Connect with us
P2_P_MK_1600x400

Форекс

Големото “НЕ” од Европа, негативно влијае врз Македонската берза

Објавено

на

Пазарот на капитал во Северна Македонија доживува сериозен пад на вредноста што најмногу се гледа со движењето на индексот МБИ10 на Македонска берза кој ги содржи десетте најликвидни хартии од вредност на котираните акционерски друштва.

Позитивната атмосфера пред неколку дена и надежта дека ќе добиеме датум за отпочнување на преговорите за членство на октомврискиот Самит на Европската Унија им даде поттик на инвеститорите и постојано тргувањето на берзата во изминатиот период беше во пораст. Но, откако францускиот претседател Емануел Макрон одлучи да го спречи патот на нашата земја кон членство во ЕУ, тоа ги демотивираше и инвеститорите на Македонската берза, па индексот МБИ10 во моментов е во слободен пад.

На последниот ден за тргување на македонската берза, единствено акциите на Гранит АД Скопје забележаа раст од 1,77 проценти.

Речиси сите останати акции кои котираат на Македонската берза забележаа пад на својата вредност, од кои најпогодени беа акциите на Фершпед АД Скопје кои ја намалија вредноста за 3%, пред акциите на Aлкалоид АД Скопје кои забележаа пад од 2,96%.

Фаталното “НЕ” од Макрон негативно се одрази и врз вредноста на акциите на Макпетрол АД Скопје кои забележаа пад од 2,46%.

Според официјалниот среден курс на Народната банка на Македонија, денеска денарот спрема еврото има вредност од 61.4946 денари.

Курсот на денарот спрема доларот е на ниво од 55.1818 денари, британската фунта изнесува 71.1414 денари, додека пак швајцарскиот франк е 55.9245 денари.

Форекс

Акциите на ТТК Банка најтргувани на берзата

Објавено

на

На последниот ден за тргување на македонската берза најтргувани беа акциите на ТТК Банка АД Скопје, кои забележаа раст од 3,34 проценти, пред акциите на Македонијатурист АД Скопје кои забележаа раст од 0,93%. (more…)

Продолжи со читање

Форекс

Банкарските акции најинтересни за инвеститорите

Објавено

на

На последниот ден за тргување на македонската берза најтргувани беа акциите на УНИБанка АД Скопје, кои забележаа раст од 2,21 проценти, пред акциите на Стопанска банка АД Битола кои забележаа раст од 0,40%. (more…)

Продолжи со читање

Форекс

Акциите на Телеком и Комерцијална банка најинтересни за инвеститорите

Објавено

на

На последниот ден за тргување на македонската берза најтргувани беа акциите на Македонски Телеком АД – Скопје, кои забележаа раст од 2,38 проценти, пред акциите на Комерцијална банка АД Скопје кои забележаа раст од 0,67%. (more…)

Продолжи со читање

Популарно

Copyright © 2018 bankarstvo.mk. All Rights Reserved. Developed by Digital Orange