Connect with us

Останато

Грантови – добра финансиска инјекција за бизнисот

Објавено

на

Грантови се неповратни средства кои се исплатени или дадени од една страна (даватели на грантови) и се исплаќаат на проекти или бизниси (најчесто стартап бизниси) кои се баратели на грант, од друга страна.

Грантови се специфични извори на финансирање, најчесто објавени од страна на меѓународни организации, државни институции, корпорации или фондови, наменети пред се на претпријатија, невладини организации, локални самоуправи, факултети и училишта, општини, болници, месни заедници, здруженијата на граѓани и сите други институции, односно правни и физички лица кои имаат потреба од дополнителен извор на финансирање и кои одговараат на грантот, на конкурсот распишан за грантот и се потенцијални корисници на средства од отворениот конкурс за грант.

Секоја година, на просторот на Словенија, Србија, Хрватска, Босна и Херцеговина, Македонија и Црна Гора, се објавуваат голем број грантови во вредност од над 20 милијарди евра.

Грантовите претставуваат одличен извор на финансирање, како во почетните фази на бизнисот, така и во подоцнежните фази, при воведување на нов производ или услуга или пронаоѓање на нов пазар.

Невладините организации, локалната самоуправа и јавниот сектор, благодарение на грантовите, можат да го зголемат својот годишен буџет и спроведуваат дополнителни активности, кои во деловното работење не се способни да извршат поради ограничени буџетски средства.

Ние ви нудиме неколку корисни совети, пред да одлучите да се одлучите/продолжите со аплицирање за грант:

  1. Разговарајте со давателот на грантот за вашите шанси, за да избегнете непотребно работење. Ако шансите да го добиете грантот се под 40% најверојатно не вреди да го поминете целиот процес со тој давател на гранд, обидете се да најдете друг.
  2. Немојте да мислите дека вашиот проект ќе започне веднаш. Иако сте во потрага по пари и успех, ќе потрае некое време до конечното извршување (односно добивање на грантот) и веројатно некои ваши трошоци што сте ги оствариле претходно нема да бидат покриени.
  3. Направете добар бизнис план кој содржи истражување, приходи и расходи. План може да формира дел од барањата, затоа уверете се дека овие три дела ги содржат сите потребни детали. Во разговорот од чекор 1, може да дознаете и дали во бизнис планот треба да вклучите уште некој дел.
  4. Најавете го првиот проект на кој сакате да посветите внимание, а не проект чисто составен за добивање на средства од грантот. Ова значи формирајте прототип на производ или направете пилот проект доколку нудите услуга.
  5. Уверете се дека имате доволно време за составување и предавање на барањето и дека вашиот грант вистиски одговара на барањата во грантот.
  6. Немојте да мислите само на добивање на грантот. Имајте план Б во случај да бидете одбиени.
  7. Уверете се дека можете навремено да постигнете резултати од проектот, бидејќи грантот може да биде одземен ако не постигнете постигнати цели.
  8. Разгледајте го предлогот за формирање партнерство. Партнерското претпријатие и јавниот сектор може да биде цврсто, а понекогаш и важно, на пример, во европските шеми се бара и странски партнер.
  9. Размислете како ќе го ко-финансирате проектот, бидејќи грантот ретко кога преминува 70% од признатите трошоци на проектот. Тоа е така бидејќи колку поголем процент сте подготвени сами да го финансирате толку давателот на грантот е посигурен во вашата одлука за отпочнување на бизнисот/проектот.
  10. Прочитајте ги деловите напишани од мали букви и побарајте некој да го провери вашиот договор за гранд (на пример правно лице), за да се отстранат грешките и нејаснотиите.

Барањето кое треба да го доставите до давателот на грантот се вика “Предлог барање” (анг. Request for proposal). Oбично вклучува повеќе од барање за цената односно сумата за грантот. Другите побарани информации може да вклучуваат основни корпоративни информации и историја, финансиски информации (сите информации да ги испорача компанијата за да докаже дека не постои од банкрот), техничка способност (што се користи за главни набавки на услуги, кога предметот не е претходно направен или каде барањето може да се исполни различни технички средства), информации за производите, како што се достапноста на производот на пазар и проценетиот период на завршување, како и референци на клиенти кои може да се проверат за да се одреди соодветноста на компанијата (вклучувајќи образовна и воена позадина на нејзините вработени во проектот – дипломирани студенти и оние со повисок степен на образование можат да додадат “вредност” во очите на понудувачот).

Давателот на грантот од вас може да побара “Барање за информации” (анг. Request for information). Ова барање е всушност стандарден бизнис процес чија цел е да се соберат писмени информации за способностите од барателите на грант. Нормално следи формат кој може да се користи за споредбени цели. Овие информации му се потребни на давателот на грантот за да може да донесе одлука на кого од повеќето баратели ќе го додели грантот.

Предности од добивањето на грант се:

  1. Финансиски средства: од неколку стотини евра до неколку илјади евра се нудад во форма на гранд во секој момент.
  2. Валидација: најчесто се користи за валидација на идејата за нов бизнис, проширување на бизнисот или отпочнување со нов проект. Ова е многу важен сегмент за барателот на грантот, особено пред да излезе на пазар со производот/услугата.
  3. Капиталот на компанијата: Вие не треба да се откажете од капиталот на акционерите. Исто така, не треба да ги компромитирате вашите планови со акционерите.

Слабости од добивањето на грант се:

  1. Износот на пари: Некои грантови очекуваат да имате барем дел од парите кои се потребни за бизнисот. Иако овие средства ќе мора да ги имате и да не аплицирате за грант.
  2. Флексибилност: Имате помалку флексибилност, бидејќи мора да се придржувате кон вашите првични планови, освен ако не е поинаку договорено. Понекогаш, можете да ги добиете парите само откако ќе завршите одреден сегмент или процент на работа; ова значи дека ќе ви требаат доволно средства во банката за да ги покријат трошоците до таа точка.
  3. Време: Истражувањата кои ги правите за да одберете на кои грантови имате право да аплицирате, ќе одземат добар дел од времето, или ќе треба да платите консултант за да ви помогне во изборот. Освен времето поминато да аплицирате за грантот, исто така, ќе изгубите многу време, чекајќи да слушнете дали сте одобрени или одбиени. Ова може да биде фрустрирачко, особено ако немате средства да се движите напред.

Дури и да не го добиете грантот, има клучни бенефиции за вашиот бизнис/проект од самата потрага и апликација за грант:

  • Ќе имате точна претстава за вашиот пазар и кого таргетирате.
  • Во самиот процес на изготвување на “Предлог барањето” за грантот ќе откриете повеќе слабости за идејата од тоа што сте претпоставувале кога сте почнале со реализација на идејата. Слабостите се всушност точките на кои мора да обрнете внимание ако сакате да успеет, без разлика дали сте го добиле грантот или не.
  • Ќе го зацврстите бизнис моделот, односно ќе имате пореална стапка за поврат на инвестицијата (ROI) како вашата така и на давателот на грантот.
  • Од суштинско значење за концептот на ROI споменат погоре се критичните елементи на мерливи резултати, евалуација на програмата и организациска евалуација.

Честопати ќе треба да покажете корист за бизнис заедницата или за пошироката географска заедница во вашата апликација. Ова може да биде еколошкa, социјалнa, економскa или на друг вид на корист. За повеќето апликанти за грант ова е најтешкиот дел од пишувањето на апликација, иако самиот факт за обезбедување можности за вработување преку раст може да биде доволен.

Без оглед на сите потешкотии, само обидете се да аплицирате и да не се откажувате!

Останато

Американскиот БДП се зголеми за рекордни 33,1 проценти во третиот квартал

Објавено

на

Бруто домашниот производ на САД достигна рекорден раст од 33,1 проценти во третиот квартал, според првите проценки на Министерството за трговија. (more…)

Продолжи со читање

Останато

Сања Лукаревска старо-нов директор на Управата за јавни приходи

Објавено

на

Сања Лукаревска е старо-нов директор на Управата за јавни приходи. (more…)

Продолжи со читање

Останато

Германската економија пораснала за шест проценти во третиот квартал

Објавено

на

Германската економија ќе порасне за околу шест проценти во третиот квартал, но заздравувањето од кризата со вирусот Ковид-19 ќе ја забави најголемата економија во Европа поради новиот есенски бран на пандемијата, соопшти германскиот институт за економски истражувања (DIW). (more…)

Продолжи со читање

Популарно