Connect with us

Компании

Гранит АД Скопје оствари добивка од 4,8 милиони денари во првиот квартал од 2020 година

Објавено

на

Гранит АД Скопје (Друштвото) за периодот Јануари – Март 2020 година оствари позитивни финансиски резултати искажани во неревидираните единечни финансиски извештаи.

Во периодот Јануари – Март 2020 година, Друштвото оствари позитивен резултат (добивка) во износ од 4,838 илјади денари, додека вкупната сеопфатна загуба изнесува 69,181 илјади денари, и е помала од добивката пред се поради останатата сеопфатна загуба во износ од 74,019 илјади денари која произлегува како резултат на евидентирана нереализирана загуба од намалување на пазарната вредност на портфолиото акции кои ги поседува Друштвото.

Ваквата останата сеопфатна загуба е резулат на значајниот пад на пазарните цени на акциите во месец март 2020 година во периодот на избувнување на кризата со Ковид-19. Во текот на месец мај 2020 година оваа останата сеопфатна загуба е намалена за приближно 25,000 илјади денари поради пораст на пазарните цени на акциите во месец април и мај 2020.

Остварените единечни вкупни приходи во периодот Јануари – Март 2020 година изнесуваат 828,827 илјади денари и во споредба со остварените во истиот период 2019  година бележат намалување за 8%.

Остварените единечни  вкупни расходи во периодот Јануари – Март 2020 година се во износ од  823,989 илјади денари,  споредено  со истиот период 2019 година бележат  намалување за 7%.

Исплата на дивиденда

Во периодот Јануари – Март 2020 година, не е одржано Собрание на акционери  на кое би се одлучувало за распределба на дивиденда. Годишното Собрание на акционери за 2019 година е закажано за 11.05.2020 на кое ќе се одлучува за распределба на дивиденда за 2019 година.

Инвестиции

Вкупните инвестиции во основни средства  во периодот Јануари – Март 2020 година  изнесуваат 43,739 илјади денари.

Промени во кредитни задолжувања

Во периодот Јануари – Март 2020 година, нема промени во кредитните обврски на Друштвото, односно нема нови задолжувања по кредити ниту пак отплати со оглед дека Друштвото немаше задолженост по овој основ со состојба на 31.12.2019 година.

Компании

Оглас за вработување во Еазу Фајнанс ДООЕЛ Скопје

Објавено

на

Финасиско друштво Еазу Фајнанс ДООЕЛ Скопје е небанкарска финансиска институција која нуди различни производи од микокредитирање, хипотекарно кредитирање и факторинг. (more…)

Продолжи со читање

Компании

Оглас за вработување во Кроација Осигурување АД – Друштво за неживотно осигурување

Објавено

на

Кроација Осигурување АД – Друштво за неживотно осигурување, со седиште на Ул.Костурски Херои, бр.38, 1000 Скопје, на ден 02.06.2020 година објавува оглас за пополнување на следната работна позиција:

РЕФЕРЕНТ ЗА ПРЕМИСКО КНИГОВОДСТВО

(more…)

Продолжи со читање

Компании

Оглас за вработување во КликниЈади

Објавено

на

КликниЈади е компанија која врши достава на храна од многу ресторани во Скопје до вашиот Дом или Канцеларија. (more…)

Продолжи со читање

Популарно