Connect with us

Осигурување

Групацијата Триглав за првите девет месеци од 2019 година оствари добивка од 72 милиони евра

Објавено

на

Во првите девет месеци од оваа година, Групацијата Триглав реализираше 905,5 милиони евра консолидирани бруто премии, што е за десет проценти повеќе отколку во истиот период лани.

Досега, побарувањата за отштета се релативно поволни, со бруто побарувања платени од Групацијата во износ од 505,5 милиони евра (индекс 102), пренесува Триглав.

Во првите девет месеци од оваа година, Групацијата оствари 72 милиони евра консолидирана добивка пред оданочување, што е за три проценти повеќе во однос на истиот период од претходната година.

Добивката од техничкиот дел од работењето изнесува 54,7 милиони евра, што е за 13% повеќе во однос на истиот период лани.

Добивката на финансиска инвестиција во осигурителната индустрија изнесува 14,9 милиони евра, што е намалување од минатата година (индекс 76), водено од негативни камати, кои продолжуваат да ги намалуваат нето приходите од камата. Поради натамошно намалување на каматните стапки оваа година, Групацијата создаде соодветни резерви.

Осигурување

АСО предупредува: Детектирани случаи на нудење осигурителни услуги од друштва кои немаат дозвола за работа во земјава

Објавено

на

Врз основа на следење на состојбата на осигурителниот пазар во земјата, посебно во делот на рекламирање  и продажба на осигурителни производи, Агенцијата за супервизија на осигурување во последно време детектира случаи на нудење, рекламирање и склучување на полиси за осигурување издадени од странски друштва за осигурување (особено од Република Бугарија) кои немаат дозвола за вршење работи на осигурување од Агенцијата за супервизија на осигурување. (more…)

Продолжи со читање

Осигурување

Приливи од над 18 милиони денари во пензиските фондови Сава пензиски фонд и Сава пензија плус

Објавено

на

Сава пензиско друштво а.д. Скопје инвестирајќи ги пензиските заштеди на членовите акумулирани во пензиските фондови Сава пензиски фонд и Сава пензија плус, остварува приливи по основ на камати и дивиденди во пензиските фондови. На овој начин расте вредноста на пензиските заштеди и се обезбедува соодветна пензија за членовите. (more…)

Продолжи со читање

Осигурување

Кроациа Oсигурување – Неживот А.Д. Скопје го имплементираше системот за квалитет согласно ИСО стандардот

Објавено

на

Кроациа Oсигурување – Неживот А.Д. Скопје – друштво за неживотно осигурување го имплементираше системот за квалитет согласно стандардот ИСО 9001:2015. (more…)

Продолжи со читање

Популарно