Connect with us

Анализи

Граѓаните ќе добијат половина милион евра награден фонд за МојДДВ #МојаНаграда

Објавено

на

Наградната игра МојДДВ #МојаНаграда, која ќе започне на 15 декември 2019 година, ќе трае една година и ќе се доделат две главни премии од по 50.000 евра, секој месец ќе се доделуваат 15 награди од по 100.000 денари, додека секој ден ќе се доделуваат по 10 награди – 4 по 1.000 денари, 3 награди по 2.000 денари и 3 награди по 3.000 денари.

Наградниот фонд на #МојаНаграда изнесува 500.000 евра, а ќе можат да учествуваат сите полнолетни граѓани кои се регистрирани во системот на е-персонален данок и кои скенираат фискални сметки преку апликацијата МојДДВ. Добитниците на награди на дневна основа ќе се извлекуваат софтверски преку електронски генератор и ќе бидат известени преку самата апликација „МојДДВ”. Тие ќе добијат известување колкава награда добиле или доколку не добиле награда ќе добијат едукативна порака. Оние кои при скенирање на сметките нема да добијат дневна награда, ќе учествуваат во извлекувањата на месечно ниво и на извлекувањата за премиите. Извлекувањата за месчените награди и за премиите ќе бидат јавни. Ова на вчерашната прес конференција го истакна министерката за финансии Нина Ангеловска.

Целта на #МојаНаграда е да биде засилување на мерката МојДДВ – која патем дава одлични резултати во сузбивањето на сивата економија. #МојаНаграда треба да ги мотивира луѓето да ги скенираат и оние сметки со помали суми на ДДВ, , кои претходно не ги скенирале, како и да ги натера да продолжат да скенираат сметки откако ќе го надминат месечниот праг за поврат на ДДВ” – рече Ангеловска.

Директорката на Управата за јавни приходи Сања Лукаревска истакна дека мерката МојДДВ, досега дава одлични резултати.

Вкупно корисници на апликацијата заклучно 28 ноемрви има 184.728 корисници, скенирани се 39.584.924 фискални сметки. Остварен е промет од 19 милијарди 378 милиони денари. Вкупно остварена наплата на ДДВ од 5% и 18% од овој промет изнесува 2 милијарди 98 милиони 709 илјади денари. Вкупно оствареното право на поврат за време на цело време на траење на мерката изнесува 5 милиони 119 илјади евра. Просечната старост на лица кои скенираат фискални сметки е од 42-44 години, а најмногу скенираат лица на возраст од 35 години. Во скопските општини Аеродром, Кисела Вода, Центар и Карпош имаат најмногу лица кои скенираат фискални скметки, како и во Битола и во Штип” – истакна Директорката на Управата за јавни приходи Сања Лукаревска.

Организатори на наградната игра #МојаНаграда се Министерството за финансии, Управата за јавни приходи и Државна лотарија на Македонија. Предвидени се вкупно 3.852 награди и тоа 1.468 награди по 1.000 денари, 1.101 награда по 2.000 денари, 1.101 награда од 3.000 денари, 180 награди по 100.000 денари и 2 награди по 3 милиони денари.

Анализи

Висок поврат на ДДВ за фирмите: 206 милиони евра во првото полугодие и покрај кризата од КОВИД-19

Објавено

на

Во првото полугодие од 2020 година извршен е поврат на ДДВ кон фирмите од 12,7 милијарди денари или 206,5 милиони евра, што е за 6% повеќе во однос на лани или за 660 милиони денари повеќе. Ова е највисок поврат на ДДВ за овој период во однос на изминатите години, што е значајно особено ако се земе предвид кризата предизвикана од КОВИД-19. (more…)

Продолжи со читање

Анализи

Ангеловска-Бежоска: Со сигурност можеме да кажеме дека шпекулациите поврзани со курсот на денарот не се поткрепени со економски аргументи

Објавено

на

Во сите досегашни епизоди на криза, стабилниот курс на денарот претставува главен фактор на одржување на макроекономската стабилност. Нема компромис во однос на постојниот режим на курсот. Јавноста треба да има потполна доверба во нашата заложба и во нашиот капацитет успешно да продолжиме со постојната монетарна стратегија на стабилен курс на денарот. (more…)

Продолжи со читање

Анализи

Банкнотата од 50 евра е најпопуларна кај фалсификатoрите

Објавено

на

Од 2002 година, кога беше воведена евро валутата, откриени се 19 милиони фалсификувани банкноти на оваа валута со лична вредност од 1,2 милијарди евра. (more…)

Продолжи со читање

Популарно