Connect with us
P2_P_MK_1600x400

Домашни банки

Граѓаните во банките чуваат четири милијарди евра

Објавено

на

Во македонските банки заклучно со 30 септември годинава македонските граѓани имаат депозити во износ од 4,082 милијарди евра. Од Фондот за осигурување на депозитите на Република Македонија информираат дека за една година депозитите на населението забележале раст од 8,69% или 4,08% од почетокот на годинава.

Ова, како што информираат за МИА од Фондот за осигурување на депозитите на Република Македонија, е најголем раст во последните три години.

– Најмал т.е. негативен е растот на депозитите во 2016 година во износ од минус 2,5%, што најверојатно се должи на тогашната политичка криза. Веќе во јуни 2017 година се забележува полугодишен раст од 1,02$, а во јуни 2018 година тој е највисок и изнесува 2,61%, велат од Фондот од каде уверуваат дека депозитите се сигурни и безбедни.

-Фондот за осигурување на депозити како специјализирана државна финансиска институција за осигурување на депозити на граѓаните и обесштетување на истите силно влијае врз градење на довербата што македонските граѓани ја имаат во банкарскиот систем во Република Македонија. Показатели за растење на довербата се и пораснатите депозити во текот на оваа 2018 година, што се најзабележителни во последните три години, изјави за МИА директорот на Фондот за осигурување на депозитите Борче Хаџиев.

Тој ги охрабрува граѓаните да ги чуваат своите заштеди во македонските банки и штедилници и да го следат принципот на распределба на своите депозити согласно законскиот лимит за исплата на обесштетување до 30 илјади евра во денарска противвредност по депонент во една банка, филијала на странска банка или штедилница.

Податоците покажуваат дека стапката на покриеност на депозитите во првиот семестар на 2018 година има константен износ што во септември 2018 година изнесува 6,53$.

Фондот, како што наведуваат оттаму, има неисплатена обврска за обесштетување во износ од 150,9 милиони денари или близу 2,45 милиони евра, што претставува само 9,91% од вкупните обврски за обесштетување.

– Доколку пресметаното обесштетување се анализира по групи односно по висина на износ на обесштетување се утврдува дека во категоријата од 100 до 500 денари, процентот на неисплатено во однос на пресметано обесштетување изнесува дури 96,01%, што значи дека токму малите износи, односно нивната неатрактивност е причина што овие износи не се исплатени, односно подигнати од страна на депонентите, велат за МИА од Фондот.

 

Домашни банки

Одличен успех на спортистите од Синдикатот при Стопанска банка АД – Скопје на Бофосијада 2019

Објавено

на

Синдикатот при Стопанска банка АД – Скопје секоја година зема активно учество на банкарските игри во Македонија, а овојпат учествуваше и на меѓународните спортски игри во Србија под името #Бофосијада 2019. (more…)

Продолжи со читање

Домашни банки

Рекорден број на учесници на јубилејното петто издание на “ВозиПравоВозиЗдраво”

Објавено

на

Петтото јубилејно издание на #ВозиПравоВозиЗдраво во организација на Стопанска банка АД-Скопје помина со најголем број учесници, нов старт, повеќе подароци и вредна лотарија. (more…)

Продолжи со читање

Домашни банки

Второ место за Комерцијална банка на Банкарските спортски игри

Објавено

на

Комерцијална банка го освои второто место во генерален пласман на годинешните Банкарски спортски игри, со два бода заостанување зад првопласираниот. (more…)

Продолжи со читање
Unibanka_banner_300x250

Популарно

Copyright © 2018 bankarstvo.mk. All Rights Reserved. Developed by Digital Orange