Connect with us
P2_P_MK_1600x400

Останато

Граѓанските здруженија ги поздравуваат законските измени за извршителите, а извршителите во панка

Објавено

на

Од Граѓанското здружение “Но пасаран” кои беа нај гласни против извршителите и високите давачки за граѓаните се задоволни од најавените измени на Законот за извршители и нотаријат.

„Голем чекор напред против организираниот грабеж врз граѓаните  кои го прават извршителите.“ Вака гласи првичната оценка на некои од граѓанските активисти, кои долго време беа против законите за извршување и нотаријат, за законските измени кои пред два дена ги објави Владата.

Трошоците пред нотар за сметки од 3 000 денари ако досега изнесувале околу 3 500 денари, со законските измени ќе изнесуваат 550 денари. За истата сметка пред извршител ако граѓаните досега плаќаа над 5 илјади денари, сега трошокот ќе им изнесува само 660 денари, доколку нема потреба да се објави во службен весник.

Овие промени значително ќе влијаат врз балансот на извршителите и нотарите. Се работи за 16 ставки за кои досега граѓаните плаќаа пресметани заедно со основниот долг, а сега тие се укинуваат, додека пред нотарите ќе бидат ослободени од судски такси и од надомест за клаузула за правосилност и извршност. На вонреден состанок извршителите ќе договараат како ќе реагираат откако Владата им ги скрати тарифите. На состанокот, според информациите треба да се креира заедничкиот став и реакција, но се тврди дека повеќето извршители се лути и сметаат дека ова за некои од нив ќе значи и клуч на врата

Во постапките пред нотарите овие граѓани ќе бидат ослободени од судските такси и од надомест за клаузула за правосилност и извршност. Додека во постапката пред извршителите, според измените на законот, сите 16 ставки за кои досега граѓаните плаќаа одредена сума, со новата тарифа тие ќе бидат целосно бесплатни.

Останато

7% од кредитоспособните лица, лани зеле брз кредит

Објавено

на

Граѓаните се заинтересирани за услугите на финансиските друштва, познати како брзи кредити. Земаат просечно меѓу 200 и 400 евра кредит, а во минатата година седум отсто од кредитоспособното население во земјава било опслужено од овие финансиски друштва. Од година во година секторот расте, а за поголема сигурност за потрошувачите дел од овие друштва што работат во земјава формираа Асоцијација на финансиски друштва. (more…)

Продолжи со читање

Останато

Сузбивање на сивата економија е можно со здружена стратешка акција

Објавено

на

Проектот на УСАИД Партнерство за подобра бизнис регулатива одржа форум на тема: „Механизми за елиминација на сивата економија, имплементација и очекувани резултати“, во организација на Сојуз на стопански комори на Македонија. На високо ниво, претставниците на Владата, домашни и странски експерти, професори и истакнати стопанственици дискутираа за најголемите предизвици на компаниите во борбата со сивата економија, конкретни решенија за нејзино сузбивање како и очекуваните ефекти за стопанството и економијата од воведување  на нерегистираните субјекти во системот. (more…)

Продолжи со читање

Останато

Фондовите од вториот пензиски столб управуваат со милијарда евра на 490.000 идни пензионери

Објавено

на

На крајот на минатата година во двата отворени задолжителни фонда од вториот пензиски столб – КБ Прв пензиски фонд и Сава пензиски фонд членуваа вкупно 490.035 идни пензионери на кои од личниот доход им се издвојуваат средства во задолжителните пензиски фондови. На крајот на 2018 година тие управуваат со безмалку 1 милијарда евра средства на своите членови колку што се собрани во 13те години, односно од почетокот на пензиската реформа во 2006 година. Иако на самиот почетокот на реформата, стартната позиција на двете друштва беше иста, сепак КБ Прв пензиски фонд сега има повеќе членови, поголемо пазарно учество и управува со повеќе средства во споредба со другиот фонд, односно управува со портфолио кое е поголемо за околу 62 милиони евра. (more…)

Продолжи со читање
Unibanka_banner_300x250

Популарно

Copyright © 2018 bankarstvo.mk. All Rights Reserved. Developed by Digital Orange