Connect with us

Осигурување

Граѓани од животно осигурување наплатиле 4,6 милиони евра за шест месеци

Објавено

на

Пет осигурителни компании исплатија 281,3 милиони денари (4,57 мил.евра) за осигурување живот на свои осигуреници во првите шест месеци годинава. Во споредба со истиот период лани исплатените износи (бруто исплатени штети БИШ), за осигурување живот кои осигуреници ги наплатиле, се зголемени за 42 отсто односно 1,36 милиони евра, покажуваат официјалните податоци на Агенцијата за супервизија на осигурување (АСО).

Осигурителните полиси за осигурување живот, во зависност од условите на договорот т.е.  полисата, покриваат ризици од смрт, инвалидитет, но воедно и многу често можат да бидат и начин на штедење. При тоа осигуреникот освен вложените средства може да добие и дел од приносот (камата) на вложените средства.

Најголемо учество во вкупната исплата имаат полиси за животно осигурување кај кои осигуреникот добива и дел од приносот (камата) на вложените средства. По тој основ во првото полугодие годинаа се исплатени 245,9 милиони денари (4 милиони евра).

Значајно за истакнување е тоа што во овој период компаниите исплатиле 86,77 милиони денари (1,4 мил.евра) на осигуреници кои одлучиле пред истек на договорениот рок за осигурување да ги повлечат своите вложени пари (таканаречен „откуп на полиса“). Во споредба со истиот период лани овој износ годинава е повисок за 36 отсто. Откупот на полиси во пракса може често да се случи доколку осигуреникот добие подобри услови за вложување во некоја од конкурентските компании за осигурување живот.

Кај набрзо растечкиот од продуктите на осигурување живот т.н. „јунит линкд“, кога осигуреникот го прифаќа ризикот од вложување во удели на инвестициски фондови, има тенденција на раст на исплати. За првите шест месеци годинава иматели на вакви полиси наплатиле 10,46 милиони денари (170.000 евра) и тоа е за 91 отсто повеќе од истиот период 2020 година.

Во првите шест месеци годинава граѓани и компании вложиле 908 милиони денари (14,76 милиони евра) или 9,6 отсто повеќе од истиот период лани.

Осигурување

Бројот на осигурани возила достигна 700.000, секое трето возило има зелена карта

Објавено

на

Сопствениците на возила во 2023 година вложиле 87 милиони евра во oсигурување од автомобилска одговорност. Во вкупните вложувања зелената карта учествува со 21 милиони евра. Сите цени за задолжителното автомобилско осигурување и за зелена карта ги регулира државата. АСО, Министерството за финансии и осигурителната индустрија работат на подготовките на процесот за либерализација на цените што е и еден од условите во пристапните преговори за членство во ЕУ. (more…)

Продолжи со читање

Осигурување

Очекувања на менаџментот на Групација Триглав за 2024 година

Објавено

на

Групацијата Триглав очекува умерени макроекономски услови во 2024 година, а нејзиното работење ќе зависи од случувањата на финансиските пазари, влијанието на укинувањето на дополнителното здравствено осигурување, реосигурувањето и пазарниот потенцијал на пазарите, каде што е присутна. Во 2024 година, Групацијата планира да има вкупен обем на работа од околу 1,6 милијарди евра и деловен резултат пред оданочување помеѓу 100 и 120 милиони евра. Групацијата ќе се стреми да обезбеди високо ниво на профитабилност на осигурителниот дел од бизнисот, преку постигнување комбиниран количник на имотно и здравствено осигурување од околу 95 проценти. (more…)

Продолжи со читање

Осигурување

Микро дом, нов производ на Триглав Осигурување

Објавено

на

Триглав Осигурување воведе нов производ за осигурување на дом, Микро дом, кој што клиентите можат да го користат додека се на патување во странство. Микро осигурувањето на дом се склучува во рамки на полисата за здравствено-патничко осигурување. (more…)

Продолжи со читање

Популарно

https://austinpublishinggroup.com/a/judi-bola-euro-2024/ https://austinpublishinggroup.com/a/parlay/ https://austinpublishinggroup.com/a/judi-bola/ https://austinpublishinggroup.com/a/sbobet/ https://compendiumapp.com/comp/dominoqq/ https://bankarstvo.mk/wp-includes/bandarqq/ https://bankarstvo.mk/wp-includes/dominoqq/ https://tickerapp.agilesolutions.pe/wp-includes/js/pkv-games/ https://tickerapp.agilesolutions.pe/wp-includes/js/bandarqq/ https://tickerapp.agilesolutions.pe/wp-includes/js/dominoqq/ https://tickerapp.agilesolutions.pe/wp-includes/js/slot-depo-5k/ https://austinpublishinggroup.com/group/pkv-games/ https://austinpublishinggroup.com/group/bandarqq/ https://compendiumapp.com/comp/pkv-games/ https://compendiumapp.com/comp/bandarqq/ https://bankarstvo.mk/PCB/pkv-games/ http://compendium.pairserver.com/ http://compendium.pairserver.com/bandarqq/ http://compendium.pairserver.com/dominoqq/ http://compendium.pairserver.com/slot-depo-5k/ https://compendiumapp.com/app/slot-depo-5k/ https://compendiumapp.com/app/slot-depo-10k/ https://bankarstvo.mk/PCB/slot-depo-5k/ https://austinpublishinggroup.com/group/dominoqq/ https://austinpublishinggroup.com/group/slot-depo-5k/ https://austinpublishinggroup.com/group/slot77/ https://compendiumapp.com/ckeditor/judi-bola-euro-2024/ https://compendiumapp.com/ckeditor/sbobet/ https://compendiumapp.com/ckeditor/parlay/ https://sabriaromas.com.ar/wp-includes/js/pkv-games/ https://www.europark.lv/uploads/Informativi/pkv-games.html/ https://www.europark.lv/uploads/Informativi/bandarqq.html/ https://www.europark.lv/uploads/Informativi/dominoqq.html/ https://www.europark.lv/uploads/Informativi/slot-thailand.html/ https://www.europark.lv/uploads/Informativi/slot-depo-10k.html/ https://www.europark.lv/uploads/Informativi/slot-kakek-zeus.html/ https://www.europark.lv/uploads/Informativi/rtp-slot.html/ https://www.europark.lv/uploads/Informativi/parlay.html/ https://www.europark.lv/uploads/Informativi/sbobet.html/ https://st-geniez-dolt.com/css/images/pkv-games/ https://st-geniez-dolt.com/css/images/bandarqq/ https://st-geniez-dolt.com/css/images/dominoqq/ https://www.knowafest.com/files/uploads/pkv-games.html/ https://www.knowafest.com/files/uploads/bandarqq.html/ https://www.knowafest.com/files/uploads/dominoqq.html https://www.knowafest.com/files/uploads/slot-depo-5k.html/ https://www.knowafest.com/files/uploads/slot-depo-10k.html/ https://www.knowafest.com/files/uploads/slot77.html/