Connect with us

Домашни банки

Граѓаните користејќи домашна платежна картичка потрошиле 10,7 милиони евра

Објавено

на

Заклучно со 8-ми јули во земјава има активни 187.768 домашни платежни картички, а граѓаните со домашните платежни картички потрошиле 10,7 милиони евра и реализирале преку 660.000 трансакции.

За 3 недели околу 11 милиони евра се вбризгани во економијата преку зголемената потрошувачка од граѓаните со домашната платежна картичка и со тоа се поддржуваат македонските производи и услуги, се поддржуваат граѓаните и се поттикнува економската активност. Воедно, расте и безготовинското плаќање, а со тоа се влијае и на намалување на сивата економија.” – вели министерката за финансии, Нина Ангеловска.

Домашните платежни картички најмногу се користат за купување во супермакетите, односно согласно податоците до кои дојде Министерството за финансии од дел од банките преку 90% од транскациите кон супермаркетите.

Во меѓувреме, во тек е втората фаза на разгледување на приговорите од граѓаните кои реагираат дека не добиле ДПК, а спаѓаат во некоја од категориите. Од министерството велат дека дел од граѓаните досега добиле одговори, и се стекнале со картички за уважените приговори, а дел од граѓаните ќе добијат одговори во периодот што следи.

Домашни банки

ТТК Банка АД Скопје оствари добивка од 30,5 милиони денари во првите 6 месеци од 2020 година

Објавено

на

Во периодот од 1.1.2020 до 30.6.2020 година ТТК Банка АД Скопје дејствуваше во насока на остварување на своите приоритетни цели и задачи дефинирани во Деловната политика и во Финансискиот план на Банката за 2020 година, при што во текот на периодот го прилагодуваше своето работење на тековните економски и пазарни услови на стопанисување, во услови на прогласена вонредна состојба во државата, поради пандемијата од вирусот COVID-19. (more…)

Продолжи со читање

Домашни банки

Комерцијална банка ќе им одобри дозволено пречекорување на приматели на пензија и плата во Еуростандард банка

Објавено

на

Комерцијална банка АД Скопје од денеска (14.08.2020) преку брза и едноставна процедура ќе им одобри дозволено пречекорување на клиенти кои имале активна сметка во Еуростандард банка АД Скопје и на која примале плата или пензија. Понудата се однесува на сите бонитетни клиенти кои имаат солиден рејтинг во кредитниот регистар на НБРСМ, односно се класифицирани во ризична категорија А или Б.

(more…)

Продолжи со читање

Домашни банки

АЖУРИРАНО: Пензионерите на Еуростандард банка не треба да носат одјава во новата банка каде ќе примаат пензија

Објавено

на

Пред неколку дена пишувавме околу постапката “Што треба да направат пензионерите кои примаат пензија преку Еуростандард банка“, со цел да ја префрлат својата пензија во друга банка, откако стана јасно дека Еуростандард банка АД Скопје оди во стечај. (more…)

Продолжи со читање

Популарно