Connect with us

Останато

Граѓанскиот сектор отсега ќе регистрира проекти во СЕП по електронски пат

Објавено

на

Дигитализацијата е клучна во борбата со корупцијата, а првиот контакт кога граѓаните се среќаваат со администрацијата се услугите, така што брзината и ефикасноста на обезбедувањето на јавните услуги е клучен чекор за задоволство или незадоволство од работата на институциите – ова беше заклучено на денешниот настан кој го организираше Центарот за управување со промени (ЦУП) во соработка со Секретаријатот за европски прашања (СЕП), а на кој беше презентирана новата електронска услуга за регистрација на проекти / донации.

На настаот свои обраќања имаа Никола Димитров, Заменик претседател на Владата задолжен за европски прашања, Рејчел Галовеј, Амбасадорка на Обединетото Кралство на Велика Британија и Северна Ирска, Неда Малеска Сачмароска, Извршна директорка на ЦУП и Гоце Арменски, Вонреден професор на ФИНКИ.

Веќе гледаме конкретни примери како дигиталната технологија може да го подобри квалитетот на живот и работните процеси и со ваквите конкретни резултати се надеваме дека ќе ги охрабриме и другите институции да пристапат кон дигитализација на јавните услуги, рече на почетокот на јавната презентација Неда Малеска Сачмароска, Извршна директорка на ЦУП

„Иако има многу, ќе посочам само два клучни сегменти поради кои сметаме дека овој настан е значаен. Имено, иницијативата за оваа нова електронска услуга коинцидираше со ковидкризата, но ја покажа и соработката и врската меѓу граѓанскиот сектор и јавните институции, како и поддршката на Британската амбасада кои секогаш имаат слух за граѓанските потреби“, потенцираше Малеска Сачмароска.

Дигиталните процеси овозможуваат поголема транспарентност што, пак, претставува успешна алатка во борбата против корупцијата, истакна заменик претседателот на Владата, Никола Димитров.

„Почнуваме успешна дигитална приказна која ќе донесе подобра соработка на СЕП со граѓанскиот сектор и ќе го направиме овој процес брз, ефикасен и едноставен. Важен следен чекор на кој започнавме да работиме е поврзување со системот на УЈП со цел електронско комплетирање на целата услуга. Освен избегнување на физичката комуникација и скратување на времето потребно за регистрација, се овозможува и лесен пристап за изработка на документите. Во СЕП дневно се поднесуваат во просек по 20 барања за регистрација на проекти или донации. Со дигитализацијата на овој процес ќе се обезбедат поквалитетни услуги, ќе се влијае на квалитетот на услугата, но и ќе стигнуваат помалку ургенции таму каде што како институција сме доцнеле.“, посочи заменик претседателот на Владата, Димитров.

Тој се заблагодари на поддршката на Британската амбасада, како и на понудената експертиза од страна на ЦУП, најавувајќи дека многу скоро ќе биде објавен и нов проект со Естонија – земја- модел за дигитализација, која ќе биде партнер и ментор на нашата земја во оваа важна област.

Дигитализацијата овозможува отчетност, односно поефикасна борба против корупцијата, а за многу луѓе тоа е единствената алатка за ефикасна комуникација со јавните институции, потенцираше Амбасадорката на Обединетото Кралство на Велика Британија и Северна Ирска, Рејчел Галовеј.

„Се надевам дека во иднина ќе имаме уште поуспешна и поголема дигитализација. Владините и невладините организации се клучни партнери во подобрувањето на стандардите во државата, а Британската амбасада е тука како партнер да го поддржи целокупниот процес на соработка и подобрување на јавните услуги. Исто така, го поддржуваме воведувањето и на дигиталните вештини, како на пример во текстилната и градежната индустрија, но и во образованието“, истакна Амбасадорката Галовеј.

Технологијата е важен, но најмал дел, додека процесот на промена на начинот на размислување се основата и токму тука лежи успехот или неуспехот во процесот на дигитализација, посочи професорот на ФИНКИ, Гоце Арменски, чија експертиза беше користена во рамките на спроведувањето на оваа нова дигитална услуга. Тој во детали ја презентираше дигиталната услуга за регистрација и заедно со тимовите на ЦУП и СЕП одговори на сите прашања поврзани со нејзината функционалност кои беа поставувани за време на јавната презентација.

„Се фокусиравме на транспарентноста која е многу важна во процесот на борба против корупцијата. Не само на поднесувањето, туку и на давањето одговор на прашањето „Каде е мојот проект во секој момент“. Исто така, креирана е и „Архива на одобрени барања“ каде на едно место секоја институција ќе може да ги најде сите генерирани потврди од страна на СЕП“, презентираше професорот Арменски.

Оваа нова електронска услуга за регистрација на проекти/донации е изработена во рамки на проектот „Дигитализација во јавниот сектор во РСМ за непречено функционирање“, финансиран од Владата на Обединето Кралство, со поддршка на Британската амбасада Скопје, а имплементиран од Центарот за управување со промени, во соработка со Секретаријатот за европски прашања.

Покрај оваа услуга, во рамките на овој Проект се изработени електронски услуги за потребите на Министерството за образование како што се нострификација на дипломите од основно, средно и високо образование во странство, електронски уписи во градинки и основно училиште, аплицирање на конкурсите за стипендии, а со изработениот позадински софтвер се овозможува и електронско водење и решавање на предметите од страна на комисиите во Министерството.

НБРМ

Во соработка со ИНФЕ-ОЕЦД и Министерството за финансии на Холандија се засилуваат активностите за спроведување на националната Стратегија за финансиска едукација и финансиска инклузија

Објавено

на

Спроведувањето на првата национална Стратегија за финансиска едукација и финансиска инклузија засилено напредува. Оттука, вчера и денес, финансиските регулатори од земјава предводени од Народната банка во рамките на Координациското тело за финансиска едукација и финансиска инклузија, заедно со Меѓународната мрежа за финансиска едукација при Организацијата за економска соработка и развој (ИНФЕ-ОЕЦД) во соработка со Министерството за финансии на Холандија, организираат работилница, во рамките на програмата на Конституенцата и програмата „Манивајс“ (Money Wise). (more…)

Продолжи со читање

Останато

Со новите измени на Законот, каматите нема да смеат да бидат повисоки од долгот!?

Објавено

на

Со измените на Законот за облигациони односи, каматите нема да смеат да бидат повисоки од долгот, смета Jован Митрески, координатор на пратеничката група на СДСМ и коалицијата. (more…)

Продолжи со читање

Останато

Колапс на приватниот сектор во Јапонија – бројот на банкротирани компании за една година се зголемил за неверојатни 49%

Објавено

на

Ефектот на Ковид-19 врз бизнисите во Јапонија предизвика огромен број банкроти од почетокот на воведувањето на анти-пандемиските мерки. (more…)

Продолжи со читање



Популарно