Connect with us

Платежни картички

Граѓаните најмногу ја користеле домашната платежна картичка за пазарење во маркети

Објавено

на

Oколу 305 илјади граѓани ја користат домашната платежна картичка, објави на својот фејсбук профил министерката за финансии, Нина Ангеловска.

„Заклучно 1 август доделени се картички во вредност од 26,7 милиони евра, од кои корисниците до тој датум потрошиле околу 23 милиони евра. Ова се средства кои се вбризгани во домашната економија преку купување македонски производи и услуги. Со картичките реализирани се над 1,7 милиони транскации.“, објави Ангеловска.

Најголем дел од нив се во маркети, и тоа 89%, ресторани и храна, 5%, и текстил, облека, обувки, само 3%.

„Домашнaта платежна картичка има повеќекратен бенефит за граѓаните и економијата: ја поддржува приватната потрошувачка, ги поддржува домашните производители и услужни дејности, придонесува за раздвижување на економската активност и придонесува за безготовинско плаќање“, додаде Ангеловска.

Дополни и дека граѓаните-корисници кои ја немаат подигнато својата картичка, можат се уште да го направат тоа до 15 август – кој е крајниот рок за нивно користење.

Платежни картички

Mastercard кредитни картички од Комерцијална банка без надомест за аплицирање

Објавено

на

Дозволете си повеќе со кредитните картички од Комерцијална банка, кои до 15.06.2023 година може да ги добиете и без надомест за аплицирање и обработка на барање. (more…)

Продолжи со читање

Домашни банки

„ШТЕДИ И КОГА ПЛАЌАШ“ – нова услуга од Шпаркасе Банка за сите корисници на дебитни картички

Објавено

на

Со цел промовирање на штедењето како корисна навика важна за финансиското здравје, како и одговарање на предизвикот наречен штедење, каде што секој клиент може да штеди и тоа незабележливо, Шпаркасе Банка воведе нова услуга за корисниците на дебитни картички издадени од Банката – Штеди и кога плаќаш. (more…)

Продолжи со читање

Платежни картички

VISA TRAVEL – нова кредитна платежна картичка на Халкбанк АД Скопје

Објавено

на

Халкбанк АД Скопје ги информира своите почитувани клиенти дека од 24.04.2023 година својата палета на платежни картички ја дополнува со нова кредитна платежна картичка Visa Travel. (more…)

Продолжи со читање

Популарно