Connect with us
P2_P_MK_1600x400

Домашни банки

Голема изложба на детски цртежи на тема штедење и безбедност во сообраќајот во НЛБ Банка

Објавено

на

Денес, 30- ти октомври во НЛБ Банка свечено беше отворена изложбата на детски цртежи на тема штедење и безбедност во сообраќајот. Изложбата ја отворија Антонио Аргир -Претседател на Управниот одбор на Банката и македонската уметница Јана Манева-Чупоска.

Како поддржувач на уметноста и науката, НЛБ Банка, по повод НЛБ Месецот на штедење, традиционално, по седми пат, организира изложба на детски цртежи на тема штедење и безбедност во сообраќајот. Цртежите се собираа преку организирани забавно – едукативни посети на повеќе училишта и градинки во Македонија и во самите експозитури на Банката. Почетокот на активностите за собирање на цртежите беше означен со НЛБ Ден, на 25 септември, кој беше организиран во НЛБ Галеријата на Банката. Децата во период од 1 месец, односно до 25 октомври, имаа можност да донесат цртежи кои беа објавувани на посебната веб страна http://stedenje.nlb.mk на која се гласаше за најдобар цртеж.

Во текот на НЛБ Месецот на штедење беа собрани околу 1.800 цртежи. Цртежите беа разгледувани од комисија составена од ренoмираните македонски уметници: Јана Манева Чупоска, Сергеј Андреевски, Свето Манев и Анѓел Димовски –Чауш кои ги издвоија најдобрите цртежи. Покрај наградените цртежи од страна на стручната комисија, награди беа доделени и на цртежите кои освоија најголем број на гласови преку веб страницата на Банката. Најдобрите цртежи на отвoрањето на изложбата беа наградени со парична награда и пофалници, а притоа беа доделени и благодарници на сите училишта и градинки кои учествуваа во активностите за Месецот на штедење.

Оваа година акцијата има и хуманитарен карактер, односно Банката ќе донира по 200 мкд за секој пристигнат цртеж. Средствата ќе бидат донирани на Специјална Олимпијада Македонија кои НЛБ Банкат ги поддржува веќе неколку години, а собраните средства ќе бидат наменети за учество на Летните Специјални Олимписки игри во Абу Даби 2019-та годинa.

Изложбата ќе биде отворена до 25-ти ноември, секој работен ден од 08.00 до 20.00 часот.

Домашни банки

Одличен успех на спортистите од Синдикатот при Стопанска банка АД – Скопје на Бофосијада 2019

Објавено

на

Синдикатот при Стопанска банка АД – Скопје секоја година зема активно учество на банкарските игри во Македонија, а овојпат учествуваше и на меѓународните спортски игри во Србија под името #Бофосијада 2019. (more…)

Продолжи со читање

Домашни банки

Рекорден број на учесници на јубилејното петто издание на “ВозиПравоВозиЗдраво”

Објавено

на

Петтото јубилејно издание на #ВозиПравоВозиЗдраво во организација на Стопанска банка АД-Скопје помина со најголем број учесници, нов старт, повеќе подароци и вредна лотарија. (more…)

Продолжи со читање

Домашни банки

Второ место за Комерцијална банка на Банкарските спортски игри

Објавено

на

Комерцијална банка го освои второто место во генерален пласман на годинешните Банкарски спортски игри, со два бода заостанување зад првопласираниот. (more…)

Продолжи со читање
Unibanka_banner_300x250

Популарно

Copyright © 2018 bankarstvo.mk. All Rights Reserved. Developed by Digital Orange