Connect with us

Лични финансии

Големо финале на Smart Money Talks: Совети за управување со личните финансии

Објавено

на

Успешното управување со личните финансии како и разбирањето на основните финансиски концепти се важни вештини за сите млади. Токму овие и многу други теми се во фокусот на проектот за финансиска писменост на млади кој го спроведува организацијата Глобал Шејперс Скопје Хаб.

Организацијата е дел од Global Shapers Community, иницијатива на Светскиот економски форум. Global Shapers Community е мрежа на хабови формирани во градови низ целиот свет водени од млади и амбициозни индивидуи кои иницираат позитивни промени во општеството со подолгорочно влијание.

Во изминатиот период, во рамки на проектот за финансиска писменост беше организиран серијал на разговори Smart Money Talks (Разговори за паметни пари). Целта на настаните е да го доближи знаењето на експертите во областа на финансиска писменост и рационално раководење со личните финансии до младите.

Досега беа одржани четири разговори со седум различни експерти од различни области. А денеска е закажано големото финале на кое учесниците ќе имаат можност да слушнат како да управуваат со личните финансии, особено во овој нетипичен период кога финансиските ресурси може значително да бидат намалени.

Говорници на настанот ќе бидат Кирил Јовановски и Стефан Ивановски. Јовановски е професор по Финансиски пазари и институции и Лични финансии на Економскиот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ – Скопје. Тој е дел од катедрата по финансии и е активен на сите позначајни проекти поврзани со финансискиот сектор (пазарот на капитал и банкарство), каде преку својата експертиза допринесува за развојот на овој дел од македонската економија. Стефан Ивановски е проектен менаџер во меѓународна менаџмент консултантска компанија, бизнис аналитичар и консултант за економски развој и урбано планирање, Шејпер. Тој има повеќе-годишно искуство со менаџирање на личните финансии и работа на меѓународни проекти.

Вебинарот е бесплатен и ќе се одржи на македонски јазик преку платформата ZOOM, а повеќе детали за настанот може да најдете на следниот линк.

Лични финансии

Дали знаењето или дисциплината е поважна за управување со парите?

Објавено

на

Знаењето (во некои случаи може да се користи и зборот „талент“) е важен предуслов за успех на кое било поле од животот. (more…)

Продолжи со читање

Лични финансии

Четири чекори кои водат до стабилни лични финансии

Објавено

на

Четирите чекори кои водат до стабилни лични финансии можеби изгледаат како „чекор од седум милји“, но во реалноста не е толку тешко да се постигнат. (more…)

Продолжи со читање

Лични финансии

Десет навики на луѓето со најголема самодоверба

Објавено

на

Ko-oсновачот на компанијата Sky Bell, Ендрју Томас, ги сподели своите искуства и размислувања за кои верува дека луѓето кои сакаат да градат доверба е потребно да ги имаат. (more…)

Продолжи со читање

Популарно