Connect with us

Домашни банки

Граѓаните и фирмите и веруваат на Комерцијална Банка Скопје

Објавено

на

Граѓаните и фирмите чуваат 1,5 милијарди евра во Комерцијална банка што значи дека имаат голема доверба кон банката.

Вкупните депозити (депозити на комитенти и депозити на банки) достигнаа износ од 92,7 милијарди денари (околу 1,5 милијарди евра) и бележат зголемување од 1,1%, соопшти банката преку Македонската берза,

Вкупната актива на Комерцијална банка на 30.06.2018 година достигна износ од 106,8 милијарди денари и во однос на декември 2017 година бележи зголемување од 1,9%. Зголемувањето на вкупната актива во најголем дел се должи на зголемување на паричните средства и парични еквиваленти. Планот е остварен со 100,2%.

Обврските по кредити достигнаа износ од милијарда денари и се намалени во однос на декември 2017 година како резултат на отплатени доспеани рати од кредитните линии. Планот е остварен со 99%.

Акционерскиот капитал и резервите на Банката со состојба 30.06.2018 година достигнаа износ од 11,9 милијарди денари и бележат зголемување од 8,1% како резултат на распределба на дел од остварената добивка за 2017 година во резерви согласно донесената одлука за распределба на добивката на 04.04.2018 година на одржаното Годишно Собрание на Банката. Планот е реализиран со 101,8%

Домашни банки

Казна за кредиторот ако трошоците за кредитот надминат половина од неговата вредност

Објавено

на

Глоби од две илјади до три илјади евра ќе плаќаат фиансиските друштва или банките кои за дадениот кредит ќе наплатат поголеми трошоци од законски предвидените. Освен ова, за истиот прекршок има и глоба од 500 до 800 евра за одговорното лице кај кредиторот.

Ова се санкциите кои ги предлага Министерството за финансии со измените и дополнувањата на Законот за заштита на потрошувачите при договори за потрошувачки кредити, со кои ја регулира стапката на вкупни трошоци кај кредитите до 200 евра, кои ги даваат финансиските друштва, а во последно време и некои банки.

Според објавената верзија на Предлогот за изменување и дополнување на овој Закон, од стариот закон се исфрла ставот со кој од законската регулатива се изземаат договорите за кредит на износи помали од 200 и повисоки од 75.000 евра во денарска противвредност. Со тоа се овозможува под контрола на Министерството за финансии да бидат и трошоците што се пресметуваат и за овие кредити. Со нов член, пак, се предвидува тие трошоци да не бидат повисоки од висината на пет затезни камати.

До крајот на годинава затезната камата што ја утврдува Народната банка ќе остане 11проценти, што значи дека вкупните трошоци, како што се провизиите, даноците, манипулативните трошоци… за кредитите до 200 и над 75.000 евра не смеат да надминат 55 проценти од нивната висина.

Така, ако кредитот е 12.000 денари, тогаш вкупните трошоци што ги пресметува кредиторот не смеат да надминат 6,6 илјади денари, со што за 12.000 денари кредитокорисникот би вратил најмногу 18,6 илјади денари.

Законот со кој се регуилира годишната стапка на вкупни трошоци треба да почне да се применува 30 дена откако законот ќе стапи на сила. Но, според Елези допрва следува изјаснувањето на заинтересираните по понудениот текст, па предлогот на Министерството ќе се достави во Владата, а дури потоа за него ќе се изјаснува и ќе го донесе Собранието.

Продолжи со читање

Домашни банки

Георги Константинов, Тихомир Атанасов и Христо Христов реизбрани за членови на Надзорниот одбор на Централна кооперативна банка АД Скопје

Објавено

на

Централна кооперативна банка АД Скопје преку соопштение објавено на веб страната на Македонска берза, ја информираше јавноста за измени во органите на управување. (more…)

Продолжи со читање

Банки

Заинтересирани сте за пракса во НЛБ Банка?

Објавено

на

НЛБ Банка го поддржува развојот на младите кадри и ја поттикнуваме младата студентска иницијатива. Традиционално овозможуваат практична работа на млади и амбициозни луѓе кои се во текот на нивните универзитетски студии од областа на економијата и информациските технологии. (more…)

Продолжи со читање

Популарно

Copyright © 2018 bankarstvo.mk. All Rights Reserved. Developed by Digital Orange