Connect with us

Домашни банки

Градежната Адора и натаму го зголемува учеството во акции во Комерцијална банка

Објавено

на

Градeжната компанија Адора продолжува да биде еден од најголемите инвеститори во Комерцијална банка со откупување на нов пакет на акции со што стигна до над 12% учество во сопственоста на издадените хартии од вредност.

„Комерцијална банка АД Скопје ја известува јавноста дека во изминатиот период преку берзански трансакции правното лице Адора Инженеринг ДООЕЛ Експорт – Импорт Скопје се стекна со 13.901 обични акции издадени од Комерцијална банка АД Скопје. Правното лице Адора Инженеринг ДООЕЛ Експорт-Импорт Скопје заедно со поврзаните лица поседува вкупно 280.780 обични акции, односно има учество од 12,32% во основната главнина на Комерцијална банка АД Скопје”, – се вели во соопштението на Банката.

Инаку, додека трае кризата со коронавирусот акциите на Македонска берза и натаму бележат голем пад. Просечната цена на акциите на Комерцијална банка изнесува 6.711 денари и бележат пад од 9,22%.

Домашни банки

Личниот пристап кон клиентите е клучен за градење доверба

Објавено

на

Банките се двигатели на секоја економија, а нивната одговорност кон клиентите е повеќеслојна и поеднакво се однесува и на бизнисите (правните лица) и на поединците (физичките лица). (more…)

Продолжи со читање

Домашни банки

Доделен автомобилот TESLA на среќниот добитник во наградната игра на Стопанска банка АД – Скопје

Објавено

на

Најсреќниот добитник во големата наградна игра на Стопанска банка, Ацо Савиќ, вчера (23 ноември) пред просториите на Банката во центарот на Скопје ги доби клучевите од новиот автомобил TESLA model 3. Автомобилот е главната награда од наградната игра на Стопанска банка со Mastercard платежните картички „Најбрзо до Тесла возило со СБ”, која траеше од 1 јули до 31 октомври. (more…)

Продолжи со читање

Домашни банки

ЕБОР одобри 9 милиони ЕУР кредит на ПроКредит Банка во Северна Македонија

Објавено

на

Европската банка за обнова и развој (ЕБОР) доделува нови средства за поддршка на младите претприемачи и основање на бизниси, како и за промовирање на зелени финансии во Северна Македонија, преку финансискиот пакет од 9 милиони ЕУР одобрен за ПроКредит Банка. (more…)

Продолжи со читање

Популарно