Connect with us

Осигурување

Граѓаните сѐ почесто си го осигуруваат животот

Објавено

на

Надлежните информираат дека позитивен тренд е присутен во двата сегмента на осигурување. Притоа, во делот за неживотно осигурување е остварена БПП во износ од 7,55 милијарди денари, која во 2016-та изнесуваше 7,43 милијарди денари. Овој тип осигурување опфаќа 83,92 % од вкупната БПП на осигурителниот сектор и има зголемување од 1,56 процент во споредба со 2016 година.

Севкупен пораст над 3 % е регистриран во осигурителниот сектор во текот на изминатата година, велат од Агенцијата за супервизија на осигурувањето. Како што покажуваат нивните податоци, во текот на 2017 година е остварена бруто-полисирана премија (БПП) во вкупен износ од 8,99 милијарди денари, што претставува пораст од 3,10 % во однос во 2016 година. Имено, во 2016 година премијата достигнала 8,72 милијарди денари.

Во делот за осигурување на животот, кое, пак, опфаќа 16,08 % од вкупната БПП на осигурителниот сектор, e остварена премија во износ од 1,44 милијарда денари, која во 2016-та била 1,29 милијарда денари. Кај овој тип осигурување во текот на минатата година е забележан пораст од 11,95 % во однос на 2016 година.

– Кај осигурувањето на животот се забележува тренд од двоцифрен пораст како резултат на зголемениот интерес и поголемата свесност на населението за осигурувањето на животот. Исто така, сѐ повеќе сме сведоци на развој на банкоосигурувањето, каде што банките, покрај тоа што започнаа да се појавуваат како застапници во осигурувањето, исто така нудат врзани производи, најчесто хипотекарни кредити за купување недвижност заедно со ризико-осигурување на живот на кредитокорисникот. Дополнително, во сегментот на осигурувањето на животот, забележуваме голем прогрес кај осигурување на животот кога инвестицискиот ризик е на товар на осигуреникот, (јунит линкд осигурување) како релативно нов производ на македонскиот пазар – објаснуваат од Агенцијата за супервизија на осигурувањето (АСО).

Податоците на агенцијата укажуваат исто така на пораст на полисираната премија од 5,47 % во текот на 2017 година во однос на претходната година во класата за осигурување од одговорност од употреба на моторни возила. Вкупната премија достигнала 4,07 милијарди денари, при едновремено зголемување на бројот на склучени договори од 3,66 %.

– Со оглед дека цената на задолжителното осигурување од автоодговорност во земјата и во странство е регулирана, порастот во 2017 година се должи на вклучување нови возила во сообраќај, како и на доследна примена на бонус-малус системот при утврдувањето на годишната премија – додаваат од АСО.

Каско-осигурувањето на моторни возила бележи благ пад од 0,28 %, со БПП 756,34 милиони денари, со истовремен пораст на бројот на склучени договори од 3,44 %.
Во 2017 година е евидентиран подем и во продажбата на здравственото осигурување. Во 2017 година беа склучени 1.752 договори за здравствено осигурување, со вкупна БПП од 58,10 милиони денари. Доколку се направи споредба со 2016 година, ќе се забележи зголемување на бројот на склучени договори на 39,49 %, додека, пак, на вкупната бруто-пласирана премија 28,49 %.

Значителен пораст од 436,61 % се бележи кај осигурувањето од гаранции со БПП од 4,09 милиони денари, кои во 2016 година изнесувале 762 илјади денари, а кај бројот на склучени договори има зголемување од 88,72 %.
Кај осигурувањето на животот e остварена БПП во износ од 1,44 милијарда денари, која во 2016-та изнесувала 1,29 милијарда денари, што претставува пораст од 11,95 отсто. Осигурувањето на животот учествува со 16,08 % во вкупната БПП на осигурителниот сектор. Позитивниот тренд е присутен и кај двете класи осигурување на животот, при што кај традиционалното осигурување на животот продолжува позитивниот тренд на пораст на БПП во износ од 1,35 милијарда денари.

Во споредба со 2016 година, кога БПП на осигурување на животот изнесувала 1,23 милијарда денари, се забележува пораст од 9,02 %, со пораст на бројот на новосклучени договори за осигурување на животот од 27,04 %, и тоа пред сѐ од типот на термински договори за осигурување на животот (ризико). Кај осигурувањето на животот, кога инвестицискиот ризик е на товар на осигуреникот, продолжува големиот тренд со пораст од 74,90 %, со остварена БПП од 100,9 милиони денари, и пораст на склучени договори од 9,07 %.

Конкуренцијата ги намали цените за осигурување имот

Кај осигурувањето имот продолжува трендот на пад од 7,65 % со бруто-полисирана премија од 1,44 милијарда денари, кој, пак, во 2016-та изнесувал 1,55 милијарди денари, при истовремен пораст на бројот на склучени договори од 11,33 %.

– Ова е показател за изразената ценовна конкуренција помеѓу друштвата за осигурување, што доведува зголемениот број на продадени полиси да биде реализиран со пониски цени во однос на претходната година – појаснуваат од АСО.
Анализирајќи по групи, кај физичките лица имаме пораст од 13,72 % на склучените договори, проследен со намалување од 5,94 % на БПП, додека пак кај правните лица порастот од 5,04 % на склучените договори е проследен со пад од 8,08 % на БПП.

Во рамките на осигурување на имот, кај земјоделското осигурување се забележува намалување од 44,25 % на бројот на склучени договори, но и пад од 10,49 %. Остварената БПП за земјоделско осигурување во 2017 година изнесувала 157,26 милиони денари, додека во 2016 година БПП била 175,69 милиони денари.

Осигурување

Осигурување Македонија со добивка од 63,1 милиони денари во првото полугодие од 2018 година

Објавено

на

Осигурување Македонија а.д. Скопје – Виена Иншуренс Груп првото полугодие од 2018 година го заврши со добивка пред оданочување во износ од 63,1 милиони денари. Во истиот период од 2017 година, Друштвото оствари добивка пред оданочување во износ од 41,4 милиони денари. (more…)

Продолжи со читање

Осигурување

Триглав советува: На одмор со вашиот миленик

Објавено

на

Во текот на изминатиот месец, ви понудивме неколу совети и препораки за тоа како вие да се подготвите за летен одмор, како вашето возило да го подготвите пред да заминете на одмор, а сега ве потсетуваме на советите во однос на вашиот миленик. Во продолжение најдете неколку препораки од Триглав Осигурување  доколку планирате вашиот миленик да го понесете на одмор со вас:

– Пред да заминете на одмор, однесете го Вашето куче на преглед кај ветеринар, тој ќе Ви потврди дали кучето е во добра здравствена состојба и дали може да патува;
– Неколку часа пред поаѓање, оброците на Вашиот миленик нека се состојат исклучиво од лесна храна, во планот за патување испланирајте еден допонителен час, кој ќе го намените за неколку попатни паузи;
– Не заборавајте да ја понесете потребната документација за Вашето куче, како и доказ дека редовно ги примило потребните вакцини;
– Информирајте се каде се наоѓаат најблиските ветеринарни станици во близина на местото на Вашиот престој;
– За време на престојот, погрижете се за постојано да бидете снабдени со свежа вода за Вашето куче, и што помалку изложувајте го на сонце;
– Пожелно е миленикот да има соодветна идентификација, во случај да се оддалечи од вас;
– И, иако не Ви посакуваме, сепак постои можност кучето да се изгуби, затоа со Вас носете и негова фотографија.

Ви посакуваме убав и релаксиран одмор!

Продолжи со читање

Осигурување

Какво животно осигурување ви е потребно?

Објавено

на

Осигурувањето на живот е долгорочно решение, кое нуди комбинација на најбезбеден облик на штедењесигурност како и осигурување.

Овој вид на долгорочно штедење е целосно приспособливо на индивидуалните потреби на клиентите, односно сами одлучувате колку сакате да штедите и сами ја креирате Вашата осигурена сума.

Животното осигурување на своите корисници примарно им гарантира сигурна исплата на сите вложени средства заедно со припишана добивка по истекот на осигурителниот период. И не само тоа. Преку овој инструмент осигуреникот обезбедува финансиска сигурност на најблиското семејство во случај на настанување на несреќен настан со фатални последици (смрт). Ниту еден друг штеден инструмент во себе не содржи ваков дуалитет.

Експертите упатуваат на неклолку начини за одредување на тоа каква полиса за животно осигурување ви е потребна или колку треба да изнесува Вашата осигурена сума:

1. Пресметајте ја вашата потенцијална идна заработувачка:

Пример: Да претпоставиме дека:

  •  годишно заработувате 6000 евра
  •  во моментот имате 40 години
  •  планирате да се пензионирате на 65

6.000,00 х (65-40) = 150.000,00 евра 

2.  Пресметајте ги вашите финансиски одговорности:

  • Кои се Вашите финансиски одговорности?
  • Дали сте финансиски извор во Вашето семејство?

Пресметајте ги Вашите трошоци:

Вашиот кредит (станбен, потрошувачки, автомобилски..) + Износот на Вашата кредитна картичка + Вашите трошоци за живеење (режиски трошоци, трошоци за храна и обувки)+ трошоци за образование на вашите деца + ….

ВО КОЛКАВА МЕРА ВИЕ УЧЕСТВУВАТЕ ВО ПОКРУВАЊЕТО НА ТИЕ ТРОШОЦИ?

  •  30% ?
  •  50% ?
  •  70% ? ….

ДАЛИ СТЕ СВЕСНИ ВО КОЛКАВА МЕРА ВАШЕТО СЕМЕЈСТВО ФИНАНСИСКИ ЗАВИСИ ОД ВАС?

Никој не помислува на најлошото сценарио, но што ќе се случи со вашето семејство ако ве изгубат?

СЕГА ЗНАЕТЕ КОЛКАВА ТРЕБА ДА БИДЕ ВАШАТА ПОЛИСА ЗА ОСИГУРУВАЊЕ НА ЖИВОТ!

Дали некогаш сте си ги поставиле следниве прашања?

  • Дали некој финансиски зависи од мене?
  • Што ќе се случи ако јас или сопругата не сме утре тука? – Колку приходи ќе изгуби моето семејство? – Ќе може ли семејството да го задржи домот?
  • Колку имам заштедено досега?
  • Колку пари би сакал да имам кога ќе се пензионирем? – Што би сакал да правам кога ќе се пензионирам? – Ќе постои ли пензиско осигурување кога ќе дојде време за пензионирање?
Продолжи со читање

Популарно

Copyright © 2018 bankarstvo.mk. All Rights Reserved. Developed by Digital Orange