Connect with us

Домашни банки

Гостивар доби зелен Халк Корнер обезбеден од Халкбанк

Објавено

на

Во Градскиот парк во Гостивар денеска беше пуштен во употреба зелениот корнер чие уредување беше донација на Халкбанк АД Скопје кон Општина Гостивар. Новиот Халк Корнер е дел од активностите од платформата HalkEco чија цел е заштита и унапредување на животната средина, создавање здрави навики кај населението и подигање на еколошката свест и грижа за околината.

Халк Корнерот е опремен со ново зеленило, урбана опрема и осветлување, а пуштена е во употреба и фонтаната, со што Гостивар доби ново урбано катче со кое дополнително се оплеменува и разубавува пејзажот на Градскиот парк како едно од најпосетените места во градот.

Градоначалникот на Гостивар, Арбен Таравари, упати голема благодарност до Халкбанк како општествено одговорна компанија којашто излезе во пресрет на Општина Гостивар и овозможи креирање на едно убаво катче во Градскиот парк во кое ќе можат да уживаат гостиварчани.

Според Билал Суџубаши, првиот човек на Халкбанк, во агендата на општествено одговорни активности на банката еден од приоритетите е поддршката на активности што придонесуваат за здрави животни навики и заштита на животната средина.

„Градскиот парк е сигурно најубавото место во Гостивар, зелена оаза, место за прошетки, рекреација и уживање на граѓаните. Бидејќи како банка настојуваме со нашите општествено одговорни активности да поттикнеме здрави животни навики и да придонесеме за заштита на природата, за што ја креиравме платформата HalkEco, со задоволство одлучивме и во Гостивар да уредиме едно катче кое ќе биде пријатно место и во кое луѓето ќе го минуваат слободното време и кое се надеваме дека ќе донесе многу убави моменти, дружби и ќе биде место кое ќе создаде многу спомени. Истовремено ги поканувам гостиварчани да ја користат апликацијата HalkEco бидејќи на тој начин сите заеднички даваме придонес за природата“, рече Суџубаши.

Халкбанк АД Скопје како прва еко банка, ја разви мобилната апликација HalkEco која има за цел да ги поттикнува граѓаните на поголема физичка активност, а како одговор на нивната активност, банката засадува дрвја. Во моментов, бројот на засадени дрвја од страна на Халкбанк АД Скопје достигна над 27.000. Во рамките на оваа платформа минатата година беше реализирана реконструкција на 19 пешачки мостови во Градскиот Парк во Скопје, беше поставена еко автобуска постојка во скопската населба Аеродром, реконструиран пешачкиот мост во Крушево и уреден Халк Корнер во ТЦ Лептокарија во Скопје. Дел од платформата беше и поддршката за ланската трка HalkEco Хронометар 10KM, годинешната HalkEco Скопје Трча 10КМ, како и организирањето од страна на банката на велосипедската хронометар трка Halk Velo Green, која и годинава ќе се одржи на 8 септември во Маврово. Халкбанк е и единствената банка од регионот која е дел од глобалната иницијатива „Priceless Planet“ на Mastercard чија цел е засадување 100 милиони дрвја на планетата во текот на следните пет години.

Домашни банки

Комерцијална банка го одржа редовното Годишно собрание на акционери

Објавено

на

Комерцијална банка АД Скопје на 29.03.2023 година го одржа редовното Годишно собрание на акционери. (more…)

Продолжи со читање

Домашни банки

Списание „Чувари на мудроста“ за секојдневие исполнето со убавина и мудрост

Објавено

на

Предлози за прошетки, екскурзии, патувања, книги за читање, крстозбор, вкусни рецепти и многу други содржини се најдоа во списанието „Чувари на мудроста“ чие прво издание излезе деновиве. Списанието е дел од поголемата кампања на Халкбанк АД Скопје „Чувари на мудроста“, посветена на повозрасната популација, но и на кревање на свесноста за важноста на луѓето кои нè пораснале и од кои многу сме научиле. (more…)

Продолжи со читање

Домашни банки

Силк Роуд Банка: Во тек е исплатата на мартовските пензии

Објавено

на

Силк Роуд Банка ги известува своите клиенти – пензионери дека во тек е исплатата на мартовските пензии. (more…)

Продолжи со читање

Популарно