Connect with us

Депозити

Граѓаните чуваат во банките 4,6 милијарди евра, осигурени се „само” 3,3 милијарди евра!

Објавено

на

Граѓаните во банките чуваат приближно 4,6 милијарди евра, од кои осигурени се 3,3 милијарди евра, изјави во интервју за МИА, директор на Фондот за oсигурување на депозити Борче Хаџиев.

„Во случај на одземање на дозволата за работа на некоја од членките на ФОД, се обесштетуваат осигурените депозити, но не повеќе од денарска противвредност од 30.000 евра по депозит во банка пресметани по средниот курс на Народната банка на денот на одземање на дозволата за работа на банката. Предмет на обесштетување се денарските и девизните депозити, средства на трансакциските сметки, депозитите врзани за парични картички, девизните приливи и сертификатите за депозити издадени од банката”, појаснува Хаџиев.

Тој додава дека со обесштетувањето на депозитите се опфаќа и договорената пресметана и припишана камата и непристигнатата камата заклучно со денот на одземање на дозволата за работа на банката, којашто не му била исплатена на депонентот-физичко лице.

„Согласно Законот за Фондот за осигурување на депозити, во случај кога депонентот има обврски кон банката, вкупниот износ на депозити на депонентот коишто се предмет на обесштетување се намалува за износот на неговите обврски кон банката“, вели тој.

Инаку, во Еуростандард банка според податоците обезбедени од Банката со состојба на 10 јули година, вкупниот износ на депозитите на физички лица кои ќе бидат обесштетени од страна на ФОД изнесува околу 4,4 милијарди денари (околу 71,5 милиони евра).

„Од ФОД ќе бидат обесштетени депозитите на 99,4 проценти од физичките лица – депоненти во Еуростандард банка“, вели Хаџиев за МИА .

Депонентите-физички лица коишто имаат депозити во Еуростандард банка повисоки од 30.000 евра, во рамки на обесштетувањето од страна на ФОД ќе им бидат исплатени средства до 30.000 евра во денарска противвредност, по лице.

„Своето право за целосно намирување до висина на вкупниот депозит (разликата меѓу вкупниот износ на депозитот и пресметаниот износ на обесштетување) ќе може да го остварат од стечајната маса на Еуростандард банка. За ова нема потреба од дополнително барање/пријавување на побарувањата од страна на депонентите-физички лица. Фондот нема надлежност во обезбедувањето на средствата од стечајната маса“, вели во интервјуто за МИА, директорот на Фондот за осигурување депозити, Борче Хаџиев.

Целото интервју може да го прочитате на линкот.

Депозити

Халки и Халкбанк ги едуцираа малите тенисери од Cherry Cup Skopje за важноста на штедењето за нивната иднина

Објавено

на

Детски жагор и смеа, навивање и бодрење, но и многу спортски жар на деца кои сонуваат еден ден да станат тениски шампиони. Ова е сликата од меѓународниот детски тениски турнир „Cherry Cup Skopje“ кој, со придржување до пропишаните мерки за заштита, од 13 до 17 октомври се одржа на тениските терени на тенискиот клуб АБЦ во Скопје. Учесници беа млади тенисери на возраст од 5 до 13 години, од кои некои можеби еден ден ќе станат големи тениски имиња. (more…)

Продолжи со читање

Депозити

Како да го направите чекорот кон посигурна финансиска иднина?

Објавено

на

Економските текови во светот секојдневно влијаат на нашиот џеб. Секоја голема светска криза се чувствува брзо во сите делови на нашата планета, за што најдобар доказ е сегашната предизвикана од пандемијата со Ковид-19. Во вакви ситуации најдобро се покажува колку е важно да се имаат заштеди. Иако не е лесно да се одвојуваат пари, сепак треба да размислуваме за фактот дека, за жал, понекогаш може да се случи нешто лошо. А тогаш треба да имаме подготвени средства. Но, заштедите се потребни не само за време на криза или за итни и неодложни потреби, туку и за решавање на важни животни прашања. (more…)

Продолжи со читање

Депозити

ПРОМО ФИКС – промотивни депозити во денари и во евра од ТТК Банка

Објавено

на

Во месец октомври, светскиот месец на штедење, ТТК Банка АД Скопје ја продолжи промотивната понуда на ПРОМО ФИКС депозитите за физички лица за штедење во денари и во евра до 30 ноември 2020 година. (more…)

Продолжи со читање

Популарно