Connect with us

Останато

Годишно собрание на АЕТМ, Нина Ангеловска реизбрана за претседател

Објавено

на

Асоцијацијата за е-трговија на Македонија (АЕТМ) во онлајн-формат одржа Годишно собрание на кое Нина Ангеловска е повторно избрана за нејзин претседател и воедно член на Управниот одбор. Во поздравниот говор Ангеловска истакна дека Асоцијацијата за е-трговија работи речиси пет години со заложби за забрзување на развојот на е-трговијата и трансформацијата кон дигитално општество.

„АЕТМ има многу силни страни кои ги црпи од довербата и поддршката од членството, приватниот сектор и донаторите до силна регионална мрежа и цврсти релации со сите засегнати страни и капацитетен тим кој презема акција за адресирање на пречките и бариерите кои стојат на патот. Агилноста, флексибилноста и способноста за постојано надградување се клучни за одговарање на предизвиците со кои се соочува е-трговијата. Македонската е-трговија расте со забрзана динамика по КОВИД-19, но темпото не е на задоволително ниво ако се споредиме со другите земји и ако го имаме предвид поширокиот контекст и неискористен потенцијал, бидејќи споредувањето сами со себе од претходната година не е доволно. Секогаш може повеќе и секогаш може подобро”, истакна Ангеловска.

Според одлуката за избор на органите на управување на АЕТМ, покрај Ангеловска, за членови на УО се избрани и Виктор Стојкоски, Филип Чижбановски, Снежана Станковиќ, Миле Бошков, Дамјан Дано и Бојан Тодоровски.

На Годишното собрание, како што информира АЕТМ, презентиран е и усвоен планот на активности за 2022 година, според кој дел се насочени кон реализација на две нови иницијативи – организација на првите награди за е-трговија во земјава и почеток на нова иницијатива: „Алијанса за родова еднаквост на работното место” со која АЕТМ ќе се стреми да придонесе кон еднакво вреднување на трудот, еднакви можности и еднаква застапеност на мажите и жените на работното место.

Асоцијацијата ќе ги реализира и двете тековни годишни иницијативи – организација на петтата Конференција за е-трговија и објава на најновата годишна анализа за е-трговија.

„Покрај ова, дел од активностите на АЕТМ се насочени и кон реализација на проектите започнати во 2021 година – иницијативата „Agri e-commerce” за зајакнување на дигиталните вештини на домашните агропроизводители и пласирање на нивните производи на дел од најпознатите веб-платформи за е-трговија и започнување со развој на регионална веб-платформа за е-трговија за пазарите кои се дел од ЦЕФТА”, соопшти АЕТМ.

Поздравни обраќања на Годишното собрание имаа и Вања Манова, регионална директорка на Мастеркард (Mastercard) за Бугарија, Северна Македонија, Албанија и Косово, и Вартан Сурмејан, проектен менаџер во Германското друштво за интернационална соработка (ГИЗ).

Останато

Синдикатот на Халкбанк АД Скопје со општествено одговорна акција за донирање

Објавено

на

Во организација на Синдикатот на Халкбанк АД Скопје, вработените донираа облека, храна и постелнини за социјално ранливи семејства. (more…)

Продолжи со читање

Останато

Економски факултет-Скопје свечено ги промовираше дипломираните студенти за академската 2022/2023 година

Објавено

на

Во Аулата на Економски факултет-Скопје се одржа свечената церемонија на која беа промовирани дипломираните студенти на прв циклус на студии за академската 2022/2023 година.

(more…)

Продолжи со читање

Останато

Реизбран Управниот одбор на КаСис АД

Објавено

на

Надзорниот Одбор на единствениот македонски процесор од областа на картичното работење, електронска трговија и сертифицирано биро за персонализација на картички КаСис АД повторно му ја даде довербата на актуелниот Управен одбор. г-ѓа Филомена Пљаковска – Аспровска, претседател и Главен извршен директор, г-ѓа Лидија Вучидолова – Богоевска, член и извршен директор и г-дин Дамјан Андоновски, член и извршен директор во наредните четири години ќе бидат на чело на компанијата која бележи континуиран раст во земјата и сигурно се пробива на пазарите во регионот.  (more…)

Продолжи со читање

Популарно