Connect with us
P2_P_MK_1600x400

Останато

Граѓаните досега скенирале скоро 3 милиони фискални сметки во вредност од 1,5 милијарди денари

Објавено

на

Од почетокот на месецов, граѓаните имаат можност да побараат поврат на 15% од платениот Данок на додадена вредност (ДДВ) преку примената на владиниот проект „Мој ДДВ“.

Апликацијата МојДДВ е многу актуелна за граѓаните, а за тоа говори податокот дека вкупно 140.000 граѓани досега ја преземале апликацијата и притоа скенирале 2,9 милиони фискални сметки со што е остварен промет од 1,5 милијарди денари.

Од вкупниот промет, повратот од 15% од пресметаниот ДДВ изнесува 25,3 милиони денари, известуваат од Управата за јавни приходи.

Многу од граѓаните на почетокот имаа потешкотии при инсталирање на апликацијата, а исто така и при скенирање на сметките. Исто така, на корисниците на ајфон телефони апликацијата им стана достапна дури една недела по официјалното лансирање на проектот „Мој ДДВ“, па за очекување е во периодот што следи, бројот на скенирани фискални сметки уште повеќе да се зголемува.

Останато

КД Фондови се ребрендираше во Генерали Инвестментс

Објавено

на

Друштвото за управување со инвестициски фондови КД Фондови се ребрендираше во Генерали Инвестментс. (more…)

Продолжи со читање

Останато

Ангеловска: ММФ два пати ја зголемува проекцијата за раст на македонската економија, во услови кога ја намалува оценката за глобалната економија

Објавено

на

Во услови кога Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) ја намалува проекцијата за глобалниот раст, по втор пат годинава ја зголемува проекцијата за растот на македонската економија. Ова значи дека  изгледите за растот на македонската економија се добри, а уште побитно е дека зборуваме за раст кој се должи на добри резултати во сите економски сектори, рече во интервју за Гласот на Америка, министерката за финансии Нина Ангеловска, која учествува на Годишните средби на Светска банка  и ММФ во Вашингтон. (more…)

Продолжи со читање

Останато

Ангеловска-МекДауел: ЕИБ ќе финансира околу 80 милиони евра за изградба на Пречистителна станица Скопје

Објавено

на

Со околу 80 милиони евра Европската инвестициска банка (ЕИБ) ќе влезе во финансирањето на Пречистителна станица за отпадни води Скопје. Од овие средства околку 10 милиони ќе бидат грант средства од ЕИБ. (more…)

Продолжи со читање

Популарно

Copyright © 2018 bankarstvo.mk. All Rights Reserved. Developed by Digital Orange