Форекс
Големите американски залихи ја намалија цената на нафтата


Цените на нафтата на меѓународниоте пазари се под 86 долари притиснати од неочекувано силниот раст на залихите во САД и нерамномерното опоравување од падмијата на Ковид-19, што сега шират сомнежи дека сегашните цени се неодржливи.
На Лондонската берза цената на барел беше за 88 центи пониска – 85,52 долара додека на американските пазари се тргуваше за цена пониска за 95 центи – 83,70 долари. Цените пораснаа во последните денови поради зголемената побарувачка генерирана од транзицијата на производителите на електрична енергија по поскапувањето на јагленот и гасот кон поевтин мазут и дизел.
Водечките производители, пак, инсистираат на скромно зголемување на понудата во ноември, за само 400.000 барели дневно.
Трговците денеска се фокусираа на извештајот на Американскиот институт за нафта, според кој залихите на сурова нафта во САД минатата недела пораснале за 2,3 милиони барели, тврдат пазарни извори. Аналитичарите очекуваа поскромен раст. Пораснаа и залихите на бензин, за 500.000 барели, а залихите на деривати, за милион барели, пркосејќи на очекувањата на аналитичарите кои го најавија нивниот пад.
Форекс
Руската рубља ќе стане официјална валута во дел од украинските градови


Градот Херсон во јужниот дел на Украина, за кој Русија тврди дека е под нејзина контрола, ќе премине кон користење на рубљата од 1-ви мај, објавија руски државни медиуми. (more…)
Форекс
Доларот опасно му се приближува на еврото!


Еврото утринава падна на најниско ниво во последните пет години од 1,05890 долари, откако руски „Газпром” соопшти дека ќе го прекине снабдувањето со гас за Полска и Бугарија. Падот под 1,06 долари за прв пат по пет години во однос на генерално силниот американски долар доаѓа поради зголемената загриженост околу енергетската безбедност и забавувањето на растот во Кина и Европа. (more…)
- Кредитипред 1 month
Брз онлајн кредит – за пролетно чистење сметки
- Анализипред 1 month
Кои се петте најпрофитабилни македонски компании во 2021 година!?
- Банкипред 2 months
Оглас за вработување во Комерцијална банка АД Скопје
- Банкипред 2 months
Оглас за вработување во Стопанска банка АД – Скопје
- Банкипред 2 months
Оглас за вработување во НЛБ Банка АД Скопје
- Домашни банкипред 1 month
Промени во Управниот одбор на Шпаркасе Банка АД Скопје
- Домашни банкипред 3 weeks
Комерцијална банка денес започнува со исплата на дивиденда за 2021 година, кој ќе се „офајди” најмногу!?
- Банкипред 1 month
Оглас за вработување во НЛБ Банка АД Скопје