот оглас.

Фаза 2 – испит за административен службеник се спроведува во рок кој не може да биде пократок од 10, а подолг од 30 дена од завршувањето на фаза 1 и истата се снима и емитува во живо на интернет страницата на Агенција за администрација.

Фаза 3 – проверка на веродостојност на докази и интервју се спроведува во рок од 10 дена од завршување на фаза 2.

Продолжи со читање

Популарно

Copyright © 2018 bankarstvo.mk. All Rights Reserved. Developed by Digital Orange