Connect with us

Останато

Градови во кои живеат повеќе милијардери отколку во некои држави

Објавено

на

Според податоците на компанијата „Wealth-X”, градот во кои живеат најголем број на милијардери во светот се уште е Њујорк.

Ова се податоци од документот „Попис на милијардерите во 2020 година“, кој беше објавен оваа недела, и за кој се собрани податоците во текот на 2019 година.

Во Њујорк живеат 113 милијардери, осум повеќе во однос на минатата година, се наведува во извештајот. Самиот Њујорк има повеќе милијардери од повеќето земји (со исклучок на Кина и Германија, и секако САД како целина).

На второ место по број на милијардери е Хонг Конг, со 96 милијардери, што претставува зголемување за 9, во однос на претходната година.

Следат Сан Франциско, Москва, Лондон, Пекинг, Сингапур, Лос Анџелес, Шенжен, Мумбаи, Дубаи, Сао Паоло, Истанбул, Хангжу, Токио.

Овие 15 града се дом на 29 проценти од сите милијардери во светот. САД и Кина имаат по три града во првите 15.

За потсетување, бројот на милијардери на глобално ниво се зголеми за 8,5 проценти минатата година на рекордни 2.825.

Нивното комбинирано богатство се зголеми за 10,3 проценти на 9,4 трилиони долари.

Според државите, повеќето милијардери живеат во САД, а ако ги погледнете регионите, повеќето од нив се во Европа.

Останато

УЈП: Корисниците на МОЈДДВ кои имаат трансакциска сметка на Еуростандард банка да извршат промена

Објавено

на

Управата за јавни приходи апелира до граѓаните кои во апликацијата МојДДВ имаат внесено трансакциска сметка од Еуростандард Банка, да извршат промена со внесување на валидна трансaкциска сметка, со цел исплата на средства од поврат на ДДВ за физички лица.  (more…)

Продолжи со читање

Останато

Рустеми: „АД Пошта” ја стопираше услугата платен промет, откако ѝ е одземена дозволата на Еуростандард банка

Објавено

на

Генералниот директор на АД Пошта Северна Македонија, Ејуп Рустеми на прес-конференција одржана по повод одземањето на дозволата за работа на Еуростандард банка АД Скопје со која Македонската пошта имаше договор за извршување на услугата платен промет, изјави дека платниот промет што се врши преку АД Пошта Северна Македонија е стопиран и ќе се активира кога ќе биде потпишан договор со друга банка во законска процедура. (more…)

Продолжи со читање

Останато

Фондот за осигурување на депозити: Депонентите во Еуростандард банка АД Скопје ќе бидат обештетени за своите депозити, но не повеќе од денарска противвредност од 30.000 евра по депозит

Објавено

на

Фондот за осигурување на депозити согласно Решението на гувернерот на Народна банка на Република Северна Македонија бр. 15 -20139/1 од 12 август 2020 година за укинување на дозволата за основање и работа на Еуростандард банка АД Скопје ги известува сите физички лица – депоненти на Еуростандард банка АД Скопје дека обесштетувањето по основ на вкупни депозити кои ги имаат во Банката ќе започне во рок од 20 дена и ќе се изврши во согласност со законските прописи. (more…)

Продолжи со читање

Популарно