Connect with us

Форекс

Гордана Дамеска ќе биде претседател на Одборот на директори на ЦДХВ

Објавено

на

Централен депозитар за хартии од вредност, преку соопштение објавено на веб страната на Македонска берза ја информираше јавноста за избор на претседател на Одборот на директори и независен – неизвршен член на Одборот на директори.

За претседател на Одборот на директори (неизвршен член) е избрана г-ѓа Гордана Дамеска од Шпаркасе Банка Македонија, додека за неизвршен член во Одборот на директори е избрана г-ѓа Ирена Николовска од Про Агенс.

Во рамките на овластувањата определени со Законот за трговски друштва и Статутот на Централен депозитар за хартии од вредност АД Скопје, Одборот на директори на ЦДХВ е орган што управува со Друштвото.

Одборот на директори на ЦДХВ е составен од 8 члена од кои 7 се неизвршни членови, а еден е извршен член што го носи називот Извршен директор. Три од неизвршните членови се независни членови на Одборот на директори на ЦДХВ.

 

Одборот на директори на ЦДХВ АД Скопје во моментов го сочинуваат:

Гордана Дамеска, Претседател на Одборот на директори и неизвршен член;

Даринка Дамјановиќ, извршен член, Извршен директор;

Коста Костовски, неизвршен член;

Бобан Гоговски, неизвршен член;

Соња Бојаџиевска Угриновска, неизвршен член;

Маргица Порчу, независен неизвршен член;

Горан Петрески, независен неизвршен член;

Ирена Николовска, независен неизвршен член.

 

Форекс

Доларот зајакна, “мини колапс” на швајцарските франци

Објавено

на

Доларот ја зголеми својата вредност поради зголемената загриженост дека преговорите меѓу САД и Кина нема да го олеснат трговскиот спор помеѓу најголемите светски економии. (more…)

Продолжи со читање

Останато

Најтргувани акции за јануари се акциите на Комерцијална банка, Алкалоид и Макпетрол

Објавено

на

Македонска берза го објави Месечниот статистички билтен за јануари 2019 година. Според податоците од извештајот, за периодот од 01.01.-31.01.2019 година вкупниот промет изнесувал 489.310.274 денари и е намален во однос на декември 2018 година за 24,63%. (more…)

Продолжи со читање

Форекс

Македонска берза потпиша меморандум за соработка со Македонската банкарска асоцијација

Објавено

на

Македонската берза, на 31.01.2019 година, потпиша меморандум за соработка со Македонската банкарска асоцијација со кој се утврдуваат полињата за кооперација кои се од заеднички интерес во областа на финансиското работење и работењето со хартии од вредност.  (more…)

Продолжи со читање

Популарно

Copyright © 2018 bankarstvo.mk. All Rights Reserved. Developed by Digital Orange