Connect with us

Домашни банки

Горан Петревски е нов член на Надзорниот одбор на Шпаркасе Банка АД Скопје

Објавено

на

Шпаркасе Банка АД Скопје преку соопштение ја известува јавноста за измени во органите на управување односно Надзорниот одбор на Банката.

„По добивање на согласност од Гувернерот на Народната банка на Република Северна Македонија,  г-дин Горан Петревски е именуван за нов независен член на Надзорниот одбор на Шпаркасе Банка АД Скопје со мандат до 16.11.2024 година.

Новоименуваниот член ќе го замени независниот член на Надзорниот одбор, г-ѓа Сузана Ставриќ, која поднесе оставка од функцијата.” – се вели во соопштението на Шпаркасе Банка.

Надзорниот одбор на Шпаркасе Банка АД Скопје во моментов го сочинуваат:

  • Д-р Георг Бухер – Претседател на Надзорен одбор
  • Валбурга Зајдл – Заменик претседател на Надзорен одбор
  • Славиша Којиќ – Член на Надзорен одбор
  • Ханс Лудвиг Диксер – Член на Надзорен одбор
  • Кристијан Поленак – Независен член на Надзорен одбор
  • Горан Петревски – Независен член на Надзорен одбор

Фото: ekonomijaibiznis.mk

Домашни банки

Личниот пристап кон клиентите е клучен за градење доверба

Објавено

на

Банките се двигатели на секоја економија, а нивната одговорност кон клиентите е повеќеслојна и поеднакво се однесува и на бизнисите (правните лица) и на поединците (физичките лица). (more…)

Продолжи со читање

Домашни банки

Доделен автомобилот TESLA на среќниот добитник во наградната игра на Стопанска банка АД – Скопје

Објавено

на

Најсреќниот добитник во големата наградна игра на Стопанска банка, Ацо Савиќ, вчера (23 ноември) пред просториите на Банката во центарот на Скопје ги доби клучевите од новиот автомобил TESLA model 3. Автомобилот е главната награда од наградната игра на Стопанска банка со Mastercard платежните картички „Најбрзо до Тесла возило со СБ”, која траеше од 1 јули до 31 октомври. (more…)

Продолжи со читање

Домашни банки

ЕБОР одобри 9 милиони ЕУР кредит на ПроКредит Банка во Северна Македонија

Објавено

на

Европската банка за обнова и развој (ЕБОР) доделува нови средства за поддршка на младите претприемачи и основање на бизниси, како и за промовирање на зелени финансии во Северна Македонија, преку финансискиот пакет од 9 милиони ЕУР одобрен за ПроКредит Банка. (more…)

Продолжи со читање

Популарно