Connect with us

Странски банки

Групацијата ПроКредит се придружува на партнерството за сметководствени финансии за јаглерод (Partnership Carbon Accounting Financials)

Објавено

на

Уште од своето основање, групацијата ПроКредит се стреми да промовира еколошки чувствителен економски развој на пазарите во развој на кои работи.  ПроКредит банките се пионери во однос на интегрирањето на размислувањата за климатските промени во нивните односи со малите и средни претпријатија (МСП), како и во нивните внатрешни активности.

Групацијата ПроКредит, која е главно активна во Југоисточна и Источна Европа, повеќе години известува транспарентно за различни нефинансиски показатели и активности насочени кон одржливост на своите деловни активности во согласност со ГРИ стандардите („основна“ опција) (Извештај за влијание на ПроКредит 2020).

ПроКредит Банките ги фокусираат своите банкарски односи на МСП кои ги исполнуваат строгите стандарди за ЕСГ и кои имаат најголем потенцијал да создадат еколошки одржливо богатство и вработување во локалните економии. Кредитните активности на банките особено поддржуваат инвестиции во иновативни и зелени технологии. Портфолиото на зелени заеми веќе претставува приближно 20% од вкупното портфолио на групацијата.

Како дел од стратегијата за справување со климатските промени, групацијата ПроКредит разви свој пристап за проценка на избегнување на емисиите на стакленички гасови (СГ) и заштеда на енергија посебно постигната преку зелени инвестиции направени од МСП на пазарите во развој. Сега, спроведувањето на меѓународно призната методологија PCAF за сметководство на емисиите на стакленички гасови дополнително ќе ја зголеми транспарентноста во нејзините комуникации во врска со аспектите на одржливоста на вкупното портфолио на заеми и сопствените инвестиции.

„Економскиот развој во земјите во кои работиме генерално вклучува зголемена побарувачка за енергија доколку не се компензира со енергетски ефикасни инвестиции или инвестиции во обновливи извори на енергија. Имплементацијата на меѓународно призната методологија за мерење и откривање на емисиите на стакленички гасови на нашето кредитно портфолио и инвестиции го зајакнува нашиот сопствен пристап, но во исто време ги интегрира нашите пазари во глобални системи“, објаснува Менаџментот на ПроКредит Холдинг AG & Co KGaA, матична компанија на групацијата ПроКредит.

Деловниот пристап на групацијата ПроКредит не само што има за цел да го намали влијанието врз внатрешната и надворешната средина, туку и промовира заеми и инвестиции кои имаат позитивно влијание врз животната средина.

На пример, според сеопфатните критериуми на групацијата за исклучување (види Кодекс на однесување), секоја кредитна операција подразбира проценка на еколошките и социјалните ризици како составен дел од анализата на кредитниот ризик. Целта на ова е да се минимизира ат ризиците и да се процени потенцијалното влијание на инвестициите.

За ПроКредит Холдинг АГ и ко. КГаА

ПроКредит Холдинг АГ и ко КГаА, со седиште во Франкфурт на Мајна, Германија, е компанија-мајка на групацијата ПроКредит која е развојно ориентирана и составена од комерцијални банки за мали и средни претпријатија (МСП). Покрај работниот фокус во Југо-источна и Источна Европа, Групацијата ПроКредит исто така е активна во Јужна Америка и Германија. Со акциите на компанијата се тргува на делот Прајм Стандард од Франкфуршката берза. Во главните акционери во ПроКредит Холдинг АГ и ко. КГаА спаѓаат стратешките инвеститори Zeitinger Invest и ProCredit Staff Invest (инвестициски инструмент на вработените во ПроКредит), the Dutch DOEN Participaties BV, KfW Development Bank и IFC (дел од Групацијата на Светска банка). Како надредена компанија според Германскиот закон за банкарство, ПроКредит Холдинг АД и Ко. КГаА е под надзор на консолидирано ниво од страна на Германските федерални финансиски надзорни власти (Bundesanstalt für Finanzdienstleistungsaufsicht, BaFin) и германската Бундесбанк. Сите останати информации се достапни на интернет на www.procredit-holding.com

За Партнерството за сметководствени финансии за јаглерод (PCAF)

Во септември 2019 год., беше лансирано Партнерството за сметководствени финансии за јаглерод (PCAF) на глобално ниво. Во моментот, повеќе од 140 банки и инвеститори се придружија на иницијативата PCAF. Учесниците на PCAF работат заедно за развој на Глобалниот стандард за сметководство и известување за стакленички гасови за финансиската индустрија за мерење и откривање на емисиите на стакленички гасови од нивните заеми и инвестиции. Притоа, учесниците на PCAF преземаат важен чекор кон проценка на ризиците поврзани со климата, поставување цели во согласност со Парискиот договор за климата и развивање ефективни стратегии за декарбонизирање на општеството. За дополнителни информации одете на https://carbonaccountingfinancials.com/

Странски банки

ПроКредит Групацијата постигна значителни резултати последните 9 месеци со принос на капиталот од 13,6%

Објавено

на

Групацијата ПроКредит, која главно е активна во Југоисточна и Источна Европа, објави висок финансиски резултат од 94,0 милиони евра за првите девет месеци од 2023 година. Приносот на капиталот значително се подобри на ниво од 13,6 %, со што се нагласуваат среднорочните проекции на групацијата. Добриот резултат главно беше поттикнат од континуираната позитивна динамика на нето-каматната маржа, како и од подобрениот коефициент трошоци-приходи од 58,7%. Стабилните показатели за кредитниот ризик доведоа до умерена цена на ризикот од 20 базични поени, каде спаѓаат и дополнителните резервации за загуби резервирани во третиот квартал на работењето на групацијата во Украина. Како резултат на силниот оперативно-финансиски развој во целата групација, Управниот одбор реши на 26 октомври 2023 година повторно да ги подигне проекциите за финансиската 2023 година. (more…)

Продолжи со читање

Странски банки

ЕБОР го назначи Фатих Туркменоглу за нов шеф на Банката во Северна Македонија

Објавено

на

Европската банка за обнова и развој (ЕБОР) го назначи Фатих Туркменоглу за нов шеф на Северна Македонија. Тој ќе ја преземе функцијата на 1 ноември и ќе ја води канцеларијата на Банката во Скопје. (more…)

Продолжи со читање

Странски банки

ПроКредит Холдинг АД: Успешно спроведена трансформација во акционерско друштво

Објавено

на

Матичната компанија на развојно ориентираната Групација ПроКредит успешно ја заврши трансформацијата на својата правна форма во акционерско друштво (AG). Трансформацијата беше завршена со внесување на ПроКредит Холдинг АД во трговскиот регистар на 27.9.2023 година. Претходно, на Годишното генерално собрание одржано на 5.6.2023 година беше донесена одлука за одобрување на промената на правна форма со многу големо мнозинство. Трансформацијата во акционерско друштво има за цел дополнително да го подобри прифаќањето на инвеститорите, особено меѓу учесниците на меѓународниот пазар, а, во исто време, да ја поедностави корпоративната структура. Деловниот фокус на ПроКредит Холдинг, особено со акцент на Југоисточна и Источна Европа и неговата посветеност да се постигне влијание, остануваат непроменети. (more…)

Продолжи со читање

Популарно