Connect with us
P2_P_MK_1600x400

Домашни банки

Грабеж во експозитурата на НЛБ Банка во Сарај

Објавено

на

Утрово во експозитурата на НЛБ Банка АД Скопје во општина Сарај се случи грабеж од страна на вооружена група разбојници. Во моментот на случувањата во експозитурата биле присутни вработени и клиенти, при што сите се безбедни и во добра состојба.

Претставници на Банката се во постојан контакт со клиентите и вработените кои биле присутни во филијалата, ставајќи ја нивната безбедност и нивното здравје во преден план.

Во моментов сѐ уште нема детали за висината на направената штета. Надлежните органи вршат увид на самото место и се во блиска соработка со Банката за што побрзо и ефикасно разрешување на случајот и разоткривање на деталите, за што јавноста ќе биде дополнително известена.

Средствата на клиентите се сигурни бидејќи Банката има осигурување на целиот свој имот и средства. 

Домашни банки

Тимот на Комерцијална банка го освои првото место на Business Run 2019!

Објавено

на

Комерцијална банка и годинава учествуваше на трката Business Run со што ја покажа важноста на тимската работа, како меѓу колегите, така и во поддршката на нашите деловни партнери.  (more…)

Продолжи со читање

Домашни банки

НЛБ Банка домаќин на интернационалниот хакатон „NASA Space Apps Challenge“

Објавено

на

НЛБ Банка горд домаќин на интернационалниот хакатон „NASA Space Apps Challenge“ кој започнува денеска, а учество ќе земат 140 млади таленти: средношколци и студенти од Македонија кои во следните 48 часа ќе дизајнираат иновативни решенија за глобални предизвици со кои се соочуваат земјата и вселената. Овој хакатон во исто време се случува низ 200 локации во светот и земаат учество 18.000 учесници. (more…)

Продолжи со читање

Домашни банки

Јавен повик за учество на Собрание на акционери на Стопанска банка АД – Скопје

Објавено

на

Врз основа на член 27 од Статутот на Стопанска банка АД – Скопје (С.О. бр. 382/29.05.2019 година, пречистен текст), Надзорниот одбор на СБ, на седницата одржана на 15.10.2019 година, донесе Одлука за свикување на 46-та седница на Собранието на акционери на СБ (Н.О. бр. 60 / 15.10.2019 година). (more…)

Продолжи со читање

Популарно

Copyright © 2018 bankarstvo.mk. All Rights Reserved. Developed by Digital Orange