Connect with us

Лични финансии

Големите лидери никогаш не ги прават овие пет грешки

Објавено

на

Пред да одлучите да ја прифатите лидерската улога, размислете двапати за тоа дали навистина го сакате тоа. Дали навистина имате став и емоционална интелигенција да ги водите луѓето и да успеете со нив?

На светот не му треба уште еден лош лидер кој негативно ќе влијае на вработените, нивното здравје, клиентите и компанијата.

За да добиете појасна слика дали имате предиспозиции да бидете успешен лидер, во продолжение ви прикажуваме 5 грешки кои големите лидери никогаш не ги прават.

1. Се дистанцира од членовите на тимот

Огромна грешка што ја прави речиси секој што посакува да стане лидер е уживањето во ново стекнатите привилегии, како и постепено дистанцирање од тимот. Ова е класична појава кај новите лидери, но истата нема да ја забележите кај оние што се искусни. Големите лидери оваа грешка можеби ја правеле на почетокот, но со текот на времето тие се поистоветуваат со тимот и никогаш не се дистанцираат од него.

2. Прекумерна контрола

Добриот лидер ќе стане одличен само кога тој или таа ќе направи нешто што е во спротивност со интуицијата: Ќе ја намали контролата врз подредените. Тоа е лидер кој има доверба во својот тим, склон е кон преземање ризици и е многу креативен. Добрите лидери се во состојба да ја споделат својата моќ и да ја намалат контролата врз луѓето.

3. Не ги слуша активно луѓето во тимот

Вистински лидер никогаш не вели дека е секогаш во право. Тој е присутен кога е тоа потребно и без предрасуди ги слуша мислењата на луѓето во тимот и нивните стравови, како и одличните идеи и решенија што ги предлагаат. Притоа, добрите лидери скоро секогаш ги прифаќаат и ги имплементираат квалитетните идеи.

4. Дозволува да се појават големи конфликти во тимот

Според една древна духовна мисла, дебатата што брзо ескалира е како пукнатина во брана. Потребно е да престане да се шири пред целосно да пукне и да направи уште поголем проблем. Исто така, тоа е својство на добрите лидери, оние кои имаат добра интуиција и ги перцепираат дискусиите што можат да станат токсични, ги прекинуваат навремено пред тие да ескалираат и да направат деструкција во тимот. Недоволно искусните лидери немаат сеуште развиено сенс за добра перцепција, па често им се случува да направат превид, овие тензични дискусии да не ги разрешат навремено и да се случи огромен раздор во тимот од кој најдебелиот крај секогаш ќе го извлечат самите тие.

5. Нема доверба во другите луѓе

Добрите лидери кои ги перцепираат луѓето како паметни и креативни суштества, секогаш ќе веруваат во своите способности и сила. Таквите лидери имаат високо мислење за другите и им покажуваат почит уште од самиот почеток. Кога тоа ќе се случи, взаемна доверба е загарантирана, а вработените се уште полојални и посветени на своите работни места, но и кон нивниот шеф.

За разлика од нив, лошите лидери немаат доволно доверба во своите вработени, често ги критикуваат, па дури и навредуваат заради нивната “неспособност”. Токму поради тоа, членовите од тимот често си ја бараат својата среќа на друго место, но и доколку останат му прават опструкции на својот омразен шеф, а резултатот е поразителен за сите.

Доколку ги избегнувате овие 5 грешки и ги применувате советите на добрите лидери, тогаш и Вие имате добри предиспозиции да станете добар лидер од кој ќе се гордеат вработените.

Лични финансии

Дали знаењето или дисциплината е поважна за управување со парите?

Објавено

на

Знаењето (во некои случаи може да се користи и зборот „талент“) е важен предуслов за успех на кое било поле од животот. (more…)

Продолжи со читање

Лични финансии

Четири чекори кои водат до стабилни лични финансии

Објавено

на

Четирите чекори кои водат до стабилни лични финансии можеби изгледаат како „чекор од седум милји“, но во реалноста не е толку тешко да се постигнат. (more…)

Продолжи со читање

Лични финансии

Десет навики на луѓето со најголема самодоверба

Објавено

на

Ko-oсновачот на компанијата Sky Bell, Ендрју Томас, ги сподели своите искуства и размислувања за кои верува дека луѓето кои сакаат да градат доверба е потребно да ги имаат. (more…)

Продолжи со читање

Популарно