Connect with us

Останато

“Го земам твоето име како мое, а тебе ти подарувам бесмртност„ – Кочо Рацин

Објавено

на

Коста Солев има напишано 31 љубовно писмо кон неговата сакана, неговата муза, Рахилка Фирфова- Раца. Неколку од овие писма, Коста ги има напишано со својата крв.

Коста Солев Рацин, познат како Кочо Рацин, е основоположник на македонската современа литература. Коста Солев, книжевен деец, комунистички активист, со проминентни размислувања и интереси за литературата, политиката, филозофијата и богомилството, својот псевдоним Рацин го добил по силно искажаната љубов кон Раца односно Рахилка Фирфова (1911-2000), девојка од богата градска фамилија. Тие живееле во истиот град, во Велес, но никогаш не се запознале.

Затоа вечерва (29.06 петок), дојдете на “Ноќна романса за Кочо Рацин„ во НУБ „Св. Климент Охридски“-Скопје, со што ќе одбележи 110 години од раѓањето на Кочо Рацин и 75 години од неговата трагична смрт. Да ги прочитаме љубовните писма на Рацин.

Повеќе

Останато

Нов повик од ФИТР за старт-ап и спин-оф компании

Објавено

на

Заинтересираните од денеска, па во наредните 50 дена ќе можат да аплицираат во Фондот за иновации и технолошки развој (ФИТР) за добивање средства од првиот јавен повик за старт-ап и спин-оф компании во вкупен износ од еден милион евра што се реализира во соработка со Светска банка. (more…)

Продолжи со читање

Останато

Просечна месечна исплатена нето-плата по вработен изнесува 24 210 денари

Објавено

на

Просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во август 2018, изнесува 24 210 денари. Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на просечната месечна исплатена нето-плата по
вработен, во август 2018 година, во однос на август 2017 година, изнесува 105.7. 
(more…)

Продолжи со читање

Останато

Во среда стартуваат најголемите бизнис саеми: Градежништво и Технома 2018

Објавено

на

Во рамките на саемската трилогија која се случува есенва на нова локација, комплекс ВИП Арена Борис Трајковски се случуваат и двата најголеми бизнис саеми, 15. издание на Саем на Градежништво заедно со осмиот по ред RealExpo (саем на недвижности), како и 44. издание на Технома, саемот кој ги собира движечките компании од областа на металургија, електроника, енергетика, неметали, градежништво, обезбедување и заштита. (more…)

Продолжи со читање
P2_P_MK_300x250

Популарно

Copyright © 2018 bankarstvo.mk. All Rights Reserved. Developed by Digital Orange