Connect with us

Компании

Гранит АД Скопје бележи намалување на добивката за 7% во првото полугодие

Објавено

на

ГД Гранит АД Скопје (Друштвото) за периодот Јануари – Јуни 2021 година оствари позитивни финансиски резултати искажани во неревидираните консолидирани финансиски извештаи.

Консолидираните финансиски извештаи за периодот Јануари –Јуни 2021 година ги опфаќаат работењето на следните друштва вклучени во консолидацијата:

  • ГД Гранит АД Скопје – матично друштво
  • Хотел Гранит ДООЕЛ Охрид – 100% поседуван
  • Карваш ДООЕЛ Скопје – 100% поседуван
  • Гранмак Виена гмбх – 100% поседуван
  • Гранмак експорт-импорт гмбх Германија – 100% поседуван
  • ГД Гранит ДОО Бања Лука БИХ – 100% поседувана
  • ГД Гранит Подружница Бања Лука БИХ – 100% поседувана

Биланс на успех

Вкупни приходи

Остварените консолидирани вкупни приходи во периодот Јануари – Јуни 2021 година изнесуваат 2.217.751 илјади денари и во споредба со остварените во истиот период 2020  година бележат намалување за 4%.

Приходите од продажба за периодот Јануари – Јуни 2021 година изнесуваат 2.107.698 илјади денари и во споредба со остварените во истиот период 2020 година бележат намалување за 4%. Намалувањето се должи пред се на фактот дека во првата половина на претходната година се извршуваа неколку проекти кои завршија во текот на 2020 година (експресен пат Штип Крупиште и Гасовод), додека новите започнати проекти се во почетна фаза на изведување. Намалувањето на приходите предизвика и соодветно намалување на расходите на Друштвото.

Финансиските приходи за периодот Јануари – Јуни 2021 година изнесуваат 4.887 илјади денари и во споредба со остварените во истиот период 2020 година бележат намалување за 92%. Намалувањето се должи на фактот дека финансиските приходи до 30,06,2021 не се остварени.

Вкупни расходи

Остварените консолидирани вкупни расходи во периодот Јануари – Јуни 2021 година се во износ од  2.133.186 илјади денари,  споредено  со истиот период 2020 година бележат  намалување за 4% .

Во рамките на оперативните расходи, трошоците за материјали и суровини бележат зголемување за 7% во однос на минатата година, пред се како резултат на зголемување на пазарните цени на одредени клучни материјали за изградба како и недостигот и доцнењата во нивна испорака.

Трошоците за вработени и останатите оперативни расходи исто така се зголемени во однос на претходната година за 3% и 4% респективно, пред се како резултат на зголемување на износите на минималната плата и останатите административни оперативни расходи.

Трошоците за услуги се намалени во однос на претходната година за 15% како резултат на помалиот износ на трошоци за подизведувачи кои директно зависи од обемот на извршени работи.

Во периодот Јануари – Јуни 2021 година, Друштвото оствари консолидирана добивка во износ од 84.565 илјади денари, што споредено  со истиот период 2020 година бележи намалување за 7%.

Вкупната консолидирана сеопфатна добивка изнесува 254.695 илјади денари, и е поголема од добивката пред се поради останатата сеопфатна добивка во износ од 170.891 илјади денари која произлегува како резултат на евидентирана нереализирана добивка од зголемување на пазарната вредност на портфолиото акции кои ги поседува Друштвото во првата половина на 2021 година.

Остварените финансиски резултати по друштва во консолидацијата се како што следува:

  Во илјади денари
Гранит АД78.135
Хотел Гранит ДООЕЛ-10.700
Карваш ДООЕЛ1.865
Гранмак Виена-67
Гранмак Германија-3.654
Босна Подружница18.801
Босна ДОО Бања Лука185
Вкупно 84.565

Биланс на состојба

Вкупната актива на Друштвото на 30.06.2021 година изнесува 7.381.105 илјади денари и во споредба со остварената во однос на декември 2020 година е повисока за 3%.

Постојаните средства на Друштвото на 30.06.2021 година изнесуваат 3.647.636 илјади денари и во споредба со декември 2020 година се повисоки за 1% пред се поради новите набавки во периодот како и поради зголемување на вредноста вложувањата во хартии од вредност (портфолиото на акции кај други).

Тековните средства на Друштвото на 30.06.2021 година изнесуваат 3.733.470 илјади денари и во споредба со декември 2020 година се повисоки за 5%.

Тековните обврски на Друштвото на 30.06.2021 година изнесуваат 1.653.629 илјади денари и во споредба со декември 2020 година се повисоки за 2%.

Друштвото нема долгорочни обврски.

Компании

Оглас за вработување во ВИНЕР ЛАЈФ – Виена Иншуренс Груп Скопје

Објавено

на

ВИНЕР ЛАЈФ  како компанија го цени трудот на своите вработени, нивниот начин на размислување и работа. Успех на компанијата е резултат на многубројните идеи на успешниот тим на вработени. (more…)

Продолжи со читање

Компании

Отворен Најголемиот онлајн саем за вработување: Над 500 отворени позиции во 130 компании од Македонија и регионот

Објавено

на

Синоќа, точно на полноќ, започна Регионалниот саем за вработување. (more…)

Продолжи со читање

Компании

Оглас за вработување во ЕВРОИНС OСИГУРУВАЊЕ АД Скопје

Објавено

на

ЕВРОИНС OСИГУРУВАЊЕ АД Скопје претставува друштво за осигурување со долги години успешно работење на македонскиот осигурителен пазар, врши повик за работа за следната работна позиција со утврден профил на кадар: (more…)

Продолжи со читање



Популарно