Connect with us

Платежни картички

Голема донаторска акција на НЛБ Банка со Mаstercаrd картичките по повод 35 годишниот јубилеј

Објавено

на

НЛБ Банка во периодот од 15 октомври до 30 ноември, по повод својот 35-годишен јубилеj организира голема донаторска акција, во која активно учество ќе земат сите клиенти – корисници на НЛБ Mаstercаrd картичките.

Имено, за секоја реализирана трансакција со НЛБ Mastercard картичките за време на промотивниот период Банката ќе донира финансиски средства. По завршување на кампањата, НЛБ Банка заедно со своите клиенти ќе одлучи каде ќе се донираат собраните средства. За донацијата ќе бидат дадени предлози за кои јавноста ќе може да го даде своето мислење и да гласа, а средствата ќе бидат донирани за оној предлог кој ќе добие најголем број на гласови.

Дополнително, во рамките на кампањата, сите нови клиенти кои ќе аплицираат за НЛБ Mastercard кредитните картички (Mastercard Standard, Mastercard Light и Mastercard Gold) во промотивниот период ќе може да ги добијат без членарина, додека сите постоечките корисници кои ќе направат најмалку 10 трансакции во промотивниот период ќе добијат бесплатна членарина за следната година.

„Оваа година НЛБ Банка прославува 35 годишнина од своето основање, повод кој заслужува да го одбележиме заеднички со нашите клиенти. Со цел одбележување на јубилејот, решивме Банката да донира средства за секоја трансакција со НЛБ MasterCard кредитните картички и на крај заеднички да одлучиме каде е најнеопходно да ги донираме. Ве повикувам да ги користите НЛБ Mastercаrd картичките, да се приклучите кон донаторската акција и заедно да направиме добри дела за паметење!“, изјавија од Банката.

Повеќе информации во врска со оваа промотивна кампања и донација клиентите може да добијат на веб страницата на Банката www.nlb.mk, преку Контакт центарот на телефон 02 / 15 600 или во најблиската експозитура.

Платежни картички

VISA Бизнис – нова и единствена бесконтактна припејд картичка за правни лица од Силк Роуд Банка

Објавено

на

Силк Роуд Банка лансираше нов уникатен производ на пазарот. Станува збор за новата Visa Business бесконтактна припејд картичка за правни лица. Картичката е наменета за сите компании кои имаат трансакциска сметка во банката. (more…)

Продолжи со читање

Платежни картички

НЛБ Банка со промотивна кампања за Mastercard Business картичките за правни лица

Објавено

на

НЛБ Банка од 10 октомври, 2020 година започна промотивна кампања за Mastercard Business картичките за правни лица која ќе трае до 10 ноември 2020 година. (more…)

Продолжи со читање

Домашни банки

Силк Роуд Банка на корисниците на American Express Point дебитна картичка им овозможува подигнување на готовина без провизија на повеќе од 200 банкомати во земјава

Објавено

на

Силк Роуд Банка на своите корисници кои поседуваат American Express Point дебитна картичка им овозможува подигнување на средства без провизија на повеќе од 200 банкомати во земјава, заклучно до 31.12.2020 година. (more…)

Продолжи со читање

Популарно