НБРМ
Годишна награда за млад истражувач на Народната банка: Краен рок за пријавување труд е 1 февруари

Крајниот рок за доставување на трудовите за Конкурсот за Годишната награда за најдобар труд од областа на макроекономијата и банкарството за 2023 година е 1 февруари 2023 година. Сите заинтересирани млади истражувачи можат да поднесат свој труд, согласно условите и критериумите на јавниот повик објавен во јули минатата година.
Право на учество имаат сите државјани на земјава на возраст до 35 години, кои не се вработени во Народната банка и не се членови на Советот. Авторите имаат право да конкурираат на Конкурсот за избор на најдобар труд и со труд што веќе бил објавен, но не пред 1 јануари 2021 година. Трудовите се поднесуваат до Народната банка по електронски пат на е-адресата: konkurs@nbrm.mk. Доставените трудови и информации ќе имаат третман на материјали со доверлив карактер.
Годишната награда на Народната банка за прворангираниот труд изнесува 100.000,00 денари. Но, доколку Одборот за оценување процени дека второрангираниот труд е исто така со квалитет близок до прворангираниот, Народната банка може да додели и втора награда, во износ од 50.000,00 денари. По оцена на Одборот, може да биде доделена и само втора награда или воопшто да не биде доделена Годишната награда, доколку се утврди дека ниеден од трудовите не ги исполнува потребните услови.
Народната банка постојано ја поттикнува научно-истражувачката мисла во областа на макроекономијата и банкарството. Покрај Клубот на истражувачите, каде што истражувачите имаат можност да ги презентираат своите трудови, Годишната награда за млади истражувачи е дополнителна алатка на Народната банка за мотивирање на младата популација за унапредување и развој на истражувачката и аналитичката работа во областа на економијата.
НБРМ
Вицегувернерката Нацевска: Со новиот Закон за платежни услуги се зајакнува заштитата на правата на потрошувачите

„Со новиот Закон за платежни услуги и платни системи, чија примена започна од почетокот на годината, се зголемува заштитата на правата на корисниците на платежни услуги. Давателите на платежни услуги се обврзуваат да ги уредат правата и обврските на потрошувачите со рамковен договор во стандардизирана форма, пред чие склучување се должни да им достават информативен документ за надоместоците, како и најмалку еднаш годишно да им доставуваат извештај за наплатените надоместоци. Давателите ќе имаат и обврска на редовна основа да доставуваат до Народната банка податоци за висината на надоместоците за најрепрезентативните услуги поврзани со платежната сметка, коишто на граѓаните ќе им бидат достапни на споредбена основа преку интернет-страницата на Народната банка. Се предвидува и дополнителна заштита во делот на неавторизирани трансакции“, посочува вицегувернерката Емилија Нацевска, во интервју за МИА. (more…)
НБРМ
Потреба од ажурирање на податоците на граѓаните во банкарскиот сектор

Комерцијалните банки, согласно постојната законска регулатива од Законот за спречување перење пари и финансирање на тероризам, Законот за заштита на лични податоци, како и подзаконската регулатива, треба редовно да ги ажурираат личните податоци на клиентите. Во современи услови на сѐ позачестено користење на услугите на електронско и мобилно банкарство, согласно законските одредби за заштита на личните податоци и безбедноста на плаќањата, неопходно е банките да одржуваат редовна комуникација со клиентите, заради безбедно извршување на услугите и заштита на корисниците на финансиски производи и услуги. (more…)
НБРМ
Ангеловска-Бежоска ‒ Агелер: Расте поддршката на банкарскиот сектор за инвестиции во обновливи извори на енергија

Најновите податоци за кредитната активност на банкарскиот систем укажуваат на солидна кредитна поддршка на корпоративниот сектор (11,5% во декември), при солиден раст на кредитите за инвестиции во обновливи извори на енергија. (more…)
- Анализипред 5 days
ТЕШКА ГОДИНА – РЕКОРДНИ ПРОФИТИ: Трите најголеми македонски банки со добивка од 117 милиони евра во 2022 година
- Банкипред 1 month
Оглас за вработување во НЛБ Банка АД Скопје
- Депозитипред 1 month
Халкбанк АД Скопје ги зголеми каматните стапки за физички лица на сите депозитни производи
- Банкипред 3 weeks
Оглас за вработување во УНИБанка АД Скопје
- Банкипред 3 weeks
Оглас за вработување во ТТК Банка АД Скопје
- Интервјуапред 2 weeks
Очекувања 2023 година | МИЛКА ТОДОРОВА, УНИБанка АД СКОПЈЕ
- Банкипред 3 weeks
Оглас за вработување во Стопанска банка АД – Скопје
- Банкипред 4 weeks
Оглас за вработување во Силк Роуд Банка АД Скопје