Connect with us

Домашни банки

Групацијата ИутеKредит со зголемена исплата на кредити за 86%

Објавено

на

Меѓународната фин-тек компанија ИутеКредит со потекло од Естонија, ја зголеми исплатата на кредити за 86% во рок од една година, на 152 милиони евра. ИутеКредит со своето претставништво во Македонија користи иновативни технички решенија за примање апликации за кредит, кои овозможуваат нивно брзо процесирање и проценка на ризикот.

Според извршниот директор на групацијата ИутеКредит, Тармо Силд, речиси сите финансиски показатели значително се зголемиле во рок од една година. Покрај тоа што заемите издадени во пет различни земји се зголемени од 82 на 152 милиони евра, приходите од камати се зголемени за скоро 108%, што е за повеќе од двојно, од 22,6 на 47,0 милиони евра. Исто така, заработката на компанијата пред оданочување и амортизација (EBITDA) се зголеми за 56,2% на 20,2 милиони евра, додека пак нето-добивката на ИутеКредит за истиот период е зголемена на 8,4 милиони евра.

„Овој раст е предводен од паметна технологија и високото ниво на услуга која им се нуди на клиентите. Хај-тек компаниите денес не прават чуда. Клучот за успехот е во можноста да се одржи човечката димензија на услугата кон клиентите, дури и кога значителен дел од работата е автоматизиран“, објасни Силд. „Како естонска компанија, се потпираме на успешната приказна на “е-Естонија”, која доста ни помага“.

За 2020 година, ИутеКредит има за цел да издаде кредити во износ до 210 милиони евра на над 300 илјади клиенти. Тоа би значело вкупниот приход да изнесува најмалку 70 милиони евра.

„За да ги добиеме овие резултати, ќе придонесеме за зголемување на надлежностите на нашите тимови, со цел да ги анализираме податоците и да ги искористиме сите можности на нашата техничка платформа. Исто така, ние веруваме во исклучителниот однос кој го имаме со клиентите кои се навраќаат кај нас, поради придобивките и искуството што го добиваат“, објасни Силд.

„Друг важен развој за нас како групација е фактот дека бизнисот на ИутеКредит стана оперативен на два нови пазари, Бугарија и Босна и Херцеговина, на кои очекуваме брз раст во текот на следниот период. Покрај тоа, иновативноста на нашите продукти не придонесува само за брзи и лесни апликации за кредит, туку и за комплетно нови придобивки за нашите клиенти. Особено сме горди што сме првата финансиска небанкарска компанија во Македонија што нуди платежни картички од брендот Мастеркард“, дополнува Силд.

ИутеКредит е меѓународна фин-тек компанија за микро-кредитирање со потекло од Естонија, која се фокусира најмногу на кредити на рати, вклучувајќи и кредити за автомобили. Просечниот период на кредит е 18 месеци. Денес, Иутекредит стана водечка компанија за микро-кредити во Европа со биланс на состојба од 100 милиони евра и повеќе од 200 000 активни клиенти. Компанијата се финансира преку јавно тргувани обврзници кои котираат на берзата во Франкфурт.

ИутеКредит во Македонија е присутна во шест градови и опслужува приближно 50 000 локални клиенти. Компанијата има повеќе познати трговски партнери во малопродажба како што се компаниите Нептун, Сетек и други.

Покрај Македонија, ИутеКредит работи и во Молдавија, Албанија, Бугарија и Босна и Херцеговина. Портфолиото на деловни партнери на ИутеКредит вклучува државни поштенски услуги, меѓународни телеоператори Оринџ, ВодаФон, Дојче Телеком, големи продавници за електроника, итн.

Целосниот неревидиран извештај за 12М/2019 е достапен на: https://iutecredit.com/investor-relations/#reports

Дополнителни информации: Прес центар на ИутеКредит press@iutecredit.com

Домашни банки

ТТК Банка АД Скопје ја прошири мрежата на банкомати

Објавено

на

Со цел да овозможи подостапни услуги на корисниците,ТТК Банка АД Скопје ја прошири своjата мрежа на банкомати со поставување нови банкомати на две локации. (more…)

Продолжи со читање

Домашни банки

Известување од ЦКБ за исплата на средства на корисниците на парични права од социјална заштита за месец ноември

Објавено

на

Централна кооперативна банка АД Скопје ги известува своите клиенти дека во насока на намалување на ризикот и заштита на здравјето на клиентите и вработените во Банката, средствата по основ на примања од социјални права за месец ноември ќе се исплатат во две групи. (more…)

Продолжи со читање

Домашни банки

Борут Вујчич нов член на Надзорниот одбор на НЛБ Банка

Објавено

на

НЛБ Банка преку соопштение на Македонска берза ја известува јавноста за измени во органите на управување односно Надзорниот одбор на Банката. (more…)

Продолжи со читање

Популарно