Connect with us

Домашни банки

Гоце Вангеловски нов член на Управниот одбор на НЛБ Банка Скопје

Објавено

на

Надзорниот одбор на НЛБ Банка Скопје со одлука на 116-тата седница одржана на 31.03.2023 година, го именуваше Гоце Вангеловски за нов член на Управниот одбор на Банката.

Вангеловски, кој моментално ја извршува функцијата Помошник на Управниот одбор, функцијата ќе ја преземе откако ќе ја добие лиценцата од Народната банка.

Вангеловски се приклучи на НЛБ Банка Скопје во април 2022 година. Неговото академско образование е економија во областа на финансиски менаџмент и сметководство. Има 22 години успешно професионално работно искуство, од кои 17 години на високи раководни позиции во банкарскиот и осигурителниот сектор, како и во прехранбената индустрија.

Како член на Управниот одбор, Вангеловски ќе раководи со повеќе сектори и служби во Банката. Со неговото назначување, Управниот одбор на НЛБ Банка Скопје од досегашните три ќе се прошири на четири члена.

Управниот одбор на НЛБ Банка АД Скопје  во моментов го сочинуваат:

  • Бранко Грегановиќ – Претседател на Управен одбор;
  • Петер Зелен – Член на Управен одбор;
  • Игор Давчевски – Член на Управен одбор;

Домашни банки

Комерцијална банка прогласена за „Банка на годината во 2023“ од магазинот The Banker

Објавено

на

Комерцијална банка АД Скопје е прогласена за „Банка на годината во 2023 година во Република Северна Македонија“ од угледниот финансиски магазин The Banker. Оваа престижна награда и е доделена на Комерцијална банка по јубилеен 10-ти пат. (more…)

Продолжи со читање

Домашни банки

Личниот пристап кон клиентите е клучен за градење доверба

Објавено

на

Банките се двигатели на секоја економија, а нивната одговорност кон клиентите е повеќеслојна и поеднакво се однесува и на бизнисите (правните лица) и на поединците (физичките лица). (more…)

Продолжи со читање

Домашни банки

Доделен автомобилот TESLA на среќниот добитник во наградната игра на Стопанска банка АД – Скопје

Објавено

на

Најсреќниот добитник во големата наградна игра на Стопанска банка, Ацо Савиќ, вчера (23 ноември) пред просториите на Банката во центарот на Скопје ги доби клучевите од новиот автомобил TESLA model 3. Автомобилот е главната награда од наградната игра на Стопанска банка со Mastercard платежните картички „Најбрзо до Тесла возило со СБ”, која траеше од 1 јули до 31 октомври. (more…)

Продолжи со читање

Популарно