Connect with us

Останато

ГО ЗАГУБИ ПРИМАТОТ – Џек Ма повеќе не е најбогатиот Кинез!

Објавено

на

Основачот на „Alibaba“ и компанијата „Ant Group“, Џек Ма, ја загуби титулата најбогат Кинез, откако неговата деловна империја беше ставена под строга контрола на кинеските регулатори. Неговите ривали, пак, забележаа напредок на новата „Глобална ранг листа на богатите во 2021 година“ на истражувачката и медиумската група „Hurun“, пренесуваат светските медиуми.

Џек Ма беше на лидерското место на листата на „Hurun“ за најбогати луѓе во Кина во 2019 и во 2020 година, но сега падна на четвртото место.  Пред него се водечкиот Жонг Шаншан, сопственик на компанијата за производство на вода во шишиња „Нонгфу спринг“, Пони Ма кој е на чело на „ Тенсент холдинг“ и  Колин Хуанг, со компанијата „Пиндуодуо“ за услуги поврзани со електронска трговија.

Пред Џек Ма сега се Џонг Шаншан, сопственик на компанија за производство на вода во шишиња „Nongfu Spring”, Пони Ма кој го води „Tencent Holding” и Колин Хуанг, од компанијата „Pinduoduo” за е-трговија.

На новата проширена листа на „Hurun“ се уште 259 нови лица кои имаат богатство од барем милијарда долари, и сега на неа се вкупно 1.058 лица, така што Кина е прва држава во светот што има повеќе од 1.000 милијардери.

Останато

Нина Ангеловска по втор пат избрана за “жена амбасадор за е-трговија” на УНКТАД

Објавено

на

Нина Ангeловска, по втор пат беше избрана за „жена амбасадор на e- трговија“ од страна на УНКТАД – телото на Обединетите нации за трговија, инвестиции и развој, заедно со уште пет други успешни жени претприемачи од целиот свет. (more…)

Продолжи со читање

Останато

Дигитализацијата на образованието да се реализира во инклузивен процес

Објавено

на

Информациските и комуникациски технологии доколку се користат на соодветен начин можат да допринесат за значително подобрување на квалитетот на живот, работа и создавање нови вредности, со што повеќекратно се оправдуваат напорите за имплементација на овие технологии, реагира Саша Огненовски од ИКТ Комората на Македонија поврзано со полемиките кои се водат во јавноста околу воведување на дигитализација на учебниците во образовниот процес. (more…)

Продолжи со читање

Останато

МФ и УНДП потпишаа Меморандум за унапредување на фискалната децентрализација, реформи во јавните финансии и економски развој

Објавено

на

Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП) ќе ги поддржи планираните реформи во насока на унапредување на фискалната децентрализација во земјава и зајакнување на капацитетите на локалните власти, како и градењето подобар систем на јавни финансии, воопшто. Помеѓу Министерството за финансии, претставувано од министерот за финансии, Фатмир Бесими и постојаната претставничка на УНДП во земјава, Нарин Сахакјан беше потпишан Меморандум за разбирање, којшто предвидува соработка во повеќе области. (more…)

Продолжи со читање


Популарно