Connect with us

Електронско банкарство

Граѓаните да внимаваат при нарачување на Facebook – предупредуваат од ДПИ

Објавено

на

Државен Пазарен Инспекторат на Република Македонија се стреми да ги следи трендовите, па така благодарение на соработката со Проектот на УСАИД за модернизација на инспекциските служби се одржа обука на тема ″Инспекцискиот надзор во е-трговија во Република Македонија″. Инспекторите имаа прилика да слушнат повеќе за е-трговијата,  нејзиниот раст, развој но и предизвиците кои ги носи истата за нив како институција. Во изминатиот период од Државниот пазарен инспекторат велат дека се во пораст пријавите од измамени граѓани кои извршиле купување преку интернет, особено преку социјалните мрежи од нерегистрирани трговци за најразлични производи или услуги. Она што го добиваат не соодејствува со она што го нарачале а кога неможат да си ги остварат правата се обраќаат до Државниот пазарен инспекторат за помош.

Апелираме граѓаните да внимаваат од каде нарачуваат и да ги проверуваат и веб (интернет) страните на тие Facebook страни од кои нарачуваат. Се почести се претставките од оваа природа кога измамените купувачи потоа неможат да стапат во контакт со продавачот и да го вратат или заменат производот. Дополнително кога вршат нарачки од меѓународни веб продавници треба да се свесни дека Државниот пазарен инспекторат нема надлежност над други меѓународни пазари надвор од територијата на Република Македонија за да може да презема понатаму мерки за решавање на таквите претставки” – велат од Државен Пазарен Инспекторат на Република Македонија.

Он-лајн купувањето е во пораст во земјава, се повеќе граѓаните се охрабруваат да купат он-лајн и да ги искористат придобивките од истото, зголемениот избор и можности, подобри цени и удобност во купување 24/7. Но во исто време треба да бидат внимателни во изборот од каде ќе купат. Во Македонија има околу 500 регистрирани активни е-трговци и се очекува значително зголемување на овој број, а со тоа и зголемување на понудата од домашните компании.

Мило ми е што е-трговијата е ставена во фокус и во Државниот пазарен инспекторат.  Една од главните темите на оваа обука беше токму справувањето, превенција и намалување на сива економија во е-трговија, која им пречи на сите регистрирани  е-трговци кои ги почитуваат регулативите, но и на самиот економски ситстем и буџетот на Република Македонија. Дополнително мило ми е што имавме прилика отворено да дискутираме со инспекциската служба во инспексторатот за моменталната регулатива за е-трговија, и што има слух и отвореност за промени и соработка со реалниот секторот.” – вели Д-р. Нина Ангеловска, претседател на Асоцијацијата за е-трговија – предавач на обуката.

На тема откривање и превенција на нелегална електронска трговија, зборуваше и претставник од Министертво за внатрешни работи, Секторот за криминал и дигитална форензика кои истакнаа дека се отворени за соработка како со Државниот пазарен инспекторат како државен орган со надлежност за контрола над домашниот трговски пазар и внатрешна трговија во Република Македонија, но и со реланиот сектор и граѓаните.

Електронско банкарство

Кина вели дека отфрлањето на физички пари е нелегално поради популарноста на е-плаќањата

Објавено

на

Кинеската централна банка во понеделникот предупреди дека отфрлањето на готовина како форма на плаќање е нелегално, велејќи дека ваквите практики на крајот би можеле да предизвикаат губење на довербата во физички пари и неправедно кон оние кои не се навикнати на електронско плаќање. (more…)

Продолжи со читање

Електронско банкарство

мБанкаКо, нова мобилна апликација за правни лица на Комерцијална банка

Објавено

на

Во организација на Комерцијална банка, ќе се одржи „Ден за Вас – На пат кон дигитална трансформација“,  наменет за правни лица, во среда, 5 декември 2018 година, со почеток од 12 часот во киното Cineplexx во трговскиот центар Skopje City Mall во Скопје. (more…)

Продолжи со читање

Електронско банкарство

Бонус програмата на Халкбанк со поддршка за развојот на е-трговијата во Македонија!

Објавено

на

Бонус програмата на Халкбанк овозможува корисниците на кредитни картички од брендот Mastercard и Visa, издадени на физички лица да собираат бонус поени при трансакции на веб продавници кои користат виртуелен терминал од банката.

Притоа, поените кои ќе ги соберете имате можност да ги користите при плаќања во мрежата на POS терминали од Халкбанк.

Пресметката на бонус поените е едноставна, бидејќи 1 бонус поен е еднаков на 1 денар.

АКТИВНИ БОНУС КАМПАЊИ: СОБИРАЈТЕ БОНУС ПОЕНИ ПРИ КУПУВАЊЕ НА ВЕБ ПРОДАВНИЦИ!

Листа со активни веб продавници (.pdf документ)

Собирајте 5% бонус поени со секоја трансакција направена со кредитна картичка на Веб Продавниците кои користат виртуелен терминал од Халкбанк АД Скопје.

Кампањата стартува на 03.12.2018 (понеделник) во 09:00 часот и ќе биде активна до 10.12.2018 година.

Искористените поени се ставаат на располагање на кредитната картичка на клиентот во Халкбанк за сите трансакции направени на POS терминалите и e-commerce мрежата на Халкбанк АД Скопје.

Продолжи со читање
P2_P_MK_300x250

Популарно

Copyright © 2018 bankarstvo.mk. All Rights Reserved. Developed by Digital Orange