Connect with us

Останато

Годишната стапка на инфлација во Белгија 11,27 проценти, највисоко ниво во последните 50 години

Објавено

на

Годишната стапка на инфлација во Белгија се искачи на 11,27 проценти во септември, што е највисоко ниво во последните 50 години, покажуваат официјалните податоци.

Оваа бројка, која во претходниот месец изнесуваше 9,94 проценти, е највисока за Белгија од август 1975 година, објави белгискиот завод за статистика „Статбел”. Главната причина за брзиот раст на инфлацијата во последните месеци беа високите цени на енергијата.

„Енергијата во моментов има стапка на инфлација од 60,54% и учествува со 5,39 процентни поени од вкупната инфлација”, се вели во соопштението. Цените на храната, исто така, се зголемија во изминатите месеци, соопшти „Статбел”.

„Инфлацијата на прехранбените производи (вклучувајќи ги и алкохолните пијалоци) овој месец изнесува 10,40 проценти, а придонесот на прехранбените производи во инфлацијата во моментов е 2,03 процентни поени”, се додава во соопштението.

Стапката на инфлација во Германија се искачи на 10 отсто во септември, достигнувајќи ново највисоко ниво откако заводот за статистика располага со споредливи податоци, поттикнати од забрзаниот раст на цените на енергијата и храната. Во август стапката на инфлација изнесуваше 7,9 проценти.

Проценката за септември го покажува најсилниот раст на цените од 1996 година.

Агенцијата „ДПА” истакнува дека некои сојузни држави не забележале толку висока стапка на инфлација од 1950-те.

Цените на енергијата во септември биле за 43,9% повисоки во однос на истиот месец лани, покажуваат пресметките на „Дестатис”. Во август се зголемени за 35,6 проценти. Забрзан е и растот на цените на храната, на 18,7 отсто, од августовските 16,6 отсто.

Останато

Невработеноста во еврозоната на рекордно ниско ниво од 6,5 проценти

Објавено

на

Невработеноста во еврозоната падна на рекордно ниско ниво од 6,5 проценти во октомври, покажуваат бројките што ги објави „Евростат“, статистичката агенција на ЕУ. (more…)

Продолжи со читање

Останато

Просечната плата во октомври во Црна Гора изнесувала 720 евра

Објавено

на

Просечната плата без даноци и придонеси во Црна Гора во октомври, според податоците на Управата за статистика (Монстат), изнесувала 720 евра и е за 0,3 проценти повисока од септември. (more…)

Продолжи со читање

Останато

ЛЕСНО Е КОГА ИМАШ ИЗОБИЛСТВО НА ЗЛАТО – Гана набавката на нафта ќе ја плаќа во злато наместо во долари

Објавено

на

Владата на Гана работи на план да купува нафта со плаќање во злато наместо со долари, објави на Фејсбук, потпретседателот на државата Махамуду Бавумиа. (more…)

Продолжи со читање

Популарно