Connect with us

Осигурување

Групацијата Триглав го купува словенечкото друштво за управување со средства Алта Склади

Објавено

на

Триглав Склади, член на Групацијата Триглав, на 21.09.2018 година, потпиша договор за купопродажба со продавачот Алта Група за стекнување на 100% удел во друштвото АЛТА Склади, друштво за управување со средства. Договорот е потпишан под одложени услови, помеѓу останатото и за добивање согласност од страна на регулаторот. Висина на цената за  купопродажба, без прилагодувања за нето долгот, изнесува 21,7 милиони евра, при што дел од купопродажната цена е условен со идни вложувања во средства во стекнатата компанија. Купопродажбата е во согласност со стратешките насоки на Групацијата Триглав, кои во стратешкиот период до 2020 година предвидуваат јакнење во областа на управување со средства, што покрај осигурувањето, е втор најсилен столб во работењето на водечката осигурително – финансиска групација во Словенија и во регионот Адриа. Интегрирањето на двете друштва за управување со средства во рамките на Групацијата Триглав, за клиентите претставува цврста гаранција дека и во иднина ќе им бидат на располагање најквалитетните услуги за управување со нивните средства.

Друштвото АЛТА Склади со пазарен удел од речиси 10%, е петто најголемо друштво за управување со средства на словенечкиот пазар на взаемни фондови. Преку 22 взаемни фондови, друштвото управува со повеќе од 270 милиони евра средства на своите клиенти. Групацијата Триглав има долгогодишна традиција и богато искуство на словенечкиот пазар на взаемни фондови. Друштвото Триглав Склади на словенечкиот пазар е присутен од 1994 година, а со пазарен удел од 26% го зазема второто место. Со своите 17 взаемни фондови и индивидуални портфолија, успешно оплеменува повеќе од 750 милиони евра средства на своите клиенти, на коишто им нуди богат избор на инвестициски можности и видови на штедење.

Купопродажбата на друштвото АЛТА Склади е значаен чекор на Групацијата Триглав во развојот на дејноста на управување со средства. Групацијата Триглав на овој начин го зголеми нивото на средствата за управување и стекна дополнителен број на клиенти на кои може да им ги понуди своите квалитетни и комплетни услуги и производи. Предвидениот синергиски ефект на поврзување на двата управувачи во рамките на Групацијата, се цврст темел за иден развој и делување на Групацијата Триглав.

Домашни банки

Халкбанк ќе отвори своја осигурителна компанија

Објавено

на

По информацијата објавена од Македонската берза дека акциите на „Нова Осигурување АД Скопје” се продадоа за вкупно 3,2 милиони евра во две блок-трансакции, „Халкбанк АД Скопје” и официјално потврди дека сега поседуваат 100 отсто од капиталот на осигурителната компанија.

(more…)

Продолжи со читање

Осигурување

КРОАЦИЈА ОСИГУРУВАЊЕ ОСТАНУВА СИГУРЕН ПАРТНЕР НА МАКЕДОНСКИОТ РЕПРЕЗЕНТАТИВЕН РАКОМЕТ

Објавено

на

Во пресрет на дваесет и шестото Светско првенство во ракомет, кое од утре (10.01.) до 27-ми јануари се одржува во Германија и Данска, Кроација осигурување – Друштво за неживотно осигурување го продолжи парнерството со Ракометната федерација на Македонија. На тој начин компанијата даде придонес во обезбедување на неопходните предуслови за уште едно успешно учество на нашите репрезентативци на најголемото ракометно натпреварување оваа година.  (more…)

Продолжи со читање

Осигурување

Кроација Осигурување – Живот го демантира Винер Лајф со Факти

Објавено

на

Кроација Осигурување – Живот го демантира Винер Лајф со Факти откако во јавноста беше објавено интервју со Марко Дамевски, Менаџер за продажба во Винер Лајф. (more…)

Продолжи со читање

Популарно

Copyright © 2018 bankarstvo.mk. All Rights Reserved. Developed by Digital Orange