Connect with us
P2_P_MK_1600x400

Интервјуа

Груевски ќе работи во Унгарската народна банка?

Објавено

на

Избеганиот експремиер и пратеник, сегашен азилант Никола Груевски во Будимпешта даде ексклузивно интервју за телевизија Сител, кое го водеше новинарката Славица Арсова.

Груевски на прашањето дали се точни гласините дека ќе се вработува во Унгарската народна банка, не даде конкретен одговор, но ниту го одрече истото. Тој изјави дека во моментов се посветува на решевање на некои други прашања, но дека во иднина сигурно професионално ќе се занимава со работа согласно неговите квалификации.

Азилантот Груевски во извадокот од интервјуто од Будимпешта денеска на Сител не одговори дали ја користел личната карта за да излезе од Македонија, им порача на безбедносните служби во МВР да поработат малку и сами да откријат. Од Албанија, рече, натамошното движење му било со личната карта, а во Унгарија влегол со издадениот документ од унгарската амбасада во Тирана.

Власта сигурно нема да ми помогне, но затоа може нешто лошо да ми направи“, ѝ одговори тој на новинарката Арсова на ТВ Сител која го праша дали некој од власта му помогнал да избега.

Интервјуа

Министерот за финансии, Драган Тевдовски за Гласот на Америка: ММФ ја зголеми проекцијата за Северна Македонија

Објавено

на

Министерот за финансии, Драган Тевдовски за Гласот на Америка (VoA на македонски јазик) реализираше интервју во текот на вчерашниот ден, како дел од Пролетните средби на ММФ и групацијата на Светската банка во Вашингтон.

ММФ и светска банка ги намалија прогнозите за растот на светската економија поради незивесноста што постои, но најважно е што во услови кога кај најголемиот дел од земјите во светот ги намалуваат проекциите за растот, за нашата земја ја зголемија проекцијата од 2,8 на три проценти. Тоа покажува дека земјата се движи во добра насока, дека економијата закрепнува и дека веќе почнува да остварува и подобри стапки на раст.” – истакна министерот Тевдовски.

Целосното интервју погледнете го во продолжение:

Тевдовски посочи и дека сите показатели укажуваат на тоа дека економијата оди напред, односно дека македонската економија е закрепната и дека може да остварува добри стапки на раст.

Продолжи со читање

Интервјуа

Гувернерката, Анита Ангеловска-Бежоска за Гласот на Америка: Денарот е стабилен, очекуваме раст од речиси 4%

Објавено

на

Гувернерката на Народната банка, Анита Ангеловска-Бежоска за Гласот на Америка (VoA на македонски јазик) реализираше интервју во текот на вчерашниот ден, како дел од Пролетните средби на ММФ и групацијата на Светската банка во Вашингтон. (more…)

Продолжи со читање

Интервјуа

Интервју со Цветан Петринин, Претседател на Управен Одбор на Капитал Банка АД Скопје

Објавено

на

На почетокот на тековната 2019 година, се обраќаме до банките во Република Северна Македонија со цел објавување на очекувањата на водечките банкари во нашата земја од аспект на предизвиците со кои ќе се соочат Банките во периодот што следи. (more…)

Продолжи со читање
project

Популарно

Copyright © 2018 bankarstvo.mk. All Rights Reserved. Developed by Digital Orange