Connect with us

Домашни банки

Голема наградна игра на НЛБ Банка: „Поинакво зимско доживување со Mastercard haPPy во Кицбул, Австрија“

Објавено

на

НЛБ Банка во периодот од 16.11.2019 до 30.12.2019 година организира наградна игра за сите корисници на НЛБ Mastercard haPPy кредитните картички во која еден среќен добитник ќе го однесе на ски-трките во Кицбул, а на 52 лица ќе им донесе велосипед или електричен тротинет.

Наградната игра се однесува на сите нови и постоечки корисници на НЛБ happy картичките кои во периодот до 30 декември ќе направат барем една безготовинска трансакција на износ од најмалку 500 МКД.

На среќните добитници, за времетраење на  наградната игра, секој ден, во периодот што следува, ќе им биде доделен по еден градски велосипед, а еднаш неделно, по еден електричен тротинет. Главното извлекување ќе биде на 31 декември, кога НЛБ Банка и Mastercard на најсреќниот добитник ќе му подарат единствено зимско доживување за двајца во еден од најпознатите скијачки центри Кицбул, Австрија. Патувањето ќе биде организирано во период од од 20 до 25 јануари 2020 година за времетраење на најпознатите ски-трки во Кицбул со ексклузивна можност за следење од ВИП ложата.

НЛБ haPPy картичката e кобрендирана револвинг кредитна картичка од програмата на Mastercard која на клиентите им нуди загарантиран поврат на средства (кешбек) со секое купување во земјата и странство. Износот на поврат на средства е во зависност од продажното место на кое е реализирана трансакцијата.

Домашни банки

Измени во Управниот одбор на ПроКредит Банка

Објавено

на

ПроКредит Банка преку соопштение на Македонска берза ја известува јавноста за измени во органите на управување односно Управниот одбор на Банката. (more…)

Продолжи со читање

Домашни банки

Комерцијална банка десетта година по ред ја продолжи соработката со Црвениот крст на Република С. Македонија

Објавено

на

Комерцијална банка АД Скопје и оваа година ја продолжи плодната соработка со Црвениот крст на Република Северна Македонија со цел заедничка имплементација на општествено корисни социјални програми за подобрување на квалитетот на животот на населението во заедниците. (more…)

Продолжи со читање

Домашни банки

НЕДЕЛА НА ИНОВАЦИИ: Халкбанк Смарткеш – подигнување пари од АТМ без картичка

Објавено

на

Луѓето често може да се најдат во непријатна ситуација кога го забораваат својот паричник дома, кога картичката им е истечена, изгубена или украдена, а имаат потреба од готовина од истите. (more…)

Продолжи со читање

Популарно